ВТОРИОТ БРАН НА КОВИД ЌЕ ГО „ПОГРЕБЕ“ ПАТРИЈАРХОТ КИРИЛ

Example Admin User · 3 years ago

    3 minutes, 34 seconds


http://rossiyaplyus.info/21802-09/

….

ВТОРИОТ БРАН НА КОВИД ЌЕ ГО „ПОГРЕБЕ“ ПАТРИЈАРХОТ КИРИЛ

Започна.

Генералниот секретар на Обединетите нации рече дека по првиот бран на Ковид „не успеа тестот за меѓународна соработка“.
Израел го заострува карантинот и на своите граѓани им забранува да се оддалечуваат од нивните куќи подалеку од еден километар.

Според извештаите, во Русија, со брзината на светлината се воведуваат системи за брзо препознавање на луѓето за да се идентификуваат неистомислениците.

Московските власти веќе им препорачаа на постарите луѓе повторно да седат во „куќен притвор“, а господинот Собјанин татковски им „советува“ на неколку илјади московски претпријатија повторно да одат „на одмор“.
Општо земено, сѐ започна онака како што беше ветено.

А што се случува во нашата Црква?

Како Патријаршијата се соочува со новиот бран на „короната“? Начелно, без отстапување од „генералната линија“.

Архиереите активно промовираат чудесна вакцина:
Митрополитот Иларион (Алфеев) од ТВ-екраните, Митрополитот Тихон (Шевкунов) од амвонот.

Официјалната богословска мисла (во ликот на поп Георгиј Максимов, кој по малку флертува со духовите на поднебесието), со сите сили пламти за дигитализација, докажувајќи дека „дигиталното“ не влијаело врз верата (нова верзија на „Бог во душата“).

Маските и ракавиците во повеќето парохии станаа дрес-код на благочестивиот христијанин, и по нив се распознава послушниот парохијанин од грешниот „слободоумник“, кој сѐ уште верува во опасниот мит дека во храмот Божји не може да се зарази.

„Упатствата“ за дезинфекција на благодатта и понатаму се спроведуваат со истиот жар, на кое ерархијата постојано потсетува.

Како нашата Руска Црква го помина првиот бран на коронавирусот и со какви загуби – видовме.

Авторитетот на Патријархот Кирил стрмоглаво се урна, речиси се наѕираше нов „старообредски раскол“ во ликот на Сергиј Романов и неговите приврзаници, црковната управа беше практично парализирана, а кадровските прескокнувања на последниот Синод го открија целосното поништување на ресурсите на „рускиот понтификат“.

На ова го додаваме и општото осиромашување на епархиите и парохиите, некаде дури и на работ на немаштија.

Вториот дел од „ковид балетот“, доколку ерархијата продолжи да игра според истите правила како и оваа пролет, може да предизвика трајни последници.

1. Набргу ќе се случи нов „старообредски раскол“ во РПЦ.
Нов соловецки манастир може да стане не само Средноуралскиот, туку и други парохии, а може да дојде дури и до обединување на црковните бунтовници во конгломерат.

Ќе настане еден вид „антиковидна епархија“ на неспомнувачите (заб. прев. – оние кои на богослужбите не го спомнуваат надлежниот епископ или патријархот под обвинение за ерес), со центар во Урал, на пример.

2. Властите, конечно, ќе го сведат значењето на црковната институција на ниво на супермаркетите и берберниците, со кои зборуваат на јазикот на прописите и упатствата. Всушност, „Роспотребнадзор“ молчешкум ќе биде прогласен за „патријарх на цела Русија“.

3. Продолжувањето со стерилизација на лажичките за причестување, ковид-богословието, богохулните псевдо-санитарни мерки за време на богослужбите, како и репресијата над нелојалните клирици и лаици – ќе доведе до значаен одлив на луѓе од Црквата: и верници, кои на Велигден веќе потполно беа исмевани, и „посетители“ (заб. прев. – номинални верници), кои своите фрагментарни религиозни потреби конечно ќе ги префрлат онлајн.

4. Сето погоренаведено многу ќе ја усложни положбата на Руската Црква на меѓународната сцена.

Тоа ќе биде единствената Црква во која насилно е воведена евхаристиската новотарија на давање на Светите Дарови во рацете на народот (бришење и миење на лажичките) и која благословува практично иконоборство (забрана за целивање крст, путир, икони)!

Ете тоа се случува кај нас! Тогаш, од кои позиции на „верност кон Преданието“ и „чистотата на верата“ можеме да му се спротивставиме на Фанар?

Како можеме да ги консолидираме антифанарски настроените Помесни Цркви околу Московската Патријаршија ако и самите наши епископи дале пример на целосно газење на каноните и литургискиот живот?

Зошто нашиот Патријарх или синодалците би требало да се почитуваат во православниот свет, кога дури и меѓу грчките епископи имаше такви кои не се плашеа на властите да им кажат разобличувачки зборови по повод коронабесието, а нашите архипастири (со ретки исклучоци) ја осудија сопствената паства поради „неверување“ во Ковид?

Дури и „православниот атеист“ Лукашенко на Велигден дојде во црква и ги посрами „страшливците“, а намесникот на Троице-Сергиевата лавра на социјалните мрежи ги молеше верниците да се „сожалат“ на него и на неговите монаси и да не доаѓаат на служби.
Сумирајќи го прелиминарниот резултат од несреќните перспективи за РПЦ, во случај на повторно влетување под власт на „коронакратијата“, би сакал да кажам накратко:
вториот бран ќе го „погребе“ Патријархот Кирил.

Не, не физички, се надеваме (Бог да го благослови!), туку метафизички.
ѓакон Иља Маслов

Извор: http://rossiyaplyus.info/

Source: https://pokajanie.mk/2020/10/02/29495/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки познатиот шампион во спортско качување, Адам Ондра. 25-годишниот Адам, кој е родум од Брно, неколку години е дел од Чешката спортско-качувачка репрезентација и омилен спортски лик не само во својата земја, туку и н...

Image Description
3 years ago

Имаме најповолна можност за решавање на автокефалијата на МПЦ, јасно е дека нема канонски пречки…

Владиката Петар: Имаме најповолна можност за решавање на автокефалијата на МПЦ, јасно е дека нема канонски пречки Сите помесни православни цркви и денес ги користат најповолните моменти и можности за нивното возобновување како автокефални цркви и патријаршии, па така и овие најнови случувања во прав...

Image Description
3 years ago

Саентолошката секта регистрирана и во Македонија

САЕНТОЛОШКАТА ТОТАЛИТАРНА СЕКТА РЕГИСТРИРАНА И ВО МАКЕДОНИЈА, И ТОА КАКО ЦРКВА Со одлука на Основниот суд Скопје 2, од пред некој ден во Македонија е регистрирана саентолошката тоталитарна секта како црква. Со регистрацијата, саентолошката секта е вметната во Регистарот на религиозни заедници и верс...