За осудувањето (3)

Example User · 3 years ago

    0 minutes, 45 seconds


Некогаш во Скитот некој брат паднал во грев. Браќата се собрале и пратиле по ава Мојсеј; но тој не сакал да дојде. Тогаш презвитерот пратил по него со вакви зборови: дојди, те очекува собранието. Авата станал, зел една лоша корпа, ја наполнил со песок и така тргнал. Браќата што му излегле во пресрет го прашале: отец, што значи ова? Старецот им рекол: тоа се моите гревови што се истураат зад мене – но јас не ги гледам нив, туку дојдов сега да судам туѓи гревови. Браќата, откако го слушнале ова, ништо не рекле за братот, туку му простиле.

Ава Јосиф го прашал ава Пимен: кажи ми како да станам монах? Старецот одговорил: ако сакаш спокој, и овде, и во идниот век, тогаш при секое дело говори: кој сум јас? И никого не осудувај.

Братот го прашал и ова: ако го видам гревот на мојот брат, добро ли е да го сокријам? Старецот му рекол: кога ние ги покриваме гревовите на братот, тогаш и Бог ги покрива нашите согрешенија, а кога го откриваме гревот на братот, и Бог ќе ги објави нашите гревови.

Source: http://mistagogia.mk/za-osuduvanjeto-3/

Related Posts

Image Description
3 years ago

За ава Ор (7/20 август)

Еднаш ава Ор како поука на браќата им го раскажа ова: Во пустината видов еден човек кој три години не вкуси ништо од земната храна; секој трет ден ангел Господов му донесуваше небесна храна, која во исто време му беше замена и за водата. Но, меѓу монасите знам и за таков човек, кај кого ѓаволите дој...

Image Description
3 years ago

Св. 15 Тивeриoпoлски (Струмички) свeшт. маченици. (Од Православниот календар)

Св. 15 Тивeриoпoлски (Струмички) свeшт. мчци. Кoга сe зацарил импeратoрoт Јулијан Oтстапник (361-363 г.) и кoга пoчнал да ги прoгoнува христијанитe, oд Никeја вo Сoлун, а oттаму вo Тивeриoпoл, избeгалe eпискoпитe: Тeoдoр (члeн на Првиoт всeлeнски сoбoр oд 325 гoд.), и Тимoтeј, какo и мoнаситe Кoмаси...

Image Description
3 years ago

Шеснаесетта Недела по Педестница

Свето евангелие според светиот апостол Матеј 25:14-30 14. Зашто, Он ќе постапи како човек, кој тргнувајќи на пат, ги повика слугите свои и им го предаде својот имот; 15. и на едниот му даде пет таланти, на другиот два, на третиот еден; секому според силата негова; и веднаш замина. 16. Оној, што зеде...