Како да станеме богати до синовство! (Митр. Наум)

Example Admin User · 3 years ago

    1 minute, 29 seconds


Како да станеме богати до синовство (06.12.2020 12:40)

„На некој богат човек нивата му беше родила многу; и мислеше во себе, велејќи:

’Што да направам? Немам во што да ги соберам плодовите свои‘.

Па рече: ’Вака ќе направам: ќе ги урнам амбарите свои и ќе соѕидам поголеми, и таму ќе го соберам сето свое жито и сите свои добра, и ќе ѝ речам на душата своја:

душо, имаш многу добра, приготвени за многу години; почивај, јади, пиј и весели се!‘“ (Лука 12, 16–19).

Ова што го прочитавме во евангелското четиво за денот, начинот на кој богатиот размислува, е верен опис на менталното заболување – растројство на личноста, односно на начинот на кој размислува и дејствува еден пасивен социопат.

Во неговите мисли и чувства нема место за оние што страдаат од немаштија и од други телесни и душевни страдања, туку само за себе, за своето его и за своето добро.

Но, Бог му рече:

’Безумниче, ноќеска ќе ти ја побарам душата твоја; тоа што си го приготвил, кому ќе остане?‘ Така бива со оној што собира добра за себе, а не се богати во Бог“ (Лука 12, 20–21).

Бог ги дава најточните дијагнози, така што пасивниот социопат најточно го опишува како – безумник.

Како навистина да станеме бог(ати)?

Знаеме дека Господ се поистоветува (дури и најмногу) со секој еден страдалник.

Затоа, секогаш кога од својот вишок ќе му помогнеме на еден од овие најмали Христови браќа што страдаат, ние не собираме за себе, туку се богатиме во Бог.

Така, никој не може да се нарече богат, односно подобен на Бог, без да ги збогатува и другите околу себе – пред сѐ, во духовна, но и во материјална смисла на зборот.

Доколку, пак, му помогнеме на страдалникот, од она малку што само за нас останало и сме го чувале, односно доколку на Бог Му дадеме сѐ што имаме, тогаш Бог ќе нѐ направиме синови Негови по благодат; достоинство пред кое секое богатство од овој свет изгледа… не изгледа.

Пресвета Богородице, спаси нас!

P.S. Не заборавајте дека без конкретно да помагаме на оние што страдаат, а имаме можност – нема Причест!

Од оваа обврска не може да ве ослободи никој, па ни Ангел од небото.

Митрополит Струмички Наум

Source: https://pokajanie.mk/2020/12/06/30095/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј ВеликиДенес, Дева Мајка се раѓа од една неплодна мајка и украсен е дворецот за доаѓањето на Господ Христос. Денес врските на неплодноста се скршени и дверите на Дева се оградени. Оти, како што неплодната утроба била мртва за намерите за зачнување, а сепак, спроти сите очекувања, изродила...

Image Description
2 years ago

БEСEДА за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

    Ангeл Гoспoдoв застанува oкoлу oниe кoи сe бoјат oд Нeгo, и ги спасува (Пс. 33:7).Ангeл Гoспoдoв ќe вoјува за oниe кoи сe бoјат oд Бoга. Тoа сe пoкажалo јаснo мнoгупати, штo e запишанo, и бeзбрoј пати штo нe e запишанo. Архангeлoт Михаил гo oдбранил Исуса Навина. Ангeл вoјувал за...

Image Description
3 years ago

Куќа без темели – Митрополит Наум

Куќа без темели (21.10.2020 16:35) И зошто ми велите: „Господи, Господи!“, а не го извршувате она што ви го кажувам? Секој што иде при Мене и ги слуша зборовите Мои, и ги исполнува, ќе ви кажам на кого прилега. Тој прилега на човек, кој прави куќа, па ископа и продлабочи, и постави темел...