ХРИСТОС ИЛИ БИЛО КОЈ ДРУГ…(Романтичарска идеја за христијанството)

Example Admin User · 3 years ago

    1 minute, 14 seconds


Романтичарска идеја за христијанството (09.12.2020 11:03)

Луѓето сакаат несметано да живеат некоја романтичарска идеја за христијанството, да се залажуваат со некаква сентиментална „љубов“ кон Бог и кон ближните, така што како да забораваат дека „животот“ е конкретен и дека во одреден момент секако ќе ги постави пред изборот – Христос или кој било друг или што било друго; па макар и некој најблизок или нешто најблиско.

Нормално е дека христијанинот, при таквиот избор, секогаш Го избира Господ Христос.

На пример, ако сме поставени, како светите маченици (или монасите), да бираме помеѓу одрекување од Христос – од една страна, или од родено дете, или од мајка или од татко, или од роден брат или од сестра, или од нешто друго најмило – од друга страна, ние од Христос не се одрекуваме!

Но, демонот, како искусен непријател, не ги фаќа луѓето во своите замки најпрво на големи работи или избори, туку на ситни; на изборот помеѓу задоволување на некоја нивна мала страст или Христос.

Затоа, проблемот се малите работи и малите избори на кои демонот, луѓето, преку нивните страсти, ги лови – со што тие се одрекуваат од Христос, а истовремено мислат дека тоа ништо не е.

Постапка на постепено загревање на водата до зовривање, во која несвесната – за тоа, жаба седи.

Постојат уште две Божји заповеди кои во парампарче ја разбиваат романтичарската идеја и илузија за христијанството, а тоа се заповедта за љубов и кон непријателите (види: Матеј 5, 44) – наместо завист и омраза, и заповедта за конкретно помагање на оние што страдаат (види: Матеј 25, 45) – наместо бесчувствителност (пасивна религиозна социопатија).

За дополнителни информации и објаснувања обратете се кај вашиот духовен отец.

Пресвета Богородице, спаси нас!

Митр. Наум

Source: https://pokajanie.mk/2020/12/09/30115/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Како да ја препознаеме Божјата волја…(Митрополит Наум)

ГНОМИ, т.е. МИСЛЕЊЕ Синот Божји, при воплотувањето – од Светиот Дух и Дева Марија, во Себе ја земал целата човечка природа; земал тело, разумна и умна душа, како и нивните својства… Сè земал освен гревот, поточно, подложноста на грев. Во Богочовекот Христос нема гноми, т.е. мислење. Божествената И...

Image Description
3 years ago

Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

 Секој сака да е некој, никој не сака да расте (02.01.2021 10:54)Многу луѓе се незадоволни од одредени состојби. Тие состојби може лично да ги засегаат, а може да ја засегаат пошироката јавност, како и целото општество.Сите тие сакаат таквите состојби да се променат и мнозина од нив својата жел...

Image Description
3 years ago

На рјеках Вавилонских…!

обновување на лозинка враќање на лозинка вашата е-мејл А лозинка ќе ви биде испратено до вас.