Зошто се јавуваат психичките болести? Какви духовни проблеми можат да бидат причина за тоа?

Example User · 3 years ago

    2 minutes, 12 seconds


 TVITer521

Зошто се јавуваат психичките болести? Какви духовни проблеми можат да бидат причина за тоа?


Почитуван,

најкраток можен одговор за појавувањето за психичките болести е неправилното водење на духовниот живот.

Секако кога ќе ја отвориме оваа материја ќе најдеме мноштво гранки кои ќе го дефинираат дадениот одговор. Овој свет наместо да тргне од тоа да го анализира одговорот кој го дадовме и да се праша што е тоа духовен живот, духовно раководење по Евангелие, Светите Отци, или домостројот на спасение во Цркавата, тој ќе се сврти кон последиците и цело време ќе се обидува нив да ги санира никогаш не барајќи ја основната причина или зависноста помеѓу духот и телото.

Во духовниот речник овој свет го нарекуваме обезбожен, бидејќи љубовта не е основен двигател на човекот, а особено општественото уредување, туку тоа е една извитоперена материја која прокламира слобода и во таа слобода никогаш не ја исклучува слободата во гревот која го заразува човекот, ги уништува добродетелните негови настроенија дури ќе кажиме ги исмејува основните форми на просто и едноставно живеење. Таквото раководство на општественото уредување ги прокламира вредностите – да се биде над другите, да се гордее човек со постигнувањата, награди за титули и ракоплескања, телесни убавини кои полнат очи и матријални добра кои треба „да се постигнат“. Сето ова, а сигурно имаме уште безброј производи на човековата гордост го потиснува во втор план сето она што е честитост, љубомудрие, човекољубие и останати состојби и мисли кои треба да послужат на ближниот. Во христијанството Бог нѐ повика, ни заповеда да го љубиме ближниот, да послужиме на ближниот, да се наоружаме со вера, надеж и љубов, а вистинската награда и богатство да ги очекуваме во идниот живот. Што и да сме направиле добро или послужиле на Доброто – ракоплескањето, наградите, медаљите да бидат причина да бегаме далеку од таа суетна пофалба од овој свет. Прашувате за психичките растројства: кога човекот трагајќи по лагите од горенапишаното почнува да го губи чекорот, да неможе да живее според рекламите, да биде далеку од постигнување на она што очите овде го виделе, или ушите слушнале – кај него се јавува незадоволство, тага, и мисли дека е безвреден и безвредно живее. Честопати неговата личност се насочува кон барање кривици на секаде, во секого. Односно – да заклучиме основната причина на неговото постоење е пореметена, неможе да се најде, да дојде на себеси и тогаш се развиваат психичките болести од кои што најпозната е онаа која светот ја нарекува шизофренија, односно свет внатрешен кадешто човекот би побегнал. А и други психички пореметувања коишто во својата основа секогаш можат да бидат манијакални или агресивни, отфрлајќи ја веќе секоја подадена рака. Значи уште од мала воздраст родителите треба да ги учат нивните деца на вредноста на животот кој би се огледал преку почитување на другиот и внимавање на себе...

 Манастир Свети Јован Претеча Слепче

Извор:

https://www.manastirslepche.mk/article/zoshto-se-javuvaat-psihickite-bolesti-kakvi-duhovni-problemi-mozat-da-bidat-pricina-za-toa-1

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/odgovori-na-sovremeni-problemi/23833-zoshto-se-javuvaat-psihichkite-bolesti-kakvi-duhovni-problemi-mozhat-da-bidat-prichina-za-toa

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Ретроспектива (2005-2020): „Зошто православните се крстат поинаку од римо-католиците? (4)

  Прашање: Православните, додека се прекрстуваат, прво го допираат десното, па левото рамо. Римо-католиците, пак, прават обратно: се прекрстуваат од лево надесно. Дали редоследот и страната се важни? Дали воопшто има некаква разлика?Одговор: Точно, православните се крстат оддесно налево. Најпр...

Image Description
3 years ago

СТРАШНИОТ СУД НАД БОГА

  СТРАШНИОТ СУД НАД БОГА Архимандрит Јустин (Поповиќ)(беседа на Велики Петок изнесена во Сремски Карловци 1926 година)  Никогаш во човекот Го немало Бога помалку, драги браќа, отколку денес; никогаш Го немало помалку, отколку денес! Денес ѓаволот се овоплотил во човекот да го “разовоплоти”...

Image Description
3 years ago

Вознесение Христово (Спасовден)

По 40 дена од Своето Воскресение, Христос ќе се вознесе на небото, и со тој настан се запечатува целото Негово спасително дело. За овој настан, од евангелистите накратко споменува Марко (16,19-20), а најмногу Лука (Лк 24,50-53 и Дела 1,1-11). Исто како и страдањето и воскресението, Христос претходн...