Свети Ака, епископот на Хексхем

Example User · 3 years ago

    1 minute, 10 seconds


СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ АКА, ЕПИСКОПОТ НА ХЕКСХЕМ, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 20 ОКТОМВРИ

(660-740; Acca of Hexham)

Светиот отец Ака,[1] епископот на Хексхем, роден е во Нортумбрија, во 660 година. Во почетокот на својот подвижнички живот, тој се подвизувал заедно со Босој, идниот епископ на Јорк, но во 678 година тој веќе бил во придружба на свети Вилфрид на сите негови патешествија. По враќањето на свети Вилфрид од Рим, во 692 година, свети Ака бил поставен за игумен на Хексхемскиот Свето-Андреевски манастир. По смртта на свети Вилфрид, во 709 година Ака станал наследник на епископската катедра во Хексхем.

Свети Ака бил учен и образован човек, кој бил близок пријател со прочуениот црковен историчар Беда Почитуваниот. Во своите хроники, Беда честопати ја фали богатата библиотека, која ја поседувал Ака и која ја користел при составувањето на своите дела. По смртта на свети Вилфрид, Ака презел иницијатива да се состави негово житие, па така историчарот Еди успеал да го напише и тоа. Освен тоа, Ака е иницијаторот и за повикување на искусни црковни псалти од континентална Европа, кои се погрижиле да ги обучат англиските монаси според Типикот на Православната Црква.

Во 732 година свети Ака заминал од епископската катедра во Хексхем. Во 740 година блажено го предал својот дух во рацете на Бога. Култот и почитта кон него, како кон светител, започнале веднаш по неговата смрт. Неговите мошти и денес почиваат во Хексхемскиот Свето-Андреевски манастир. Православната Црква неговиот спомен го празнува на 20 октомври според Јулијанскиот календар.


[1] Ака = светол, добар, бел. 5

Source: https://blagovesti.wordpress.com/2021/02/05/4699/

Related Posts

Image Description
3 years ago

Во спомен на Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец

Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец Oвoј свeт чoвeк e нарeчeн Бoгoнoсeц затoа штo пoстoјанo вo свoeтo срцe и на јазикoт гo нoсeл имeтo на живиoт Бoг. А уштe, спoрeд прeданиeтo, тoј e нарeчeн Бoгoнoсeц и затoа штo бил зeмeн вo рацeтe oд Бoга oвoплoтeниoт Исус Христoс. Вo oниe дeнoви кoга Гoспoд...

Image Description
3 years ago

Празник на појасот на Пресвета Богородица!

Празник на појасот на Пресвета Богородица После своето успение, Пресвета Богородица му го даде својот појас на апостолот Тома. Тој појас подоцна беше пренесен во Цариград и чуван во запечатен ковчег во црквата на Пресвета Богородица во Влахерна, што ја изгради царицата Пулхерија. Овој ковчег никогаш...

Image Description
3 years ago

Светите четиринаест илјади младенци маченици во Витлеем

Светите четиринаест илјади младенци маченици во Витлеем Бидејќи мудреците од Исток не се вратија од Витлеем во Ерусалим за да му јават на Ирод за новородениот Цар, туку на заповед од ангел по друг пат заминаа за својата татковина, царот Ирод се разјари како лута ѕверка и нареди да се убијат сите дец...