Свети Ерконвалд, епископот на Лондон

Example User · 3 years ago

    1 minute, 54 seconds


SVETI ERKONVALDЖИТИЈА НА БОЖЈИ УГОДНИЦИ, КОИ ЗАСВЕТЛИЛЕ ВО ЗЕМЈАТА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ ЕРКОНВАЛД, ЕПИСКОПОТ НА ЛОНДОН, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 30 АПРИЛ

(630-693; Erkenwald of London)

Свети Ерконвалд[1] по потекло бил од царското источноанглиско семејство Офи.

Скромните житијни податоци сведочат дека тој основал редица на познати манастири во Англија, меѓу кои е и манастирот во Чертси,[2] во денешната грофовија Суреј, каде што тој, откако се откажувајќи се од игуменските должности, се подвизувал до 675 година. Таа година, по смртта на епископот Вини, Ерконвалд бил ракоположен за епископ кај источните Саксонци, со епископско седиште во градот Лондон. Ракополагањето го извршил свети Теодор од Тарс, архиепископот на Кентербери, со дозвола на кралот Себи.

Свети Ерконвалд надалеку се прочул со светоста на својот живот. Во 686 година тој учествувал во помирувањето на архиепископот Теодор од Кентербери со епископот Вилфрид од Јорк. Во преамбулите на своите закони, кралот Ини го нарекувал светителот „мојот епископ“. Во времето на неговото епископско управување, бројот на цркви се преумножил, со зголемил приходот на епархијата, а Британската Црква се стекнала со многу кралски привилегии.

Според една древна епитафија, свети Ерконвалд со Лондонската епархија раководел 11 години, по што се оддалечил и осамостоил во манастирот во Баркли, каде што се подвизувала неговата сестра, света Етелберта, која таму била и игуменија. Во тој манастир, на 30 април 693 година, блажено се упокоил во Господа.

Свети Ерконвалд бил погребан во црквата на Свети Павле. По смртта, тој се прославил и како чудотворец, а неговите чудотворства се опишани во средновековната англиска поема St. Erkenwald.

Во 1087 година се случил страшен пожар во црквата, каде што се наоѓа неговиот гроб. Иако црквата била целосно изгорена, сепак, неговиот гроб останал недопрен од огнените јазици. По реновирањето на црквата во 1148 година, бил изработен и нов саркофаг, каде што и денес почиваат неговите свети мошти.

Свети Ерконвалд молитвено го повикуваат сите оние, кои имаат здравствени проблеми со коските, а Православната црква неговиот спомен го празнува на 30 април според Јулијанскиот календар.

[1] Ерконвалд = миленик.

[2] Во манастирот во Чертси, во 870 година, маченички пострадале сите монаси, кои биле убиени од данските јазичници. Манастирот бил урнат од Хенрих VIII.  На празникот Богојавление, монасите од православниот манастир на Свети Едвард Англиски во Бруквуд, во областа Суреј, на местото од некогашниот манастир Чертси, секоја година извршуваат Голем Водосвет, во присуство на голем број православни верници.

Source: https://blagovesti.wordpress.com/2017/07/21/%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d0%b5%d1%80%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%b2%d0%b0%d0%bb%d0%b4-%d0%b5%d0%bf%d0%b8%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d0%be%d1%82-%d0%bd

Related Posts

Image Description
3 years ago

Покровот на Пресвета Богородица

Покровот на Пресвета Богородица     1/14/ 10/Лето Господово  Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, Којашто со своите претстателски молитви Го смилостивува Бога кон нас грешните. Помошта на Пресвета Богоро...

Image Description
3 years ago

23. недела по Педесетница – “Што имаш co нас Tи, Исусе, Сине Божји?” – прашуваат демоните….

“Што имаш co нас Tи, Исусе, Сине Божји?” – прашуваат демоните. Co други зборови тоа значи: што има заедничко помеѓу Тебе и нас? Од каде оваа Твоја неочекувана и несакана посета? “Какво согласие може да има меѓу Христа u Велијар (2. Kop. 6,15)?” Сигурно дека нема никаква согласност. Затоа Велијаровит...

Image Description
3 years ago

Воведение во храм на Пресвета Владицича наша Богородица и Приснодева Марија

Воведение во храм на Пресвета Владицича наша Богородица и Приснодева Марија УТРЕНА Тропар, глас 4. Денес е почеток на милоста Божја, и навестување на човековото спасение. Во храмот Божји Дева јасно се покажува, и Христа на сите им Го предвестува; нејзе и ние гласно да ѝ запееме: Радувај се, исполнув...