Недела по Рождеството Христово: Спомен на 14 000 витлеемски младенци

Example User · 3 years ago

    1 minute, 19 seconds


3.angeli.so.truba

Недела по Рождеството Христово
Спомен на 14 000 витлеемски младенци
....
12. И кога примија в сон вест, не се вратија веќе при Ирода, а си заминаа по друг пат за својата земја.
13. А штом си отидоа тие, ете, ангел Господов му се јави на Јосифа в сон, велејќи: „Стани, земи Го Младенецот и мајка Му, па бегај во Египет и остани таму дури не ти кажам, бидејќи Ирод ќе Го бара Младенецот за да Го погуби.”
14. И тој стана, Го зеде Младенецот и мајка Му ноќно време, па отиде во Египет.
15. И таму беше до смртта Иродова, за да се исполни реченото од Господа преку пророкот, кој вели: „Од Египет Го повикав Синот Свој.”
16. Тогаш Ирод, кога виде дека мудреците го измамија, се разгневи многу и прати, та ги уби сите младенци во Витлеем и по целата негова околина од две години и помали, според времето што точно го беше узнал од мудреците.
17. Тогаш се исполни кажаното преку пророкот Јеремија, кој говори:
18. Глас се слуша во Рама, плач и ридање, и пискот голем: Рахил плаче за своите деца и не сака да се утеши, зашто ги нема. ....


(Евангелие според светиот апостол Матеј 2, 12-18)

+++


Познато е дека подмолниот владетел Ирод, од страв да не ја изгуби моќта, нареди уништување на сите бебиња на возраст под две години во Витлеем. Тој сметал дека Исус ќе биде сигурно меѓу нив. Душите на витлеемските бебиња, кои беа убиени по наредба на Ирод, беа однесени во Царството Небесно, чисти, не извалкани од грев. Нивното мачеништво ги направи свети. Нивните мошти биле пронајдени во Витлеем во 313 година од страна на Света Елена, мајка на Константин Велики.
Свештеномачениците Иринеј од Лион и Кипријан од Картагина, напишале дека  започнале да се   почитуваат моштите на светите бебиња во втората половина на вториот, почетокот на третиот век во Цариград, Антиохија и Александрија - во три големи центри на источното христијанство.

Избор од фб профил на

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost-2/zhitija/23840-14-000

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

ПЕДЕСЕТНИЦА – Роденденот на Црквата! (Го славиме најголемото чудо на овој свет!)

Беседа на Педесетница на Свети Јустин Ќелиски На Спасовден што прославувавме? Го прославивме Господ  Исус Христос Којшто со Телото воскресна и се вознесе на Небесата. Што  ни кажа Господ со тоа? Господ со тоа  ни кажа дека нашето тело, моето и твоето и секое тело, ќе воскресне од...

Image Description
3 years ago

За Светиот апостол Тома!

Светиот апостол Тома Еден од Дванаесетте големи апостоли. Со неговиот сомнеж во воскресението на Господ Исус Христос беше придобиена нова потврда за тој чудесен и спасоносен настан. Имено, воскреснатиот Господ повторно им се јави на учениците за да го увери Тома. И му рече Господ на Тома: „..дај ја...

Image Description
3 years ago

Свети Мало, првиот епископ на Сен-Мало

СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ МАЛО, ПРВИОТ ЕПИСКОП НА СЕН-МАЛО И ЕДЕН ОД ЛЕГЕНДАРНИТЕ ОСНОВАЧИ НА БРЕТАНИЈА,[1] ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 15 НОЕМВРИ (487-565; велшки: Mach Lou; бретонски: Malou; латински: Maclovius) Свети Мало е келтски светител, еден од легендарните основачи на Бре...