Св. Фануриј – Заради оваа молитва мнозина добиваат помош…

Example Admin User · 3 years ago

    0 minutes, 45 seconds


Светиот маченик Фануриј
Календар

Кој бил и кога живеел овој светител не се знае. Многу се почитува на Родос и на Крит. Од нашите краишта во Прилеп и Битола.

Во 1500 година им се јавил на некои на островот Родос и таму покажал чуда и исцеленија.

Таму е пронајдена и една негова стара икона. На неа Фануриј е изобразен како млад војник, којшто во десната рака држи крст, а во левата запалена свеќа.

Свети Фануриј многу се слави и во Мисир. Таму постои предание дека неговата мајка била голема и непоправлива грешничка.

Но синовската љубов на Свети Фануриј кон неа била извонредна. Тој повеќе Му се молеше на Бога за спасението на својата мајка, одошто за своето.

При неговото убиство, додека незнабожците го трупале со камења, светителот се молел:

„Заради овие мои маки, помогни им Господи на сите што ќе се помолат за спасението на мојата грешна мајка.

Во Мисир, а и кај нас, многумина така и се молат:

„Спаси ја, Господи, грешната мајка на Свети Фануриј, а и мене, грешниот, помогни ми.“

И заради оваа молитва мнозина добиваат помош.

Подготви С. Трајчева

Source: https://pokajanie.mk/2020/09/04/29195/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Велигден во затвор

Јеромонах Дамаскин Кристенсен (од животот на праведниот романски свештеник Георги Калчу) Едно доживување од детството Отец Георги ни раскажа и за едно друго допирање до несоздадената светлина – кога бил дете. Како осумгодишен, стоел загледан во нивата на своите родители и...

Image Description
3 years ago

Светиот пророк Даниил и тројцата младенци Ананиј, Азариј и Мисаил

Светиот пророк Даниил и тројцата младенци Ананиј, Азариј и Мисаил  Сите четворица беа од царското племе Јудино. Кога царот Навуходоносор (или Невукаднезар) го разори и заплени Ерусалим, тогаш и Даниил, како момченце, беше одведен во ропство заедно со јудејскиот цар Јоаким и со мнозина други Изр...