За православното богослужение

Example User · 3 years ago

    1 minute, 50 seconds


small-entrance

Јазикот кој Црквата го употребува во богослужението е јазикот на Светото писмо, на Библијата. За да ја разбереме Литургијата и другите црковни богослуженија, потребно е добро да ја познаваме Библијата. Затоа што богослужението, освен библиските четива, во себе содржи многу голема библиска симболика: директни стихови (прокимени), споредувања, мотиви, напомнувања, цел еден систем на изрази, символи, слики, земени од Библијата. Тоа е така, затоа што христијанското богослужение за своја основа го имало еврејското, кое се основало на библиското творештво. Потоа, христијанските химнографи своето творештво го црпеле од содржините на Библијата. Во таа смисла, клуч за разбирање на православното богослужение е токму Светото писмо. На пример, кога Богородица ќе се спореди со „капината што гори, а не согорува“, или со еврејскиот Храм, Светињата на светињите, ковчегот на Заветот итн., сево ова бара не само површно познавање на библиската содржина, туку и на нејзиното богословско и символичко значење.

Многу молитви се земени од самата Библија: песната на Богородица „Мојата душа Го велича Господа…“ (Лк 2), „Сега го отпушташ со мир, Владико“ (молитвата што Симеон Богопримец ја кажал кога Го зел малиот Исус). Освен тоа, книгата на псалмите, којашто првично и настанала како богослужбена книга во старозаветниот период, постојано се употребува во христијанската Црква.

Некои зборови:

Амин – така нека биде. Свечена потврда и израз на согласност и прифаќање. Секоја молитва народот ја запечатува со Амин.

Алилуја во слободен превод би било: Бог е овде, славете Го! Овој збор во себе ја открива самата суштина на богослужението, коешто претставува опит на Божественото.

Господи помилуј (грч. Кирие елеисон) има повозвишено значење, отколку Господи прости. Елеисон се поврзува со грчкиот збор елио – масло, кое во древноста, а и сега, се употребувало како лек. Така што, Кирие елеисон попрво би значело Господи исцели.

Премудрост е литургиски извик кој обично најавува значаен момент од богослужбата (на пример, пред читање на Светото писмо).

Мир на сите… И на твојот дух е краток дијалог меѓу свештеникот и собранието и претходи на важни моменти (пред Евангелие, Евхаристискиот канон, Причестувањето). Сè што примаме во Црквата ни е овозможено поради мирот што Христос го воспоставил меѓу Бога и човекот. Он е нашиот мир – вели апостолот за Христос. А Христос вели: мирот Свој ви го давам, но не како што светот го дава, туку вашето срце да не се плаши (сп. Во мир да се помолиме на Господа)…

(продолжува)

Source: http://mistagogia.mk/za-pravoslavnoto-bogosluzenie-1/

Related Posts

Image Description
3 years ago

Митрополит Атанасиј Лимасолски:Бракот е љубов, а не диктатура – (V дел)

 Нема да заборавам никогаш – трагичен е примерот што ќе ви го кажам, тажно е, не сакам да го кажувам, но еден човек се самоуби затоа што девојката којашто ја љубеше го измами. Тој ѝ остави писмо, кое девојката не го покажа на никого. Ми го донесе мене и јас го прочитав. Толку многу се нажалив,...

Image Description
3 years ago

Старец Клеопа: Мајка и царица на сите добри дела

Молитвата е мајка и царица на сите добри дела. Но како таа е мајка на сите добри дела кога големиот апостол Павле вели: „А сега остануваат верата, надежта и љубовта, но љубовта е најголемата од нив“?Значи ова покажува дека молитвата не е најголемото добро дело, туку љубовта. Но сепак, зошто светите...

Image Description
3 years ago

Отец Спиридон Василакос: Да трчаме за да Го сретнеме Христа I

  Ајде да се задлабочиме во една слика од Новиот Завет. Таму гледаме една жена, крвоточива, која била осудена и од религиозната средина во нејзината епоха, но и од медицинската наука. Таа брза да го сретне Христа, буквално паѓа зад Христос, започнува да ползи меѓу луѓето и се обидува да се доп...