Митрополит Атанасиј Лимасолски: За совеста – I дел

Example User · 3 years ago

    2 minutes, 44 seconds


3.angeli.so.truba

    Имајте чиста совест, та со тоа што ве напаѓаат како злосторници, да се посрамат тие што ве кудат поради вашиот добар живот во Христос.
    (1 Петар 3,16)

Отците на Црквата расудиле дека совеста е многу важна за човекот. Тие дури тврдат дека само совеста е во состојба да го доведе човекот до определена мера на богопознание. Авва Марко вели: „Ако сакаш да се исцелиш, погрижи се за твојата совест“. Тоа е и одговорот на прашањето што ќе стане со сите оние луѓе кои никогаш не чуле за Бога, за Црквата, за Христос, не го читале Евангелието. Има милиони луѓе кои не чуле ништо, како тие ќе бидат судени од Бога? Каков ќе биде нивниот пат и врска со Бога? Совеста е нешто исклучително важно. Таа е основен елемент на нашиот душевен свет, на нашето постоење. Таа е оној глас во нас кој го разграничува доброто од злото, изобличувајќи го злото и пофалувајќи го доброто. Совеста е вложена во нашата природа од Бога. Во мигот на нашето создавање, како одреден критериум којшто секогаш нѐ насочува. И покрај целата тежина на гревопадот, со кој била разрушена убавината на Божјиот образ, совеста останала во многу добра состојба, но не и апсолутно здрава. Таа го има следното својство: кога човек ја слуша, тогаш се истенчува, тоа е налик на клинец – кога ја слушаш совеста, исто како да земаш пила и го остриш клинецот. Така совеста станува изострена и секогаш суди подобро, односно многу подобро ги разграничува работите. Понекогаш правиме груби нешта и не го сфаќаме тоа, бидејќи совеста не нѐ разобличува. Ако постепено започнеме да го слушаме тоа што ни го кажува и внимаваме да не ги пристапиме нејзините укази, тогаш тоа послушание кон неа ја изострува и таа сѐ повеќе почнува да ги чувствува работите. Преку совеста, човек може да стигне, според тврдењето на отците, до духовно здравје, па дури и врска со Бога без притоа да го познава Евангелието на дело. После падот, човекот паднал од нивото на својата човечка состојба и веќе сите ние се наоѓаме во противприродна состојба. Затоа доаѓа совеста и ни покажува што треба да правиме, односно сето она што Бог ни го кажал во Светото Писмо како заповед. Всушност, правилно би било воопшто да немаме заповеди, затоа што тие се наоѓаат во нашата природа. Не е потребно Бог да ни вели да не крадеме, да не лажеме, да не ги оправдуваме другите, да ги почитуваме родителите, да сме луѓе, на тоа не учи нашата сопствена природа. Сите ние ги имаме тие нешта во нас, кои Бог ги објавил како заповеди, за да ни помогне преку Својот закон. Кога човек ќе почне да ги пази и тоа прво почнувајќи со погрубите, дури и да е надвор од Црквата, и неук по прашање на Евангелието, тој започнува да прави онака како што му налага совеста. И во џунглата да е, и човекојадец да е, малку по малку, ќе стигне до некаква мерка на врска со Бога – преку Божјата промисла што Господ ја има за секој човек без исклучок.

Совеста нѐ води до природната, предгревовна состојба, не до обожението, кое е прашање на врска со Христа во Црквата, туку до состојбата на Адам, кој, иако имал реална врска со Бога, природно не бил на тој степен на познание што го имаме ние после Боговоплотувањето.

Ако ја престапуваме совеста, тогаш стигнуваме до спротивниот резултат, и наместо да се изостри, таа најпосле отапува. Исто како да земеш чекан и со него го удираш клинецот, тој на крај ќе отапи, така и совеста. Ништо нема да може да направи, нема да може да ги разграничува работите, или пак, нејзиното разграничување ќе биде многу грубо. Првиот пат, совеста веднаш те разобличила, на вториот малку помалку, веќе од третиот е многу малку, и најпосле стигнуваш до таму воопшто да не те изобличува, таа заспива, се умртвува и не знаеме што ќе се случи на крај.

(Продолжува…)

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/za-sovesta-part-1/?fbclid=IwAR1sLZplSbzwK_Cj3JCrk0NnYbExx3YhWdWJ4DFFpskMhY7sPGu6ur44y2E

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/odgovori-na-sovremeni-problemi/23687-i-2

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

„Нема случајни луѓе во мојот живот...“

Ако сум православна личност, мора да разберам дека нема случајни луѓе во мојот живот.  Секоја личност што ми ја испраќа Бог е личност што ми треба, дури и ако  таа личност е нервозна, лута,  или злобна  мојата реакција кон таа личност покажува дека јас не се разликувам многу од н...

Image Description
2 years ago

Исповед на еден прогонител на Христијаните на смртна постела

Исповед на еден прогонител на Христијаните на смртна постелаОд митрополит Нектариј од Арголида…Дозволете ми да завршам со инцидент кој ми беше раскажан во Одеса пред неколку години, кој е исто така објавен во книгата „Во вителот на светот што се менува– новите маченици од Бердјанск“:Одеса 2002. Оф...

Image Description
3 years ago

Иконата и нејзината смисла

- Иконата како сведоштво за фактот на Боговоплотувањето Не прави за себе идол, ниту некаква слика на она, што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјата; немој да им се поклонуваш, ниту да им служиш, бидејќи Јас Сум Господ, Бог твој (2Мојс 20,4-5). Овој стих, кој ја преда...