Георгије Манзаридис: Присуството на Добрината – (I дел)

Example User · 3 years ago

    2 minutes, 41 seconds


 Барање на доброто

Желбата за добро е вкоренета во човекот. Притоа доброто секогаш е убаво а злото – грдо. Тоа станува јасно и од одбојноста што човекот ја чувствува кон злото. Во што всушност се состои доброто и како човекот да учествува во него?


Георгије Манзаридис

Пред да продолжиме со барање на доброто треба да спомнеме некои претпоставки. Доброто не треба да се бара како идеја, бидејќи не може да биде идеја. Тоа треба да биде ралност, зашто само како реалност може да има врска со човекот и со неговиот живот. Освен тоа доброто не треба да се бара надвор од светот или барем само надвор од него, зашто ако се наоѓаше само надвор од светот тоа ќе беше недостапно и бесполезно. Во тој случај светот нема да можеше да го почувствува и да го живее. Следствено доброто треба да се наоѓа во светот, како и во човекот, зашто ако се наоѓа само во светот, но не постои и во човекот, нема да е вистинско добро. Во тој случај доброто би водело до користољубиво барање и би предизвикало радор и непријателство меѓу луѓето. Но на таков начин самото добро би се претворило во причина за споственото негирање. За да може доброто навистина да е добро тоа треба да е достапно за човекот. И на крај, доброто треба да е достапно за сите луѓе, за да може нивното учество во него да не им создава проблеми во взаемните односи, туку да биде причина за нивното зближување и надминување на пречките кои предизвикуваат раздор.
Доброто како личност

Според христијанското учење, доброто не е идеја туку личност. Доброто е Бог. Како единствен благ (види Матеј 19,17 Марко 10,18), и како „добар во првична и личносна смисла“. Бог постои, како надвор од светот така и во него. Тој сепак е присутен не само во светот, туку и во човекот. Бог им се предлага на сите луѓе, зашто сите се создадени по Божји образ и подобие (види Битие 1,26) и сродувањето со Него станува причина за нивното постигнување на полнота и меѓусебно зближување.


Творецот и тварта


Човекот е создаден во времето и причината за неговото постоење е надвор од него. Како сета твар, така и тој е создаден од Бога од небитие и затоа небитието е неговото последно онтолошко начело. Како некој што има почеток, човекот е подложен на промени, бидејќи самиот почеток е првата промена. И покрај тоа што целата твар е променлива, само разумната природа, која поседува слобода, може да се движи кон доброто или злото и тој податок ни ја открива перспективата на моралниот живот.

Бог создал сѐ „многу добро“ (види Битие 1,31). Тој не го создал човекот како „супериорен“ во неговата завршна форма од самиот почеток, туку го повикал кон труд и грижа за да ја оствари крајната цел на своето создавање (види Битие 2, 15). Од друга страна тука сфаќањето за добро не се ограничува на убавината на тварта, туку „се проценува според логосот на творението“. Се разбира убавината на тварта е израз на убавината на Творецот. Он е крајната убавина, која им предава красота на сите создадени нешта во зависност од нивната приемчивост, ги обединува помеѓу себе, ги движи и поткрепува преку привлекувањето кон Сопствената убавина.
 Убавината на тварта

Човекот прв во светот ја одразува Божјата убавина и е спосебен да се радува на убавината на тварта. Карактеристично е дека Божјата заповед кон човекот е поврзана со ползувањето на светот во согласност со Божјата волја (види Битеие 2,16). Сепак човекот ја нарушил Божјата заповед и го послушал ѓаволското дошепнување. Тој се оттуѓил од Бога и доживеал пад, во кој ја вовлекол сета твар. Преку оттуѓувањето тој се одделил од Изворот на доброто и ја изгубил „првосоздадената убавина“. Заедно со тоа го изгубил и чувството за вистинска убавина и престанал да се радува на тварта на правилен начин.

(Продолжува…)

Преземено од:

https://bigorski.org.mk/katehizis/prisustvoto-na-dobrinata-part-1/

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/katihizis/23481-georgije-manzaridis

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Старец Ефрем Филотејски: За послушанието

  Послушанието има вредност единствено кога низ страдање и труд се отсекува самоволието. Страсните навики наликуваат на трнливи корења и природно е дека секој што сака да ги искорне ќе почувствува болка, ќе се боцне и од раката ќе му потече крв. Истото се случува и кога заради послушание кон ду...

Image Description
2 years ago

Блажена матушка Алипија Голосеевска

Блажена матушка Алипија Голосеевска    Блажената Алипија се родила отприлика во 1910 – та година во Пензенската област во благочестивото семејство на Тихон и Васа Авдееви. Блажената старица раскажувала, дека татко ú бил строг, а мајка и многу добра, голема трудбеничка и многу уредна....

Image Description
3 years ago

Скопска Црна Гора - македонската Света Гора

Скопска Црна Гора - македонската Света Гора " За црквата Свети Никола во Љуботен, македонскиот револуционер Ѓорче Петров во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, запишал дека надвор од селото на видно место има стара, но убава црква која се гледа дури и од Скопје, к...