Скопска Црна Гора - македонската Света Гора

Example User · 3 years ago

    1 minute, 1 second


Скопска Црна Гора - македонската Света Гора

Image may contain: tree, sky, outdoor and nature"

3.angeli.so.truba

За црквата Свети Никола во Љуботен, македонскиот револуционер Ѓорче Петров во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, запишал дека надвор од селото на видно место има стара, но убава црква која се гледа дури и од Скопје, која според натписот над нејзината врата таа била изградена од царот Стефан Душан.
Авторот на овој фрескопис до ден денес останал непознат, но се смета дека потекнува од охридската школа. Стилските особености на неговата сликарска техника говорат за еден мошне талентиран зограф чии цртежи отскокнуваат од вообичаената иконографска концепција. Тие се ослободени од груби анатомски неточности, а во сликањето на фреските се забележува еден суптилен, пореалистичен пристап надополнет со богатиот колорит во кој доминира употребата на топлите тонови. Ова е евидентно во долната партија на северниот ѕид каде покрај светителите во цел раст, се предадени портрети на световни фигури-членови на царското семејство: царица Елена, цар Душан и нивниот син Урош. Од композициите покарактеристична е онаа со сцените од Свадбата во Кана Галилејска. Во периодот од 2006 до 2017 година, фрескоживописот во црквата бил реставриран и конзервиран.


Се работи за црква од 14. Век со  исклучително богат фрескоживопис."


Територијата на  Скопска Црна Гора е предел од Македонија кој  е богат со над 50 цркви и манастири.

 3.angeli.so.truba

Избор од фб профил на

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/manastiri-i-crkvi/23839-skopska-crna-gora-makedonskata-sveta-gora

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Ретроспектива (2005-2020): Старец Клеопа - Пет начини на причест

    ПЕТ НАЧИНИ НА ПРИЧЕСТ Во Христовата Црква можеме да се причестуваме на пет начини:Прво и најважно е причестувањето со Телото и Крвта Господови. Втор начин на причест, според Василиј Велики, е духовното причестување преку умно-срдечна молитва. Може да доаѓаш во Црква, па дури иако имаш...

Image Description
3 years ago

Старец Клеопа: Мајка и царица на сите добри дела

Молитвата е мајка и царица на сите добри дела. Но како таа е мајка на сите добри дела кога големиот апостол Павле вели: „А сега остануваат верата, надежта и љубовта, но љубовта е најголемата од нив“?Значи ова покажува дека молитвата не е најголемото добро дело, туку љубовта. Но сепак, зошто светите...

Image Description
3 years ago

Таа доживеала такво покајание…

Божествениот Златоуст, големиот проповедник на покајанието, по св. Јован Лествичник и св. Јован Крстител, и утешител на грешниците, се воодушевува и се чуди како Бог веднаш го прави праведен грешникот кој ги исповедува своите гревови и кој донесува одлука повеќе да не ги прави. Божествениот Златоуст...