Таа доживеала такво покајание…

Example Admin User · 3 years ago

    3 minutes, 9 seconds


Божествениот Златоуст, големиот проповедник на покајанието, по св. Јован Лествичник и св. Јован Крстител, и утешител на грешниците, се воодушевува и се чуди како Бог веднаш го прави праведен грешникот кој ги исповедува своите гревови и кој донесува одлука повеќе да не ги прави. Божествениот Златоуст воскликнува:

„О, какво изобилие на човекољубието Божјо!

О, Какво излевање на добрината Божја! Штом грешникот ги исповеда своите гревови и ја покаже својата надеж во Бога, Бог во истиот миг го претвора во праведник!”

Бог моментно го преобразува грешникот во праведник, истиот оној миг кога тој вистински ќе се покае.

Ќе ви раскажам за едно чудо за кое се сеќавам: тоа се случи co една грешна жена, и тоа токму на Велика Среда, на денот кога Христос и’ прости на жената фатена во прељуба.

Жената која многу години грешела, токму како и онаа прељубница од Евангелието, еден ден станала свесна за својот грев.

Била многу богата, но наместо да се користи co своето богатство за свое духовно добро, односно да им помага на сиромашните и за тоа да прими награда на Небесата, таа сето свое богатство го потрошила на погубни уживања, забава, игри, театри и ниски телесни похоти.

Еден ден, слушајќи една проповед и прочитувајќи ја книгата која и’ ја дал некој христољубив познаник, таа станала свесна за својот грев и се покајала.

Но, таа не се покајала онака како што повеќето од нас се каат, зашто ние во еден миг се каеме, а веќе во идниот повторно го правиме истиот грев.

Таа се покајала co сето свое срце и co сета своја сила и веднаш заминала кај еден духовник игумен, и му ги исповедала своите гревови co големо покајание.

Таа доживеала такво покајание, што сета треперела од покајничките воздишки, сето време плачејќи и леејќи изобилно солзи.

Кога духовникот го видел нејзиното покајание, ja охрабрил и и’ рекол да не се плаши, да не се жалости и да не очајува, зашто Бог и’ ги простил нејзините гревови.

Во моментот кога и’ била прочитана разрешителната молитва, таа почувствувала големо духовно олеснување од своето гревовно бреме.

Таа потоа побарала благослов од својот духовник и заминала дома. Враќајќи се од манастирот, по некое време здогледала колиба и по раководителското просветлување и Промисла Божја, влегла во таа колиба. Таму затекнала еден лепрозен монах и многу се сожалила над него.

Го прашала:

„Што правиш ти овде?” – Toj и’ одговорил:

„He можам да влезам ниту во еден манастир, зашто монасите би можеле да се заразат од мене, бидејќи мојата болест е заразна (во тоа време уште се мислело за лепрата дека се пренесува co допир).

Таа веќе тргнала да си оди, кога си рекла во себеси:

„Бог го казнува светиот човек co лепра, додека на мене, блудницата, нечистата и осквернета жена ми дал добро? Господи, дај ми ја и мене оваа казна и оваа болест!”

Потоа го прашала лепрозниот:

„Можам ли да те одведам во својата куќа и да ти помогнам?’

Лепрозниот и’ одговорил:

„Ако ми го направиш тоа добро, ќе се молам Бог да ти ги подари рајските населби, да влезеш во Царството Небесно.

Ти благодарам и те молам да ми го направиш тоа душекорисно дело, зашто страшно страдам: како што гледаш – сите ме напуштија и никој не сака да ми помогне”.

Потоа таа заминала да пронајде кола co која би го однела до својот дом. Кога го донела дома, го избањала и му ја испрала облеката, а потоа го ставила во чиста соба, каде што некое време сама го чувала и негувала.

Бидејќи слушнала дека на Велика Среда се чита Евангелието, во кое се грвори за чудото што се случило co прељубницата, заминала на Велика Среда во црква и отгаму донела дома осветен елеј. Потоа дошла до лепрозниот монах и го прашала:

„Што уште можам да направам за тебе?”

Тој и’ одговорил:

Што повеќе можеш да направиш, а веќе тоа да не си го направила?”

Тогаш таа го отвори шишенцето co осветен елеј и почна co него да ги помазува неговите лепрозни нозе и да ги трие co својата коса, пролевајќи сето време горки солзи на покајание.

Кога Бог го виде нејзиното покајание, нејзината куќа куќа на бивша блудница – ја потресе силен земјотрес и се слушна невидлив глас, кој рече:

“Поради твоето големо смирение и твоето големо покајание, простени ти се сите твои гревови!”

Собата заблеска co светлина и тој момент лепрозниот монах чудесно оздраве и на неговото тело повеќе немало ниту трага од лошата болест!

Пренесено од книгата “Господи, очисти ги моите гревови” Практичен прирачник за Светата Тајна Покајание и Исповед, Лесново, 2013

Подготви Мина Даниловска

Source: https://pokajanie.mk/2021/01/23/30522/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

ВИТЛЕЕМ – ГРАТЧЕТО КАДЕ ШТО СЕ РОДИ ХРИСТОС

  ВИТЛЕЕМ – ГРАТЧЕТО КАДЕ ШТО СЕ РОДИ ХРИСТОС Витлеем (дом на лебот) (1. Мој. 35:19, Михеј 5: 1, Мат. 2: 1, Рут 1: 2) се нарекува и Витлеем на Ефрат. „2. И ти, Витлееме Ефратов, иако си најмал меѓу илјадниците Јудејци, од тебе ќе излезе Оној, Кој треба да владее во Израилот и чие потекло е...

Image Description
2 years ago

Ретроспектива (2005-2020): протојереј Александар Шмеман

  1. Православната Црква од Исток сe донеодамна на Запад беше сметана за немисионерска Црква. Обично преовладуваше мислењето дека тоа големо мисионерско движење, кое толку длабоко го обележи христијанскиот Запад во последните неколку векови, некако го заобиколило “статичното” Христијанство од...

Image Description
3 years ago

Архимандрит Андреј Конанос: Вoздвижение на Чесниот Крст Господен – V дел

 Кога ќе стигнеш до тоа да кажеш дека другите страдаат повеќе од тебе, тоа значи дека си напреднал, дека си созреал, дека си се утврдил ,дека болката успеала да ти ја предаде својата лекција, да те научи на љубовта, да те научи на големината на твојата душа, да те научи да проштеваш на сите, да...