Свети Симеон Нов Богослов: Целта на христијанскиот живот

Example User · 3 years ago

    2 minutes, 8 seconds


102133СВЕТИ СИМЕОН НОВ БОГОСЛОВ: ЦЕЛТА НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ЖИВОТ

Човекот е создаден од Творецот заради вечниот живот, а неговиот земен живот е подготовка за него. Нашата најглавна задача е – да живееме богоугодно и преку Господа Исуса Христа во целост да добиеме блажен живот, кој бил загубен од првосоздадениот Адам. Блажениот живот е плод на Светиот Дух и се состои во љубов, радост, мир, долготрпение, благост, милосрдност, вера, кротост, воздржливост (спореди: Гал. 5, 22-23). Тие добрини ни се даваат од Христос Спасителот во Светиот Дух. Само исправниот човек, вистинитиот, кроткиот, добриот, сочувствителниот, сострадателниот, милостивиот, милосрдниот, долготрпеливиот, незлобивиот и човекољубивиот е достоен за Бога. Ние се раѓаме за да ги стекнеме таквите својства на душата и да влеземе во соединување со Бога, да постанеме учесници на Неговата светост и да достигнеме полнота на благодатната состојба или обожување. Ние треба да се подвизуваме поради очистување, и тоа преку покајание и смирение, за да ги соединиме сите наши чувства со единиот и Преблаг Бог. Тогаш, сè божественео го спознаваме одеднаш и го разбираме со гледање, слушање, созерцание и отгкровение.

Ниту еден човек, ни праведен, ни грешен, сам по себе не можи да се спаси. Бог говори: „Кој е за помилување, ќе го помилувам, а кој за утешение – ќе го утешам“ (2. Мој. 33, 19). Свети пророк Давид, исповедајќи го ова, се обраќа кон Бога: „Господи Боже, Спасителу мој!“ (Псал. 88, 11).

Спасението се состои во постанувањето на учесници на Божјата светост, а давањето на светоста се состои во Божјата волја. За неа се удостоени оние, кои немаат никаква искривеност во помислите и кои ги управуваат своите срца кон Бога. Имено, милоста Божја се состои во дарувањето на светоста, која прави од човекот непријател на секаков грев и која го сака само она, кое на Бога му е угодно. За оние, кои творат зло и не творат добро, нема спасение, сè додека се такви, но и оние, кои творат добро, во себе имаат почеток на спасението, но не заради своите дела, туку според Божјата милост. Затоа, секој христијанин треба да размислува за тоа, дека се родил и почнал да постои заради постепеното растење со духот, сè додека, според Божјата милост, не достигне свештена и богоподобна состојба на обоженост според благодатта, и сè додека не постане достоен за преселба во небесните населби.

Оние, кои живеат богоугодно и имаат вистинско знаење за Бога, пребиваат во стравопочит пред Бога, па со устите на своето срце, слично на ангелите, Го опеваат Неговото свето Име, и не забораваат дека не треба да го прават она, што е неугодно пред Бога. Издигнувајќи се над сетилното, вистинските христијани уште во земниот живот наоѓаат постојана Пасха, односно, преминот од видливото кон невидливото. по земниот живот, ним им претстои вечно насладување со Христа Господа во Бог Отец и Едносуштниот Дух. Тие секогаш ќе Го гледаат (созерцуваат) Христа и Он секогаш врз нив ќе гледа, пребивајќи и царствувајќи заедно со нив.

Source: https://blagovesti.wordpress.com/2017/03/10/%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d1%81%d0%b8%d0%bc-%d0%bd%d0%be%d0%b2-%d0%b1%d0%be%d0%b3%d0%be%d1%81%d0%bb%d0%be%d0%b2-%d1%86%d0%b5%d0%bb%d1%82%d0%b

Related Posts

Image Description
3 years ago

Свети Василиј Велики: Постот

СВЕТИ ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ: ПОСТОТ Постот е древен дар, кој не старее, но постојано се обновува и цвета во целосна убавина. Мислиш ли дека за неговата древност се смета времето на потеклото на Законот? Постот е постар од Законот. Не мисли, дека денот на Очистувањето, востановен во Израилот во седмиот месе...

Image Description
3 years ago

Свети Јован Златоуст: Воскресение и суд

СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ: ВОСКРЕСЕНИЕ И СУД Да не мислиме, дека делата ни се ограничуваат само во пределите на земниот живот – да почнеме да веруваме, дека задолжително ќе има суд и награда за сите дела што тука го вршиме! Тоа е толку јасно и очигледно за сите, и за Јудеи, и за јазичници, и за еретици,...

Image Description
3 years ago

Светиите како учители по патот, кој води во вечниот живот

СВЕТИИТЕ КАКО УЧИТЕЛИ ПО ПАТОТ, КОЈ ВОДИ ВО ВЕЧНИОТ ЖИВОТ Секоја година, на денот кога го славиме споменот на светите Апостоли, собрано е сето христијанско потомство и има можност во еден ден, во еден празник, да ги сконцентрира сето свое минато, сегашноста и иднината. Така, светиите составуваат год...