ЗА СУДЕЊЕТО – се осмелив да осудувам човек во свештен чин! (Св. Гавриил Ургебадзе )

Example Admin User · 3 years ago

    1 minute, 45 seconds


ЗА СУДЕЊЕТО – Св. Гавриил Ургебадзе

Врз Св. Гавриил неправедно била наложена епитимија 35 години да не смее да служи Литургија.

За себе го раскажувал ова:

„Кога бев млад, слушнав за свештеник кој се опивал. Не го познавав, но реков:

Тој е недостоен да претстои пред Господовиот олтар!

 Самиот живеев како незнабожец, а се осмелив да осудувам човек во свештен чин! И Господ ми покажа кој е недостоен.

Отстранет сум од Него веќе триесет и пет години. Често во сон се гледам себеси како принесувам Свети Дарови, но можеби и ќе умрам, а никогаш повеќе да не отслужам ни една Литургија.”

Ова го зборувал со насолзени очи. А потоа ги повторил зборовите на Јов:

„Господ даде, Господ зеде. Нека е благословено Името Господово!”

Отец Гаврил претпел многу маки од своите мачители, но никогаш никого не осудил.

Тој строго им забранувал на своите духовни чеда да судат било кој и вака ги поучувал:

’’Ако видеш убиец, или блудница, коишто се валкаат во калта, никогаш не ги осудувај, зашто Самиот Бог им ја отпуштил уздата, а твојата ја држи во рака.

Ако реши да ја отпушти и твојата, ти ќе се најдеш дури и во полоша состојба и ќе паднеш во уште поголем грев од на оној што го судиш, и ќе загинеш…

Треба да ги сакаме сите, но ако не можеме, тогаш барем да им посакуваме добро.

Сè она што е лошо во човекот е небитно. И вие, младите, не презирајте никогаш никого, дури и кога ќе видите луѓе какви што денес има сè повеќе – луѓе за очи страшни, нечисти, пијани и навредувачи.

Божјиот лик е зачуван дури и во нив, на едно подлабоко ниво, за кое можеби ниту самите тие не се свесни. Едноставно, непријателот го извлакал овој лик и го покрил со нечистотија, како што и иконата може да биде извалкана.

Но, ако дојде во добри раце, ќе биде исчистена и ќе почне да сјае и зрачи.

Ако мразиш макар само еден човек, во неговото лице го мразиш и самиот Христос и далеку си од Божјото Царство…

Во последните времиња љубовта, смирението и добрината ќе ги спасуваат луѓето.

Добрината ги отвора вратите на Рајот, смирението воведува во Рајот, а љубовта ќе ни го покаже Бога.

Тешко е да се види Божјиот лик во луѓе што ве понижуваат, кои се појавуваат во ѕверски лик.

Но, нив мора уште повеќе да ги жалиме, зашто душите им се осакатени, можеби непоправливо – за вечно мачење. Колку е тешко тоа – да се љубат своите непријатели; о, колку е тешко!

За да се научи тоа – треба целиот живот да се освети. Но, во таквата љубов, човек се уподобува на Распнатиот Бог.”

Извадок од житието. Извор:

Source: https://pokajanie.mk/2020/12/14/30168/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Пештерната црква на Свети Павле во Неа Фокеа, Халкидики (13.07.2020)

(Обновено)   Неа Фокеа е мало рибарско село со околу 1500 жители, сместено по должината на едно од трите краци кои го сочинуваат полуостровот Халкидики. Покрај крајбрежјето се протега Византиска тврдина, за која се смета дека е изградена во 1407 година и се издига до висина од 17 метри. Покрај...

Image Description
3 years ago

Митрополит Атанасиј Лимасолски: Бракот е љубов, а не диктатура – (IV дел)

Второ прашање: Како можеш да Го љубиш Бога со целиот свој ум, а истовремено да имаш време и за земните нешта со кои е поврзан семејниот живот?Ако се задлабочиме поусрдно во животниот пат на човекот, ќе го разбереме настојувањето на Црквата во врска со воздржанието. Зошто Црквата настојува да се пази...

Image Description
3 years ago

СТРАШНИОТ СУД НАД БОГА

  СТРАШНИОТ СУД НАД БОГА Архимандрит Јустин (Поповиќ)(беседа на Велики Петок изнесена во Сремски Карловци 1926 година)  Никогаш во човекот Го немало Бога помалку, драги браќа, отколку денес; никогаш Го немало помалку, отколку денес! Денес ѓаволот се овоплотил во човекот да го “разовоплоти”...