Свети Чед, епископот на Личфилд

Example User · 3 years ago

    1 minute, 34 seconds


SVETI CHEDЖИТИЈА НА БОЖЈИ УГОДНИЦИ, КОИ ЗАСВЕТЛИЛЕ ВО ЗЕМЈАТА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ ЧЕД, ЕПИСКОПОТ НА ЛИЧФИЛД, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 2 МАРТ

(634-672; Chad of Lichfield)

Свети Чед,[1] заедно со својот брат Кед, своето образование го стекнале во манастирот во Линдисфарн, кај неговиот основач – свети Ајдан, а потоа учел кај свети Егберт, во манастирот Ратмелсиги (Rathmelsigi).

Кед го повикал Чед во Англија, за да му помогне во основањето на манастир во Ластинго (Laestingaeu), денешен Ластингем, во Северен Јоркшир. По смртта на Кед, во 664 година, Чед бил избран за втор игумен во Ластинго, а нешто подоцна, по молба на Освиј, кралот на Нортумбрија, бил ракоположен и за епископ на Нортумбрија, со седиште во Јорк.

Во црковната историја е забележан и еден спор околу назначувањето на Чед за епископ во Јорк. Имено, истовремено во Јорк своја епископска имал и свети Вилфрид, но ова прашање било разрешено во 669 година, кога Кентерберискиот архиепископ Теодор одлучил Вилфрид да остане во Јорк, а Чед се вратил во Ластинго.

По смртта на епископот во Мерсија, свети Теодор го помолил кралот Освиј да го назначи Чед за епископ на овдовената епархија. За свое епископско седиште, Чед го избрал Личфилд, каде што набргу по пристигнувањето, основал црква и манастир.

Во првите години од епископствувањето, Чед го основал манастирот во Линдси (Lindsey), на земјата, која ја добил како подарок од кралот Вулфхер Мерсиски (Wulfhere). Набргу потоа го основал и манастирот во Бароу на Хамбер (Barrow upon Humber). Свети Чед ќе остане запаметен како поддражавач на апостолската традиција, зашто низ целата епархија одел пешки.

Светиот епископ Чед починал во 672 година од чума, а неговото житие е исполнето со опишани чудеса, кои се случиле по смртта на неговиот гроб. Неговите свети мошти, кои најпрво се наоѓале во црквата во Личфилд, таму се чувале до Реформацијата, а потоа биле префрлени во црквата, посветена во негова чест, во градот Бирмингем.

Свети Чад денес е прославен како заштитник на областа Мерсија, градот Личфилд, како и на астрономите. Православната Црква неговиот спомен го празнува на 2 март според Јулијанскиот календар.

[1] Чед = востаник.

Source: https://blagovesti.wordpress.com/2017/07/10/%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d1%87%d0%b5%d0%b4-%d0%b5%d0%bf%d0%b8%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%bb%d0%b8%d1%87%d1%84%d0%b

Related Posts

Image Description
3 years ago

Преподобен Теофил Струмички

Блажениот Теофил се роди од побожни родители во близината на градот Тивериопол, денес Струмица, во Македонија. Го крстија кога имаше три години. Еднаш родителите го одведоа на гората Селентија (Еленица, над Струмица) за да земат благослов од светиот старец Стефан. Тој ги благослови родителите и ни...

Image Description
3 years ago

Мироточение на свети Димитриј во 1987 година

 Мироточение на свети Димитриј во 1987 година Во овој текст ќе си спомнеме за чудото на мироточење на свети Димитриј во светиот храм во Солун, 1987 година, како што раскажува ѓаконот на храмот и денешен свештеник во светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во областа Четириесет цркви во С...

Image Description
3 years ago

34 –та недела по Педесетница

34 –та недела по Педесетница Апостол од Послание до Колосјаните (3, 12-16) 12 И така, како избраници Божји, свети и возљубени, облечете се во милосрдност, доброта, смиреност, кротост и долготрпеливост; 13 трпете се еден со друг и проштавајте си. Ако некој има поплака на некого, како што Христос ви...