архимандрид Павел Пападопулос: ИСКУШЕНИЈАТА НЕ БУДАТ

Example User · 3 years ago

    2 minutes, 27 seconds


3.angeli.so.truba 

архимандрид Павел Пападопулос
ИСКУШЕНИЈАТА НЕ БУДАТ

   Проблемите и искушенијата што ги имате во вашите животи нека станат ваши скалила кои се издигнуваат до Небесата. Како ќе се случи тоа? Кога преку искушенијата, ќе му се предадете на Бога, кога ќе се соочите со искушението како со можност за себепознание и грижа за добродетелите.
   Проблемите и искушенијата не се пријатни животни ситуации, но тие се неопходни.
   Ако во нашите животи се се случува онака како што би посакале и како што планираме, порано или подоцна ќе паднеме во гордост, неблагодарност, егоизам, малодушност (униние).
   Бог не воспитува преку искушенијата бидејќи, за жал, имаме тенденција да ги забораваме Божјите благослови во нашите животи, затоа што лесно паѓаме во заблудата на самообожувањето, затоа што лесно се оддалечуваме  од Него. Тие не потсетуваат дека не сме семоќни, не сме сезнајни, не сме самодоволни, не сме нераспадливи, не сме неповредливи. Искушенијата не будат од духовната летаргија во која запаѓаме. Кога неочекувано ќе се појави некоја тешкотија во нашите животи, ние повторно земаме бројаница, повторно почнуваме да се молиме, повторно се сеќаваме на нашиот Бог Отец.
   Сѐ во овој живот е добро и благословено. Сѐ. Дури и она што го сметаме за проклетство и зло. Сѐ е добро и благословено, додека на сѐ приоѓаме од перспективата на вечниот живот. Ако гледаме кратковидо и на световен начин, природно ѐ да бидеме несреќни дури и во малите секојдневни потешкотии.
   Гледаме дека луѓето со големи проблеми остануваат смирени и среќни, а од друга страна, гледаме луѓе кои имаат сѐ (во светот), но не се задоволни, се грижат и негодуваат при најмала тешкотија. Ова се случува, како што рековме, затоа што првите имаат вперен ум кон Небесата, додека вторите се заглавени во калта на земјата.
   Овој живот е Божји дар за секој од нас. Тоа не е Божји дар само кога се се случува добро во нашите животи. Останува Божји дар дури и кога сѐ ќе тргне наопаку во нашиот живот. Останува Божји дар, бидејќи Бог ни го дава овој дар не за да се чувствуваме среќни и успешни, туку за да постигнеме одредена цел (нашето спасение), да го отклучиме вечното блаженство што ни е дадено. Овој живот сам по себе не претставува ништо ако не се доживее како вовед во Вечноста. Животот добива длабоко и многу важно значење кога човекот го гледа како можност што му ја дал Бог да живее вечно со Него.
   Така, на искушенијата гледаме на поинаков начин, вознемиреноста се намалува и сѐ станува полесно. Сѐ добива смисла преку крстот Господов и завршува во самиот Спасител Христос. Човекот повеќе не живее за да ја доживее  среќата,  туку да се спаси, да се исполни во Христа.
   Само тогаш животот има смисла и значење (дури и ако звучи тешко и претерана): кога човекот живее со Христос, за Христос и преку Христос.
   Да создадете семејство, да успеете во професијата, да го обновите својот манастир, да имате многу деца, да се етаблирате во општеството итн. нема смисла или значење ако Христос не е присутен во вашиот живот.
   Ништо нема значење и вредност без Христос. Сѐ е напразно без Христос, без перспективата на вечниот живот.
   Христос им дава значење на нашите животи, и дава смисла на нашата смрт, ни дава смисла на се.

3.angeli.so.truba

Bogonosci.bg


Превел: Симеон Стефковски

Извор:

ПРЕМИН 147/148

 7ми јануари 2021 лето Господово

3.angeli.so.truba

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/duhoven-azbuchnik/23827-simeon-premin

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

Православните во пандемија, некогаш и сега

Лицемерниот го погубува со уста ближниот свој, а праведниците се спасуваат со знаење. Кога праведниците живеат во благосостојба, градот се радува. Со благословот на праведните градот се издига, а преку устата на нечестивите се разрушува.    Изреки 11,9-11На изложбата „По трагите на Св...

Image Description
3 years ago

Ретроспектива (2005-2020): Игумен Арсениј Бока: ДЕЦА РОДЕНИ ВО ОКОВИ

  ДЕЦА РОДЕНИ ВО ОКОВИДа претпоставиме дека некој тинејџер паднал во гревот на ракоблудот, кога првпат ќе го почувствува тој нагон. Неговите родители не знаат што прави, а тој е се поповлечен, потивок, поуморен, повеќе не учи. Неговата меморија, церебралниот кортекс на неговиот мозок, е загроз...

Image Description
2 years ago

Житие и чудеса на преп. Гаврил Светогорец, еп. Велички (+12.01.1990)

 (Оновено) „Откако се собравме ние верните, да го восхвалиме учителот на кротоста, големиот украс на епископите, красотата на светителите, правилото на монасите, славата на пустиножителите, подателот на милоста, светилникот на расудувањето, божествениот љубител, премудриот архиереј, големиот с...