Отец Стефан Санџакоски: Образ на кроткоста

Example User · 3 years ago

    2 minutes, 2 seconds


ДенеNikolai (1)с, слава Му на Бога, се собравме со радост да го прославиме празникот на гораздиот отец и учител на светата Црква Христова свети Николај, архиепископ мирликиски и чудотворец. Свети Николај бил едноставен, прост човек, совршен во евангелска смисла на зборот. Затоа е славен во целиот свет. Бил син единец на бележитите и богати родители Теофан и Нона од градот Патара во областа Ликија. Се замонашил во манастирот „Нов Сион“, основан од стрико му Николај, епископот патарски. По смртта на родителите, имотот им го разделил на сиромашните. По промисла Божја бил избран за архиепископ на градот Мир во Ликија. Како пастир со апостолска вера, бил милостив, мудар и храбар. Во времето на прогоните на христијаните од Диоклецијан и Максимилијан, свети Николај бил затворен, но и во затворот ги поучувал луѓето на законот Божји.

Свети Николај присуствувал на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година. Од голема ревност кон вистината, го удрил со рака ересијархот Ариј. Поради тоа бил отстранет од Соборот и од архиерејската служба сè додека на неколкумина водечки архипастири не им се јавиле Христос Бог и Богородица мајка за да им го објават своето благоволение спрема Николај. Чуварот на вистината Божја, свети Николај, секогаш бил решителен заштитник на правдата меѓу луѓето. Човекот што го водел спорот со Ариј бил таткото на светото Православие, великиот александриски отец Атанасиј. Веднаш крај него стоел кроткиот и смирен Николај од Мир. Во тропарот на светителот, Црквата радосно и едномислено пее за свети Николај: „Правило на верата и образ на кроткоста“. Црквата признава дека свети Николај е канон на верата и икона на кроткоста. Како сведок на вистината на светата Црква низ сите нејзини истории, свети Николај ѝ станал образец. Тој станал критериум и пример за сите христијански поколенија. Угледувајќи се на него, со него да се измериме секогаш кога сакаме да ја провериме чистотата и исправноста на исповеданата вера во Богочовекот Христос. Таа вера не смее да биде индивидуална, туку соборна, т.е. вера на целата Црква Божја. И не само канон на верата, канон на вистината, туку и образ на кроткоста станал за целиот негов живот. Тој секогаш ѝ служел на Црквата подобно на Христа Бога. Зашто знаел дека во Евангелието е речено: првите ќе станат последни, а последните први. Ако сакате да покажете и докажете дека го љубите ближниот свој, потрудете се доброволно и со љубов да му станете смирен слуга на братот свој, зашто служејќи му на братот, им служите на Бога и Неговата Црква. Свети Николај се упокоил на 6/19 декември во 343 година. Многутруден и многуплоден, вечно се весели во Царството Небесно без да престане да чудотвори, да им помага на верниците на земјава и да го прославува својот Бог. Амин.

отец Стефан Санџакоски

Од зборникот: Беседи од Калишта, Струга: Рубљов 2000.

Source: http://mistagogia.mk/otec-stefan-obraz-na-krotkosta-sveti-nikolaj/

Related Posts

Image Description
3 years ago

Недела по Рождеството Христово: Спомен на 14 000 витлеемски младенци

Недела по Рождеството ХристовоСпомен на 14 000 витлеемски младенци....12. И кога примија в сон вест, не се вратија веќе при Ирода, а си заминаа по друг пат за својата земја.13. А штом си отидоа тие, ете, ангел Господов му се јави на Јосифа в сон, велејќи: „Стани, земи Го Младенецот и мајка Му, па...

Image Description
3 years ago

Радувај се…! (Покров на Пресвета Богородица)

ПОКРОВ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ГОЛЕМА ВЕЧЕРНА Блажен е оној човекː Првиот антифон. Стихири на Господи, повикав, на 8. Глас 1. Богородице чиста, ти си голема заштита на тажните; брза помошничке, на светот поткрепа и спасение; бездна на милосрдие, на мудрост Божја извору, покров на светот; да ја воспее...

Image Description
2 years ago

Св. вeл. маченичка Eкатeрина – Православен календар за денес

Св. вeл. мччка Eкатeрина. Ќeрка на царoт Кoнстантин. Пo смртта на таткoтo живeeла сo свoјата мајка вo Алeксандрија. Мајка ѝ била тајна христијанка, кoја прeку свoјoт духoвeн oтeц ја привeла и Eкатeрина вo вeрата Христoва. Вo eдна визија св. Eкатeрина примила прстeн oд самиoт Гoспoд Исус вo знак на п...