Пештерната црква на Свети Павле во Неа Фокеа, Халкидики (13.07.2020)

Example User · 3 years ago

    3 minutes, 27 seconds


(Обновено)

 

Неа Фокеа е мало рибарско село со околу 1500 жители, сместено по должината на едно од трите краци кои го сочинуваат полуостровот Халкидики.

Покрај крајбрежјето се протега Византиска тврдина, за која се смета дека е изградена во 1407 година и се издига до висина од 17 метри.

Покрај кулата е поставена сцена за едно од многуте културни настани што се случуваат таму, вклучувајќи го и празникот посветен на св. Апостоли Петар и Павле што се одржува на 29 јуни секоја година.

   Од спротивната страна на главниот пат се наоѓа пештерната црква на Свети Павле.

Се вели дека Свети Павле се криел овде за да се заштити од неговите гонители за време на своето мисионерско патување.

Заоблениот свод (премин), може да биде виден од патот. Големата смоква стои во градината,

а пештерната црква е сместена од страна. Портата е мала; за споредба, момчето на долната слика е приближно 175  см.

Уште една перспектива за големината на вратата со момчето на следната фотографија 

кој влегува во пештерата.

Вратата е нешто  повеќе од три и пол стапки.

Како што влегувате во пештерата температурата се намалува.

Серија чекори доведуваат доле до тунелот ...

Шуплината издлабена од страна на пештерата ја има улогата на олтар на која стојат икони,

свеќи и други мали предмети за чествување...

По скалите надолу се излегува и се оди по еден тунел кој е долг и тесен.


                                                         


Како продолжувате да чекорите, тунелот станува сé помал и помал,

сé додека за да продолжите не почнете да ползите.



На крајот, тунеот се отвара во една мала молитвена соба.

Се слушаат гласини дека постојат повеќе тунели кои доведуваат до ќелијата,

но тие се затворени зашто туристите се загубуваат во нив.

 

+++

 

 Нашата традиција ни даде интересна случка за локацијата на изворот на Света Вода, уште од првиот век после Христа. Според неа, кога Апостол Павле отиде во Иерисос за да проповеда за Христијанството, беше гонет од некои локални луѓе и немајќи каде да се скрие, тој се молеше на Бог за спас и тогаш на некој чудесен начин се отвори еден јаз во земјиштето пред него и тој се најде во него во оваа карпа во Касандра. Од овие две јами, кои сé уште постојат и му се посветени на Апостол Павле како капела, извира Света Вода.
Според друга верзија,

Апостол Павле, гонет од пагани во Касандра, наоѓа бегство во оваа пештера каде што тајно проповедаше и крстеше Христијани во природниот резервоар со Света Вода.

Од почетокот на пештерата до малиот отвор со Света Вода се доаѓа преку еден низок премин кој е 20м. долг и 80см. широк. Од десната страна на изворот има просторија со правоаголна форма каде што посетителите можат да застанат. Факт е дека оваа соба била мала црква со монограми и други претставувања. Денес, многу малку траги од сликите се видени во аглите на собата. Ѕидовите се покриени со дебел слој од саѓе од свеќите кои Христијаните ги користеле. Несомнено овој камен свод бил скривалиште на верниците во времето на прогонот. Во оваа соба има мермерен столб кој најверојатно е дел од Олтарот.
Следејќи ја старата традиција, верниците продолжуваат да го посетуваат ова место, да се преоблечат и да ја остават нивната  облека, “оставајќи’’ ги исто така нивните болести или други проблеми.
Светителот Апостол Павле е прифатен како заштитник на Неа Фокеа. Во ова место на 28 и 29 јуни има голема прослава со многу посетители од околните места.

 

Подготви: Снежана Корнет

 

 

 

 

 пп

Преминпортал

 Друго:

Otec Pimen
13 July 2017 · Resen

Беа двајца сосем ралични луѓе. Едниот прост рибар, а другиот еден од најучените во своето време. Еден крупен како карпа, друг многу ситен. Едниот со пламен карактер, а другиот кроток. Едниот семеен човек, другиот самец. Едниот го следи Христа, другиот го гони Христа. Едниот го знае Христа распнатиот и воскреснатиот, другиот само Христа воскреснатиот. Едниот ја сведочи верата, другиот ја сведочи љубовта. И уште многу разлики може да се набројат помеѓу овие двајца.
Сепак, доволни се и овие овде наброениве за да разбереме дека нити сличностите, нити различностите, ниту образованието, нити човечкиот раст, нити брачниот статус, нити претходното поведение, нити можноста да се живее покрај Христа додека проповедал, нити средбата со Христа Воскреснатиот нè носи во Царството Небесно, туку верата и љубовта од Христа и во Христа и чувањето на овие два небесни дарови до последниот наш здив.
По молитвите на светите Петар и Павле, Господ Бог да ни дарува сила да истраеме во овој наш подвиг!

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/manastiri-i-crkvi/21989-peshternata-crkva-na-sveti-pavle-vo-nea-fokea-halkidiki

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Јеромонах Димитриј Першин: Времето на овој гнил свет

  Пештера на откровението, Патмос Времето на овој осиромашен свет ќе помине кога, според зборовите на Спасителот, љубовта ќе осиромаши… Никакви светски катаклизми и социјални немири, војни и епидемии не се дораснати пред претсмртната дијагноза: љубовта ќе осиромаши… Луѓето ќе се отуѓат, дури и...

Image Description
3 years ago

архимандрид Павел Пападопулос: ИСКУШЕНИЈАТА НЕ БУДАТ

  архимандрид Павел ПападопулосИСКУШЕНИЈАТА НЕ БУДАТ   Проблемите и искушенијата што ги имате во вашите животи нека станат ваши скалила кои се издигнуваат до Небесата. Како ќе се случи тоа? Кога преку искушенијата, ќе му се предадете на Бога, кога ќе се соочите со искушението како со...

Image Description
3 years ago

Отец Харалампиј Пападопулос:Господи, ме слушаш ли? Жеден сум за Твојата Светлина!

     Еден ден, сретнав еден старец кого  многу го сакам.– Си Го видел ли некогаш Христос, старче? – го запрашав.– Да, отче мој – призна тој срамежливо.– Како изгледа, старче?– Како во Евангелието, отче мој, чист, добар, простодушен, достапен.– И кога се случи тоа? – беше сле...