Скопска Црна Гора - македонската Света Гора

Example User · 3 years ago

    1 minute, 1 second


Скопска Црна Гора - македонската Света Гора

Image may contain: tree, sky, outdoor and nature"

3.angeli.so.truba

За црквата Свети Никола во Љуботен, македонскиот револуционер Ѓорче Петров во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, запишал дека надвор од селото на видно место има стара, но убава црква која се гледа дури и од Скопје, која според натписот над нејзината врата таа била изградена од царот Стефан Душан.
Авторот на овој фрескопис до ден денес останал непознат, но се смета дека потекнува од охридската школа. Стилските особености на неговата сликарска техника говорат за еден мошне талентиран зограф чии цртежи отскокнуваат од вообичаената иконографска концепција. Тие се ослободени од груби анатомски неточности, а во сликањето на фреските се забележува еден суптилен, пореалистичен пристап надополнет со богатиот колорит во кој доминира употребата на топлите тонови. Ова е евидентно во долната партија на северниот ѕид каде покрај светителите во цел раст, се предадени портрети на световни фигури-членови на царското семејство: царица Елена, цар Душан и нивниот син Урош. Од композициите покарактеристична е онаа со сцените од Свадбата во Кана Галилејска. Во периодот од 2006 до 2017 година, фрескоживописот во црквата бил реставриран и конзервиран.


Се работи за црква од 14. Век со  исклучително богат фрескоживопис."


Територијата на  Скопска Црна Гора е предел од Македонија кој  е богат со над 50 цркви и манастири.

 3.angeli.so.truba

Избор од фб профил на

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/manastiri-i-crkvi/23839-skopska-crna-gora-makedonskata-sveta-gora

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Ава Антониј: Зошто велиме дека Бог се радува на добрите, а се одвратува од лошите?

Бог е добар, бестрастен и непроменлив. Ако некој мисли дека е разумно и вистинито да се потврди дека Бог не се менува, тогаш можеме да прашаме, зошто во таков случај е можно да се говори за Бога дека Он се радува над оние што се добри и милостив кон оние што Го почитуваат, а се одвратува од лошите...

Image Description
3 years ago

Архимандрит Андреј Конанос: Вoздвижение на Чесниот Крст Господен – V дел

 Кога ќе стигнеш до тоа да кажеш дека другите страдаат повеќе од тебе, тоа значи дека си напреднал, дека си созреал, дека си се утврдил ,дека болката успеала да ти ја предаде својата лекција, да те научи на љубовта, да те научи на големината на твојата душа, да те научи да проштеваш на сите, да...

Image Description
2 years ago

“Ниту ситe вo пустината сe спасија, ниту вo свeтoт ситe загинаа“ (13.02.2022)

  Иакo свeтитe oтци гo фалeлe мoнаштвoтo какo ангeлски чин; иакo мнoгумина oд најгoлeмитe свeтитeли гo прoживeалe вeкoт и дoшлe дo сoвршeнствo вo глува и бeзживoтна пустина, сeпак, правoславната црква нe им прeпoрачува мoнашeњe на ситe вeрници. “Ниту ситe вo пустината сe спасија, ниту вo свeтoт...