Свети Василиј Велики: Постот

Example User · 3 years ago

    2 minutes, 20 seconds


100498СВЕТИ ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ: ПОСТОТ

Постот е древен дар, кој не старее, но постојано се обновува и цвета во целосна убавина. Мислиш ли дека за неговата древност се смета времето на потеклото на Законот? Постот е постар од Законот. Не мисли, дека денот на Очистувањето, востановен во Израилот во седмиот месец, во десеттиот ден од месецот, е почеток на постот (3. Мојс. 16, 29). Задлабочи се во историјата и барај ја древноста на неговото потекло. Постот не е ново откритие, а е скапоценост од отците. Сè, што се одликува со древност – е чесност. Почитувај ја старината на постот. Тој е современик на човештвото. Постот е озаконет во Рајот. Таква прва заповед добил Адам: „А од дрвото за познавање на доброто и на злото; од него не јади“ (1. Мој. 2, 17). Тоа: „да не јадеш“ е востановување на постот и воздржувањето. Ако Ева постеше и не беше вкусила од дрвото – сега ние не би имале потреба од тој пост: „зашто здравите немаат нужда од лекар, а болните“ (Мат. 9, 12). Ние сме повредени од гревот – да се исцелиме преку покајание: а покајанието без пост е нецелосно. Заповедано е да се покајуваме со дух, а не да се предаваме на суета – преку постот ќе се оправдаш пред Бога.

Оти не сме постеле, затоа сме истерани од Рајот – затоа, да постиме, за да се вратиме во Рајот. Не го поддражавај престапот на Ева, не го примај повторно советот на змијата, која ти предлага лакомост, за да угодиш на телото. Не се оправдувај со недостатоци и слабост на телото – не ги претставуваш тие оправдувања на мене, а на Бога! Одговори ми: да постиш не можеш – а да се прејадуваш и да го товариш твоето тело со бремето на секакви храни можеш?! Во Рајот немало ниту вино, ниту колење на животни, ниту јадење на месо – по потопот го откриле виното, по потопот е речено: „Сè што се движи и живее, ќе ви биде храна“ (1. Мој. 9, 3). Кога не останала надеж за совршенство – тогаш било дозволено насладувањето. Впрочем, ползата од постот не треба да те ограничува само во едно воздржување од јадење на мрсна храна, зашто вистинскиот пост е оддалечување од зли работи. Одбегнувај ја неправдата. Прости му на својот ближен за навредата. Прости ги делата на својот должник. Не пости во расправии и судење. Воздржувајќи се од вино, не се воздржуваш од произнесување на навреди. Не јадеш месо, а го изедуваш својот брат. Постиш цел ден, а киснеш во судови.

Постот ја препратува нашата молитва кон небото, претворајќи се во крилја при искачувањето горе. Постот е: духовно растење за семејството, мајка на здравјето, воспитувач за младоста, украс за старите, добар сопатник за оние кои патуваат, надежен служител за општеството. Постот ги раѓа пророците, дава крепост на силните, ги умудрува законодавците. Постот е добар стражар за душата, надежен сопатник за телото, оружје за доблесните луѓе, училиште за подвижниците. Тој ги отстранува искушенијата, ги закрепнува подвижниците во благочестието, постанува служител на трезвеноста, раѓа целомудрие во душите. Во војна тој извршува подвизи, во време на мир учи на тишина, го осветува назорејот, го усовршува свештеникот. Прејадувањето е начело на секакви зла – затоа, постот е оружје за борба против нападите на злиот, а „тој род со ништо не може да се истера, освен со молитва и пост“ (Марко 9, 29). Колку многу се благата од постот.

Source: https://blagovesti.wordpress.com/2016/11/30/%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d0%b2%d0%b0%d1%81%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%98-%d0%b2%d0%b5%d0%bb%d0%b8%d0%ba%d0%b8-%d0%bf%d0%be%d1%81%d1%82%d0%be%d1%82

Related Posts

Image Description
3 years ago

Свети Јован Златоуст: Против забавите

СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ: ПРОТИВ ЗАБАВИТЕ Може ли, да се истрпи? Може ли, да се поднесе? Во самиот ден на нашето искупување, во денот, кога човечкиот род доби спасение, вие не се засрамивте – ги посетивте срамните забави? На Велики Петок, кога твојот Господ е распнат за светот, кога се принесува таква ж...

Image Description
3 years ago

Црквата како заедница на Божјиот народ

ЦРКВАТА КАКО ЗАЕДНИЦА НА БОЖЈИОТ НАРОД Старозаветниот израилски народ бил праслика на Божјиот народ – новозаветната Христова Црква. Искупителниот подвиг на Спасителот Христос го поставил почетокот на постоењето на Црквата како ново човештво, како духовно потомство на праотецот Авраам. Со Својата Крв...

Image Description
3 years ago

Свети Симеон Нов Богослов: Целта на христијанскиот живот

СВЕТИ СИМЕОН НОВ БОГОСЛОВ: ЦЕЛТА НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ЖИВОТ Човекот е создаден од Творецот заради вечниот живот, а неговиот земен живот е подготовка за него. Нашата најглавна задача е – да живееме богоугодно и преку Господа Исуса Христа во целост да добиеме блажен живот, кој бил загубен од првосоздаден...