Светите четиринаест илјади младенци маченици во Витлеем

Example Admin User · 3 years ago

    1 minute, 27 seconds


Светите четиринаест илјади младенци маченици во Витлеем

Бидејќи мудреците од Исток не се вратија од Витлеем во Ерусалим за да му јават на Ирод за новородениот Цар, туку на заповед од ангел по друг пат заминаа за својата татковина, царот Ирод се разјари како лута ѕверка и нареди да се убијат сите деца на возраст до две години во Витлеем и во сета витлеемска околија.

Оваа страшна царска заповед беше извршена буквално. Неговите војници некои деца ги убија со меч, други ги разбиваа врз камења, трети ги гмечеа со нозе, четврти со рацете ги задавија.

И се крена плач и лелек на мајките до небесата; пискот и горко плачење, „Рахил плаче за своите деца и не сака да се утеши за нив, зашто ги нема“ , како што е и пророкувано (Еремија 31, 15; Матеј 2, 18).

Ова злосторство над многубројните невини деца се изврши една година по раѓањето на Исус Христос, на 29 декември.

За ова време Ирод трагаше за да Го пронајде Божествениот Малденец.

Го бараше од Захарија син му Јован, се разбира за да го убие, зашто мислеше дека Јован е тој нов Цар. Па бидејќи Захарија не го даде Јован, по наредба на Ирод самиот Захарија го убија во храмот.

Ќе го убиеја и Св. Симеон Богопримец, ако после Сретение не се упокоеше во Господа.

Откако ги уби витлеемските деца Ирод се наврте на еврејските старешини коишто му толкуваа каде треба да се роди Месијата. Го уби првосвештеникот Иркан и други седумдесет старци од Синедрионот.

Така зло завршија и оние коишто се согласуваа со Ирод дека новиот Цар Младенец треба да биде убиен.

Потоа ги уби своите – брат му, сестра му и жена му и тројцата свои синови.

Најпосле и него го постигна Божја казна: почна сиот да се тресе, нозете му потекоа, долниот дел од телото му загнои, а од гнојот потекоа црви, носот му се затвори и од него се ширеше неподнослива смрдеа.

Пред да издивне се сети дека во затворот има многумина Евреи коишто би се израдувале на неговата смрт, па заради тоа нареди сите да ги убијат.

Така ја испушти својата нечовечна душа овој грозен владетел и им ја предаде во вечна сопственост на демоните.
С.Т.

Source: https://pokajanie.mk/2021/01/10/30440/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

За ава Ор (7/20 август)

Еднаш ава Ор како поука на браќата им го раскажа ова: Во пустината видов еден човек кој три години не вкуси ништо од земната храна; секој трет ден ангел Господов му донесуваше небесна храна, која во исто време му беше замена и за водата. Но, меѓу монасите знам и за таков човек, кај кого ѓаволите дој...

Image Description
3 years ago

Од православниот календар -Кој бил Светиот пророк Самуил

Светиот пророк Самуил Петнаесетти и последен од Судиите на Израилот. Живееше илјада и сто години пред Христа. Роден е во племето Левиево, од родителите Елкан и Ана, во местото Рамат или Ариматеја, каде што подоцна се роди и благообразниот Јосиф. Бездетната Ана со солзи го измоли Самуил од Бога и што...

Image Description
3 years ago

Митрополит Методиј: Божиќно послание 2020

Возљубени духовни чеда, Срдечно ве поздравувам со Радосната Вест на раѓањето на нашиот Господ и Спасител Исус Христос – Христос се роди! Овој светол празник е предвестител на спасителните собитија преку кои Творецот го избави своето создание. Христовото Рождество ни ја најавува радоста на почетокот...