Ава Антониј: Зошто велиме дека Бог се радува на добрите, а се одвратува од лошите?

Example User · 3 years ago

    1 minute, 12 seconds


orthodoxer-moench_resized

Бог е добар, бестрастен и непроменлив. Ако некој мисли дека е разумно и вистинито да се потврди дека Бог не се менува, тогаш можеме да прашаме, зошто во таков случај е можно да се говори за Бога дека Он се радува над оние што се добри и милостив кон оние што Го почитуваат, а се одвратува од лошите и се гневи на грешниците? На ваквите треба да им се одговори, дека Бог ниту се радува, ниту се гневи, зашто радоста и навредата претставуваат страсти; ниту Он добива нешто од оние што Го почитуваат, бидејќи тоа би значело дека Он е смилостивен и подмитен со задоволства.

Не е точно дека Божеството чувствува задоволство или незадоволство заради човечките дела. Он е добар, Он дарува само благослови и никогаш не нанесува штета, останувајќи секогаш ист. Од друга страна, ние сме луѓе доколку останеме добри преку уподобување Нему, соединети со Него, но ако станеме лоши преку несличност на Бога, тогаш сме одвоени од Него. Живеејќи во светост, ние се спријателуваме со Бога; станувајќи порочни, Го правиме Него наш непријател.

Не затоа што Он се разгневува на нас како судија, туку нашите гревови се тие што Го спречуваат Бога да светли внатре во нас и нè изложуваат на демоните што нè мачат. И ако преку молитва и дела на милосрдие ние здобиваме прошка на нашите гревови, тоа не значи дека сме го придобиле Бога и сме Го натерале да се промени, туку ние преку нашите дела и нашето свртување кон Божеството сме се исцелиле од нашата порочност и повторно уживаме во добротата Божја.

Според тоа, да се каже дека Бог се одвратува од порочните е исто како и да се рече дека сонцето се крие од слепите.

свети Антониј Велики

Г.Г.

Source: http://mistagogia.mk/ava-antonij-zosto-velime-deka-bog-se-raduva-na-dobrite-a-se-odvratuva-od-losite/

Related Posts

Image Description
3 years ago

За Божјиот печат и знакот на ѕверот

Монах Пимен Влад, од романскиот скит Лаку Кога ќе дојде антихристот и ќе посака да ти стави печат, тој нема да посака просто да ти стави еден печат, за да можеш да продаваш и да купуваш, туку ќе посака да го заземе местото на Христос во твојот живот, за да биде тој на мест...

Image Description
3 years ago

Митрополит Атанасиј Лимасолски: За совеста – I дел

    Имајте чиста совест, та со тоа што ве напаѓаат како злосторници, да се посрамат тие што ве кудат поради вашиот добар живот во Христос.    (1 Петар 3,16)Отците на Црквата расудиле дека совеста е многу важна за човекот. Тие дури тврдат дека само совеста е во состојба...

Image Description
3 years ago

За православното богослужение

Јазикот кој Црквата го употребува во богослужението е јазикот на Светото писмо, на Библијата. За да ја разбереме Литургијата и другите црковни богослуженија, потребно е добро да ја познаваме Библијата. Затоа што богослужението, освен библиските четива, во себе содржи многу голема библиска симболика...