Иконата на Рождество на Пресвета Богородица

Example User · 3 years ago

    2 minutes, 53 seconds


Соrozdestvo na bogorodica1брани заедно, големите празници служат да ни ја раскажат сторијата на Воплотувањето, чија кулминација се наоѓа во центарот на годината со празнувањето на „Празникот над празниците“ – Пасха. Прв меѓу големите празници од црковната година, која започнува во септември, е Рождеството на Пресвета Богородица.

Раниот живот на Марија, Мајката Божја, сè до настанот на Благовештението е опишан во древното Протоевангелие на Јаков. Химнографијата и иконографијата за празниците што го одбележуваат зачнувањето на Марија, нејзиното раѓање и посветувањето на Храмот како дете, се базираат од овој ран (околу 2 век) спис.

Раѓањето на Богородица било чудесно, не дека таа била родена без прводорен грев, или дека била родена од девица, туку напротив бидејќи таа била родена од неплодни родители: Јоаким и Ана.

Иконата на празникот е повеќе или помалку достоверно изобразување на Протоевангелието, со композиција слична на Рождеството на нашиот Господ Исус Христос, за кое раѓањето на Марија претставувало подготовка. Ана е прилегната на кревет, слично како што самата Марија е прилегната на иконите од Христовото Рождество. Под Ана, детето Марија го измиваат бабици, исто како што детето Христос Го мие Саломија на иконата од Неговото раѓање. Исто како што Јосиф е прикажан далеку од главната сцена во иконите на Христовото Рождество, така и таткото на Марија, Јоаким, е прикажан одделно од сцената на иконите на Рождеството на Богородица.

rozdestvo na bogorodica2

Главната разлика е во околината. Додека Христовото раѓање е прикажано во пештера, во пустина, раѓањето на Мајката Божја е прикажано во град, внатре од градските ѕидини, во услови на прекрасно уредена куќа, зашто Јоаким бил „многу богат човек“ (Протоевангелие). Наместо пештера, Марија е во спалната на Ана, која според Протоевангелието била претворена во светилиште сè до времето кога Марија влегла во Храмот. Додека Марија и детето Христос во нивната релативна осаменост се набљудувани од ангели, околу Ана има многу движење: „чистите еврејски ќерки“ кои Ана ги довела во спалната да ја надгледуваат. Трпезата до Ана ја покажува гозбата што Јоаким ја подготвил за првиот роденден на Марија, на која биле поканети книжниците, свештениците и старешините Израилски.

Дrozdestvo na bogorodica3руги детали што можат да бидат присутни се одделни детали на Ана, Јоаким и детето Марија заедно во љубовна прегратка. Можат да бидат прикажани и сцени пред раѓањето на Богородица, на пример како ангелот го посетува Јоаким во пустината за да му каже за идното зачнување, како и прегратката на Јоаким и Ана при влезот на нивната куќа, претстава која одделно го претставува „Зачнувањето на Мајката Божја“. На дното од иконата понекогаш има водена фонтана или водени птици во мала градина. Ова го осликува „двојниот плач“ на Ана под ловоровото дрво во нејзината градина, кога мислела дека нема ниту да зачне, ниту да го види својот сопруг повторно:

Тешко мене! Кој ме роди? И која утроба ме породи? Зашто станав клетва пред очите на синовите Израилски, ме прекорија и со потсмев ме исфрлија од храмот на Господа. Тешко мене! На што ме уподобија? Не сум како ѕверовите земни, зашто дури и ѕверовите земни се плодни пред Тебе, Господи. Тешко мене! Со што ме споредија? Не сум како овие води, зашто дури и водите се множат пред Тебе, Господи. Тешко мене! На што ме уподобија? Не сум како земјава, зашто дури и земјата дава плодови во свое време и Те благословува, Господи.

Иконата на Рождеството Богородично ни ги прикажува релативно возвишените почетоци на Марииното раѓање. Во своето смирение, таа не ја очекува најавата на архангелот Гаврил што тој ќе ја донесе само неколку години подоцна и молчешкум ги носи спартанските околности на раѓањето на нејзиниот Син во Витлеем.

Денес Дева Богородица Марија,

Брачната одаја на Небесниот Младоженец,

По Божја волја се раѓа од неплодна жена,

И се подготвува да стане колесница на Бога Словото.

Таа беше предназначена за ова, зашто таа е божествена врата

и вистинска Мајка на Животот.

Извор: iconreader.wordpress.com

Подготвил: презвитер Георгиј Глигоров

Source: http://mistagogia.mk/ikonata-na-rozdestvo-na-presveta-bogorodica/

Related Posts

Image Description
3 years ago

Свети Ерконвалд, епископот на Лондон

ЖИТИЈА НА БОЖЈИ УГОДНИЦИ, КОИ ЗАСВЕТЛИЛЕ ВО ЗЕМЈАТА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ ЕРКОНВАЛД, ЕПИСКОПОТ НА ЛОНДОН, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 30 АПРИЛ (630-693; Erkenwald of London) Свети Ерконвалд[1] по потекло бил од царското источноанглиско семејство Офи. Скромните жити...

Image Description
3 years ago

Радоста на апостолите

Во тропарот на празникот пееме: „Си се вознесол во слава, Христе Боже наш, причинувајќи им радост на Твоите ученици“. Овде би се задржал на радоста, која ја доживеале светите апостоли и Пресвета Богородица, а која е карактеристика на православните христијани. Во псалмите и...

Image Description
3 years ago

Ретроспектива (2005-2020): Со љубов и почит за НЕА – Великата руска кнегиња Елисавета

   (Обновено) Колку ли можеме да простуваме? Некоја навреда, можеби? Неисполнето ветување? Лажно обвинување? А можеме ли да простиме убиство на некој што ни е многу близок, како што прости ТАА? Колкава ли жртва можеме да направиме за другите? Да се откажеме од нешто што ни припаѓа, можеби...