Митрополит Струмички Наум: Милостивиот Самарјанин (29.11.2020 )

Example User · 3 years ago

    0 minutes, 53 seconds


 Zvonko.sv.Vasa10

Милостивиот Самарјанин (29.11.2020 17:01)

Деца, го чувте денешното евангелско четиво (Лука 10, 25–37).

Сите ние сме гости на овој свет, кои повеќе – кои помалку, повредени од демоните – разбојниците, сместени од милостивиот Самарјанин – Христос, на лекување во гостилницата – Црквата. Гостилничар е Епископот. Милостивиот Самарјанин – Христос му остава сè што му е потребно на гостилничарот за да ги догледа и излекува сите оние чии срца и души, па и тела, се повредени од демонскиот напад.

Богочовекот Христос му остави на свештенството и личен пример, и толку неисцрпна благодат што повредениот гостин никогаш не може да потроши повеќе од тоа. Ветувањето за доплата се однесува само за малодушните гостилничари. Затоа, на гостилничарот му останува само совесно и смирено да ја изврши работата за којашто му е однапред преплатено.

А ако ја заврши работата како дете Божјо – а не како наемник – трошејќи се себеси и „повеќе од она што му е платено“, блазе си му на таквиот гостилничар кој Бог ќе Го направи свој „должник“. Него Бог ќе го направи син Свој по благодат, а каква било друга доплата веќе не е воопшто важна...

Пресвета Богородице, спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум

 Извор:

http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7351

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/besedi/23704-29-11-2020

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Игумен на манатирот "Успение на Пресвета Богородица",о. Фотиј, Берово: БЕСЕДА

 Проповед  изречена во Манастирот "Успение на Пресвета Богородица",Берово  на 28.08.2020 год. на празникот на Нејзиното сечесно УспениеИгумен на манатирот  о. Фотиј ...По тоа ќе не познаат,по тоа ќе ни мерат...Ако нашите дела и нашите постапки бидат во согласност со Божјите зборо...

Image Description
3 years ago

Копнеж – духовно да се прогледа – „Господи, да прогледам!“ (Дедо Наум)

Копнеж – духовно да се прогледа (10.01.2021 16:58) Во денешното евангелие (Лука 18, 35–43), слепиот повикува кон Господ Христос: „Исусе, Сине Давидов, помилуј ме“. Оваа состојба го покажува првиот степен од духовниот раст – чистењето на срцето од страстите. За овој степен од духовниот развој се ка...

Image Description
3 years ago

Преподобен Пахомиј Велики

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво, на почетокот на монашката историја стои и преподобниот Пахомиј, исто така почитуван како Велики, не само заради својата посебна духовна величина, туку и заради тоа што тој е и творец и...