УПАТСТВА ЗА ТОА КАКО ТРЕБА ДА СЕ ИСПОВЕДУВАМЕ…

Example Admin User · 2 years ago

    4 minutes, 21 seconds


МОЛИТВА

Господи, мој Господи!

Јас сум бездна на гревот; каде и да погледнам во својата душа – ништо добро во неа нема да најдам: на што и да се сетам – сѐ лошо сум постапил, грешно сум кажал, нечисто сум помислил…. и намерата и расположението на мојата душа само те навредуваат Тебе, мојот Создател и Добротвор!

Смилувај се на мене, Господи Исусе Христе, Боже наш, и поштеди ме!

Ти згрешив Тебе како ништожен и беден човек, но Ти, бидејќи си Сештедар и Многумилостив Бог, помилувај и прости ми ги прегрешенијата мои! Прими го, Господи, моето покајание!

Подари ми уште време, за да принесам плодови достојни за покајание! He сакам веќе да грешам, не сакам веќе да Те жалостам, Господи!

Удостој ме за Причест co Твоите Свети Тајни! Нека се излие преку нив на мене Твојата благодатна сила!

Истреби, запали, уништи го гревот кој живее во мене!

Живеј во мене, Бесмртен Господи, така што ни животот ни смртта да не ме разделат од Тебе!

Ти, Кој праведно им судиш на луѓето, како сакаш и како знаеш, спаси ме мене, кутриот и беден грешник!

Ќе го благословувам и прославувам Твоето пречесно Име во сите векови. Амин!

УПАТСТВА ЗА ТОА КАКО ТРЕБА
ДА СЕ ИСПОВЕДУВАМЕ
ЗА ДА ПРИМИМЕ ОПРОСТУВАЊЕ НА ГРЕВОВИТЕ

До исповедта, секој е должен да се погрижи да си припомни за сите свои гревови, што ги направил волно или неволно, внимателно да го разгледа својот живот, за ако е можно да се потсети на сите свои гревови, не само на оние од претходната исповед до оваа, но и на оние од порано, кои заборавил да ги спомне и исповеда на претходните исповеди.

Потоа, co умиление и скрушеност во срцето, да пристапи кон Крстот и Евангелието и да почне да ги исповедува своите гревови.

1. ИСПОВЕДУВАЈ ГИ СВОИТЕ ГРЕВОВИ ОТКРИЕНО, ПОМНЕЈЌИ ДЕКА ГИ РАСКАЖУВАШ НЕ НА ЧОВЕК, ТУКУ НА САМИОТ БОГ,

Кој и така ги знае твоите гревови, но само го очекува твоето признание. И не се срами од духовниот отец, и тој е исто така човек како тебе; тој добро ги знае човечките слабости, како и наклонетоста на човекот кон грев, а исто така, твојот духовен отец на исповедта не е твој СТРАШЕН СУДИЈА.

Но ти се срамиш од духовниот отец, бидејќи се плашиш да не го изгубиш неговото добро мислење за тебе.

Напротив, доколку навистина ти е до неговото добро мислење за тебе, исповедај му се најискрено и најотворено, и тој, кога ќе ја види твојата искреност и отвореност, ќе има уште поголема и поискрена љубов кон тебе.

А покрај тоа, ако ти се срамиш да ги откриеш твоите гревови пред еден човек – духовник, како ќе го поднесеш оној срам, кога ќе застанеш на Страшниот Суд Божји, кадешто твоите гревови, ако не ги очистиш co вистинско покајание и исповед во овој живот, ќе бидат јавно откриени и пред Самиот Бог, пред Неговите ангели и пред сите луѓе, познати и непознати.

2. ИСПОВЕДУВАЈ ГИ СИТЕ СВОИ ГРЕВОВИ ПОЕДИНЕЧНО, односно секој грев пооделно. Св. Јован Златоуст вели:

„He треба само да се каже: згрешив, или грешен сум, туку секој направен грев треба посебно да се наведе и именува”.

Св. Василиј Велики вели:

„Објавувањето на гревовите подлежи на истиот закон како и објавувањето на телесните болести…”.

Грешникот е духовен пациент, а духовниот отец е лекар; следователно, должни сме да му

ги исповедаме и раскажеме на духовниот отец сите свои гревови, исто како што телесно болниот му ги открива своите болки на својот лекар и преку него добива исцеление.

3. НЕ ВМЕШУВАЈ ВО ИСПОВЕДТА ДРУГИ ЛИЦА, не жали се од никого, инаку тоа не е исповед, туку осуда на другиот, што значи само нов грев за тебе.

4. НЕ ТРУДИ СЕ НА ИСПОВЕДТА ДА СЕ ОПРАВДАШ СЕБЕСИ, на било кој начин, дали поради немоќ, навика или повод од други лица итн.

На исповедта, колку повеќе самиот се оправдуваш, толку помалку ќе бидеш од Бога оправдан, а колку повеќе себеси се изобличуваш, осудуваш и обвинуваш, толку повеќе ќе бидеш од Бога оправдан.

Затоа, оној што се исповедува не смее себеси да се оправдува, туку напротив – што повеќе да се обвинува себеси, да се изобличува и осудува, за да се удостои да добие опростување од Бога.

5. He вели, кога нешто ќе те праша духовникот:

„НЕ ПОМНАМ, МОЖЕБИ И ВО ТОА СУМ ГРЕШЕН”.

Бог заповедал секогаш да си ги помниме своите гревови; а за да не се оправдуваме co заборавност, ДОЛЖНИ СМЕ ДА СЕ ИСПОВЕДУВАМЕ ПОЧЕСТО, бидејќи оние, коишто поради своја негрижа многу ретко се подготвуваат за исповед и на тој начин ги забораваат своите гревови, за тоа самите ќе си бидат виновни и затоа не можат да се надеваат дека ќе им се простат гревовите, кои не ги исповедале.

Заради тоа, сите ние сме должни да си спомнеме и да ги исповедаме сите свои гревови.

Кога некој нешто ни е должен, ние постојано го помниме неговиот долг, а своите долгови кон Бога ги забораваме.

He e ли тоа последица на нашата неизмерна немарност и негрижа за спасение на душата?

6. Без прашање од духовниот отец САМИОТ НЕ ЗБОРУВАЈ ЗА ОНА, ВО ШТО НЕ СИ ГРЕШЕН, или што не си направил.

Тоа значи сличност co Евангелскиот фарисеј, кој само се фалел, a не ги исповедувал своите гревови, a co тоа само го зголемил своето осудување (Лука 18, 10-14).

7. ДОЛЖЕН СИ ДА СЕ ИСПОВЕДУВАШ СО СРДЕЧНА СКРУШЕНОСТ И ТАГА ПОРАДИ ГРЕВОВИТЕ СО КОИ СИ ГО НАЖАЛИЛ БОГА.

He e добро тоа што мнозина ги раскажуваат

своите гревови co отворена ладнокрвност и рамнодушност и без никакво жалење за тоа што згрешиле, како да водат обичен разговор; а што е уште полошо, мнозина дури и на исповедта се потсмеваат.

Сето тоа е знак на непокајание, и оној што така се исповедува, не само што не се очистува од своите гревови, туку уште повеке ги зголемува.

8. Ha крајот, ИСПОВЕДУВАЈ ГИ СВОИТЕ ГРЕВОВИ СО ЦВРСТА ВЕРА ВО ГОСПОДА ИСУСА ХРИСТА, НАДЕВАЈЌИ СЕ НА НЕГОВОТО МИЛОСРДИЕ.

Бидејќи, само надевајќи се на Hero и co сето свое срце верувајќи во Heго, можеш да добиеш прошка на гревовите. А без вера, тоа не е можно. Пример за ова е предавникот Јуда.

Ете на кој начин, возљубени, треба да се исповедуваме, за да примиме од Бога прошка на гревовите.

“Ако ги исповедуваме нашите гревови, Он е верен и праведен да ни ги прости гревовите и да нѐ очисти од секоја неправда” (1. Јн. 1, 9).

Пренесено од книгата “Господи, очисти ги моите гревови” Практичен прирачник за Светата Тајна Покајание и Исповед

Source: https://pokajanie.mk/2022/01/07/33744/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

о. Горан Стојчевски: МАЧЕНИЦИТЕ- ХРИСТОПОДОБНИ ОБРАЗИ БОЖЈИ

[unable to retrieve full-text content]„Молете се повеќе за gругите отколку за себе. Кажувајте ги зборовите: Гocпogи Исусе Христе, пoмuлyj ме, но секогаш uмајте ги на ум и gругите.Сите сме gеца на ист Отец, сите сме еgно. Затоа, кога се молиме за gругите, велuме: Гocпоgи Исусе, Христе, помuлyj не,...

Image Description
3 years ago

Ретроспектива (2005-2020): „Болестите во евангелијата“ - Горан Трајков

  8ти ноември   2020 лето Господово Предговор Повеќе од 18 години сум медицински техничар во Психијатриската болница Скопје - Скопје, чие поранешно име беше Бардовци. Оваа професија покрај тоа што ми овозможува егзистенција (мене и на моето семејство), ми дава и можност секојдневно да среќ...

Image Description
3 years ago

За православното богослужение

Јазикот кој Црквата го употребува во богослужението е јазикот на Светото писмо, на Библијата. За да ја разбереме Литургијата и другите црковни богослуженија, потребно е добро да ја познаваме Библијата. Затоа што богослужението, освен библиските четива, во себе содржи многу голема библиска симболика...