НЕКА ТИШИНАТА ТИ ЗБОРУВА

Example User · 3 years ago

    1 minute, 51 seconds


 НЕКА ТИШИНАТА ТИ ЗБОРУВА

Zvonko.sv.Vasa10

Понекогаш тишината е најдобрата молитва со која можете да се молите кога немате зборови и кога вашето срце страда. Застанете во молитва и замолчете. Дури и стоењето пред Бога е манифестација на волјата и љубовта кон Него. Не се вознемирувајте дури и ако не можете да кажете ништо. Да навлеземе во нашето срце и да го чуеме Него, но откако прво ќе го слушнеме сопственото срце, младенчето на нашето јас...

Така е во морето. Кога пливаме на површината, слушаме различни звуци. Кога нуркаме, тие престануваат и морето веќе зборува низ својата длабочина и тишина. Тишина која всушност зборува. Јазикот на безмолвието и суштината.
Помолете се кратко или само погледнете ја Неговата икона - ако не можете да зборувате - таму, во вашето молитвено катче со запалено кандило. Погледнете во иконата на Господа, дури и ако не можете да кажете ништо. Бог сè знае. Ако сакате и можете, плачете, насмејте се, клекнете на колена, кажете се што ќе ви падне на ум. Зборувајте слободно, но јасно, без превезот на егоизмот. И одеднаш ќе почувствувате дека иконата се претвора во огледало и она што се рефлектира во неа е вашата голотија. Се чувствувате голи, како да стоите пред вистинско огледало среде плоштад полн со луѓе.

Zvonko.sv.Vasa10


 Нашата состојба на молитва ја одразува состојбата на нашето битие. Она што ќе го видите во огледало, односно она што ќе го најдете во молитвата, има потреба од заздравување. Одете на исповед, за да исчезнат болеста, тежината и внатрешниот плач, за да дојде Христовата тишина.
Таму, среде безмолвието, се случува најголемата средба помеѓу созданието и Создателот, меѓу детето и таткото, кога ве обзема чувство на недостојност, срам и духовен бродолом: „Што да ти кажам, Господи? Како можам да застанам пред Тебе? “ „Просветли ги моите дела. Покажи ми ги моите грешки, дај ми солзи и молитва. Направи го моето срце Твој дом “. Прашања чии одговори се нејасни и тивки и им е потребно малку време за да излезат. Затоа што Божјата благодат делува во тишината и е соработник на човекот. Не е потребно многу да го  имаме постојано Божјиот образ како печат на секое дело во нашите животи. Секојдневениот молитвен дијалог, „Господи Исусе Христе, помилуј ме“ ќе направи нашето суетно деноноќие да благоуха на Рајот. Молитвата е заповед на мирот, повик за исцеление, призив и повик кон Отецот. Каков Бог имаме само! Не ни се потребни безброј молитви за да дојдете до Него! Два, три збора од срцето се доволни и Тој  веќе е тука!

TVITer468

Автор: о. Спиридон Скутис

Zvonko.sv.Vasa10
 
Извор bogonosci.bg / превод Симеон Стефковски

Преминпортал,

6ти декември 2020

лето Господово

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/duhoven-azbuchnik/23722-neka-tishinata-ti-zboruva

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Мера на се - архимандрит Софрониј (Сахаров)

  Мера на се - архимандрит Софрониј (Сахаров)        Очајанието претставува губење на свеста дека Бог сака нам да ни дарува вечен живот. Светот живее во очајание. Луѓето самите себе се осудуја на смрт. Треба да се бориме против духовната немарност и отсуството на г...

Image Description
3 years ago

За православното богослужение

Јазикот кој Црквата го употребува во богослужението е јазикот на Светото писмо, на Библијата. За да ја разбереме Литургијата и другите црковни богослуженија, потребно е добро да ја познаваме Библијата. Затоа што богослужението, освен библиските четива, во себе содржи многу голема библиска симболика...

Image Description
3 years ago

Историјат на празникот Педесетница

  Со слегувањето на Св. Дух врз апостолите се исполни Домостројот на спасението на човечкиот род, заврши основањето на Црквата Христова или Царството Божјо на земјата. Од мигот на првата христијанска Педесетница, Црквата почна да го живее својот живот во полнота, да расте и да се развива внатре...