Старец Клеопа: Мајка и царица на сите добри дела

Example User · 3 years ago

    1 minute, 36 seconds


Молитвата е мајка и царица на сите добри дела. Но како таа е мајка на сите добри дела кога големиот апостол Павле вели: „А сега остануваат верата, надежта и љубовта, но љубовта е најголемата од нив“?

Значи ова покажува дека молитвата не е најголемото добро дело, туку љубовта. Но сепак, зошто светите Отци рекле дека молитвата е мајка на сите добри дела? Затоа што таа ја донесува љубовта во нашата душа. Љубовта кон Бог и љубовта кон ближните не доаѓа во нашата душа преку друг пат, туку само благодарение на молитвата! Ви велам: ако некого си налутил или некој тебе те налутил, и почнеш да го спомнуваш во молитвата, одеднаш ќе видиш дека исчезнува омразата помеѓу вас. Со молитвата се пресекува раздорот и со неа ја придобиваш личноста и ја приведуваш кон помирување и соединување. Затоа св. Максим вели: „Кога ќе видиш некој што те мрази, или ти нанесува навреда, било со право, или без, почни да го спомнуваш во молитвите“. Но да не го спомнуваш за да го снајде некое зло, бидејќи тогаш тоа ќе те снајде тебе. Речи вака: „Господи Исусе Христе, помилуј ме мене грешниот и мојот брат (името), затоа што поради моите гревови ми се налути. Зашто мојот брат е моето огледало и тој ги гледа моите лоши дела“.

Така вели и св. Јован Лествичник: „Немој да го обвиниш братот, кога се молиш за него, или да бараш казна за него“, како што некои ги ставаат во поменикот како непријатели. Тоа не е дозволено! Дури и ако некои ги означите како непријатели, знаете ли како Црквата се моли за нив? Црквата се моли за непријателите тие да се вразумат, да им се простат гревовите, да бидат приведени кон познание на вистината, да станат кротки и да му се вратат на доброто.

Така се моли Црквата. Таа никогаш и никому не му посакува да направи зло. Затоа што Бог сака сите луѓе да се спасат (1 Тим. 2, 4)... А кога ние имаме каква и да било незгодна ситуација, ни се чини дека тој и тој нѐ мрази. Но Црквата не! Таа не прави разлика. Таа се моли подеднакво за сите, за да бидат добри.

Затоа, зборувајќи ви за светата молитва, реков дека таа се нарекува мајка на сите добри дела, затоа што таа го доведува во нашата душа најголемото добро дело: љубовта кон Бог и љубовта кон ближниот.

Старец Клеопа

 Извор од ФБ профилот на : Ивица  Трајковиќ

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/duhoven-azbuchnik/21138-p

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Маловерие

Тој грев е најраспространет; понекогаш маловерието преминува во потполно безверие, иако честопати човекот кој страда од него продолжува да оди на богослужби, оди на исповед. Во таква состојба маловерниот не го отфрла свесно постоењето Божјо, но се сомнева во Неговата семож...

Image Description
3 years ago

За православното богослужение

Јазикот кој Црквата го употребува во богослужението е јазикот на Светото писмо, на Библијата. За да ја разбереме Литургијата и другите црковни богослуженија, потребно е добро да ја познаваме Библијата. Затоа што богослужението, освен библиските четива, во себе содржи многу голема библиска симболика...

Image Description
3 years ago

ДА ГИ ИСПОВЕДАМЕ СВОИТЕ ГРЕВОВИ

  Не ни е доволно да си ги знаеме сопствените гревови и да ги мразиме. Треба и да ги исповедаме нив пред Бога и луѓето. Треба да ги признаеме пред небото и земјата. Да ги изложиме пред целото создание, за да ги оттргнеме нив од нашите таинствени срца. Исповедта е дел од духовниот живот. Всушно...