Куќа без темели – Митрополит Наум

Example Admin User · 3 years ago

    1 minute, 44 seconds


Куќа без темели (21.10.2020 16:35)

И зошто ми велите: „Господи, Господи!“, а не го извршувате она што ви го кажувам? Секој што иде при Мене и ги слуша зборовите Мои, и ги исполнува, ќе ви кажам на кого прилега. Тој прилега на човек, кој прави куќа, па ископа и продлабочи, и постави темели на камен; а кога настана наводнение, реката напна на таа куќа и не можеше да ја помести, оти беше основана на камен. А оној што слуша и не исполнува, прилега на човек, што направил куќа на земја, без темели; и кога напна реката, веднаш ја урна, и паѓањето на таа куќа беше големо (Лука 6, 46–49).

„Оној што слуша и не исполнува“ е оној што нема опит од духовната борба. Опитот во духовната борба ни овозможува и себепознание и познавање на демонските лукавства и замки.

Опитот од духовната борба во Црквата нѐ прави причесници на соборниот опит на сите Светии; затоа демонот, иако многу постар и поопитен од нас, не ни може ништо.

Опитот од духовната борба не се стекнува со световно знаење. Духовниот опит и знаење се стекнува со восогласување на нашиот живот со степенот на духовниот развој на кој се наоѓаме, како и со местото и улогата што ги имаме во Црквата.

Накратко речено, духовниот опит се стекнува во духовната борба во која учествуваме, само откако сме го ставиле умот во процес на исцеление, духовно раководени од духовен отец, во Црквата. Восогласувањето на почетокот не е ништо друго туку послушание.

Значи, со световно знаење и опит може да се основа дом, бизнис, политичка кариера, да се стекне човечка слава, но без духовен опит, и при првиот налет на посериозни искушенија, сето тоа е во голема опасност да се распадне.

Посебно „оној што слуша и не исполнува“, а изградил куќа – под што се подразбира успех во која било област, при првиот демонски напад, сѐ му паѓа, оти нема опит од духовната борба, нема скен за духовните случувања, нема предвидување за движењето на нештата, просто – не е пророк, а можел да биде.

Така е кога човек има световно знаење, но нема духовно знаење.

Тој може да има знаење и вештини од разни области како бизнис, економија, политика, што јас знам, градежништво, земјоделие, иконопис, информатика итн., но тоа знаење не е укомпонирано со духовното знаење, и затоа не спасува од пад, затоа што е само парцијално знаење.

Трудете се да стекнете и духовен опит и знаење.

Пресвета Богородице, спаси нас!

Митрополит Струмички Наум

(според записот на сестрите)

аа

Source: https://pokajanie.mk/2020/10/21/29669/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Викарен Епископ Стобиски Јаков: Оличноснување или различноснување

Божествена Литургија во Струмица (08.03.2021 15:21)Во Неделата на Страшниот Суд, викарниот Епископ г. Јаков Стобиски отслужи Божествена Литургија во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица. Верниот народ на Литургијата с епричести со Светите Христови Тајни. Оличносну...

Image Description
3 years ago

Не сме дошле во манастир за некој да ни ја гали суетата… (Митрополит Наум)

За самооправдувањето Самооправдувањето е болест која е пораширена, понезабележлива и потешка од судењето и осудувањето. Самооправдувањето и осудувањето се две страни на една гревовна состојба – гордоста. Пораширена – затоа што, најчесто, дури и тие што внимаваат да не осудуваат и да не им судат на д...

Image Description
3 years ago

Луѓето се подготвени да променат сѐ, освен себе (19.09.2020)

Луѓето се подготвени да променат сѐ, освен себе (19.09.2020 15:36)Луѓето имаат проблеми. Просто, нема човек без проблеми.            Некои проблеми се акутни, актуелни. Некои проблеми се хронични, траат повеќе време. Некои се решаваат, некои изг...