Таа жена го исполнувала во живот Евангелието…

Example Admin User · 3 years ago

    2 minutes, 13 seconds


Прашав една жена:
-Што правиш во животот, се бориш ли, се радуваш ли на својот живот?

Таа рече:
-Јас, баќушка, не правам ништо.

Зошто?
-Не се подвизувам како вие.

-Т.е. што правиш?
-Па, не правам ништо. Имам пет деца, ги пораснав но, не се подвизувам како вас. Ги носев на школо, седев ноќум кога беа болни, ги хранев наутро, ги изучив школи… Имено, такви некои мали дела, не правам големи дела.

Има луѓе, кои во секојдневниот живот, иако сами не го сфаќаат тоа, прават големи работи, кои имаат цел и смисла.

Таа жена го исполнувала во живот Евангелието и она, што го учат светоотечките книги, иако сама не го знаеше тоа.

На пример, некогаш таа се разбудила и мажот и почнал да ѝ приговара, но, таа пројавила трпение. И што таа правела во тој час?

Таа на дело ја исполнувала светоотечката книга, посветена на трпението, долготрепението, незлопаметењето.

Меѓу вас има луѓе, кои иако сами не го знаат тоа, преживуваат исклучителни работи од областа на верата. Тие не чувствуваат дека тоа, со што живеат е Божествено но, тоа дејствително е такво.

Бог-се наоѓа во твојата кујна, во собата, во она, што го правиш, доволно е да мислиш на Бога, во она што го правиш. Не треба да се остави сè и да се прави нешто друго.

На пример, да се обидеш да го дофатиш недофатливото и да речеш:

«Одев на бденија, на поклоненија, на Света Гора.» И на ова што го правиш, можеш да му придадеш смисла и цел и да го вложиш Бога во тоа.

Јас и реков на жената:
-Ти толку пати си седела ноќум, зарем тоа не е големо нешто!

Во школото кај што предавам, има една мајка, кај која заедно со мажот има, што мислите, коклу деца? 18!!! Поразително. Сите така реагираат, кога зборувам за тоа, сите се запрепастуваат.

Еднаш таа дојде на училиште да ја земе контролната на своето дете, која ја оценив со една петка. Затоа што, си велев себе си, каква оценка да му ставам на ова дете?

Кај може кутриот таму да чита, ако воопшто успее да јаде-додека таа ставила на последниот, јадењето на првиот остинало. Јас нему му ставав само петки и му реков:

«Не плаши се!» Тој беше добро дете.

И така, неговата мајка дојде, и јас бев во собата кај што ги проверував контролните. Ја повикав да влезе, ја затворив вратата и таа ја целиваше мојата рака. Јас ја земав незината рака и реков:
-Дајте ми ја малку вашата рака!
Таа не знаеше, што сакам, всушност ниту си претпоставуваше.Тогаш јас и ја целивав раката. Таа тука веднаш ја оттргна раката и рече:

-Баќушка, што вие правите? Вие сте свештеник!

Јас сум свештеник, добро де, а ти која си? Која си ти?

18 раѓања, 18 години-најмалку 18 години-да се стои ноќум покрај секое дете, затоа што првата година е тешка, и само првата, туку и втората а исто и третата и сите останати.

Нејзиното лице сјаеше, беше така светло, а таа воопшто и не знаеше каде се продваат козметички производи. Јас ви зборувам вистина, бидејќи таа живееше надвор од Атина и не знаеше, каде се продаваат козметички производи, никогаш не се украсувала-така таа говореше-и беше убава.

Таа ја пронашла смислата на животот, преку љубовта, жртвата, и убавината се појавила оттаму, од каде што и не очекуваш…“

 превод од руски: Маја Б.

Source: https://pokajanie.mk/2020/08/25/29068/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Ретроспектива (2005-2020):СВ. ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

    Древноста ни заветувала блед, скромен и различен животопис за „светилникот на Сирија и учителот на вселената“ – било поради посебното време, било поради оддалечената епоха, било поради исклучителното смирение. Разликата помеѓу грчките и сириските животописци за свети Ефрем се однесува...

Image Description
3 years ago

архимандрид Павел Пападопулос: ИСКУШЕНИЈАТА НЕ БУДАТ

  архимандрид Павел ПападопулосИСКУШЕНИЈАТА НЕ БУДАТ   Проблемите и искушенијата што ги имате во вашите животи нека станат ваши скалила кои се издигнуваат до Небесата. Како ќе се случи тоа? Кога преку искушенијата, ќе му се предадете на Бога, кога ќе се соочите со искушението како со...

Image Description
3 years ago

УЛОГАТА НА СЕМЕЈСТВОТО ВО СПАСЕНИЕТО НА ЧОВЕКОТ

УЛОГАТА НА СЕМЕЈСТВОТО ВО СПАСЕНИЕТО НА ЧОВЕКОТ Прашањето за спасението е главно прашање како во историјата на човештвото така и во животот на секој човек. Спасението е вистинската среќа. Сè е засновано на нашето спасение. Во оваа смисла, нашата среќа е во наши раце. Тоа се постигнува со надминува...