Старец Клеопа: Мајка и царица на сите добри дела

Example User · 3 years ago

    1 minute, 36 seconds


Молитвата е мајка и царица на сите добри дела. Но како таа е мајка на сите добри дела кога големиот апостол Павле вели: „А сега остануваат верата, надежта и љубовта, но љубовта е најголемата од нив“?

Значи ова покажува дека молитвата не е најголемото добро дело, туку љубовта. Но сепак, зошто светите Отци рекле дека молитвата е мајка на сите добри дела? Затоа што таа ја донесува љубовта во нашата душа. Љубовта кон Бог и љубовта кон ближните не доаѓа во нашата душа преку друг пат, туку само благодарение на молитвата! Ви велам: ако некого си налутил или некој тебе те налутил, и почнеш да го спомнуваш во молитвата, одеднаш ќе видиш дека исчезнува омразата помеѓу вас. Со молитвата се пресекува раздорот и со неа ја придобиваш личноста и ја приведуваш кон помирување и соединување. Затоа св. Максим вели: „Кога ќе видиш некој што те мрази, или ти нанесува навреда, било со право, или без, почни да го спомнуваш во молитвите“. Но да не го спомнуваш за да го снајде некое зло, бидејќи тогаш тоа ќе те снајде тебе. Речи вака: „Господи Исусе Христе, помилуј ме мене грешниот и мојот брат (името), затоа што поради моите гревови ми се налути. Зашто мојот брат е моето огледало и тој ги гледа моите лоши дела“.

Така вели и св. Јован Лествичник: „Немој да го обвиниш братот, кога се молиш за него, или да бараш казна за него“, како што некои ги ставаат во поменикот како непријатели. Тоа не е дозволено! Дури и ако некои ги означите како непријатели, знаете ли како Црквата се моли за нив? Црквата се моли за непријателите тие да се вразумат, да им се простат гревовите, да бидат приведени кон познание на вистината, да станат кротки и да му се вратат на доброто.

Така се моли Црквата. Таа никогаш и никому не му посакува да направи зло. Затоа што Бог сака сите луѓе да се спасат (1 Тим. 2, 4)... А кога ние имаме каква и да било незгодна ситуација, ни се чини дека тој и тој нѐ мрази. Но Црквата не! Таа не прави разлика. Таа се моли подеднакво за сите, за да бидат добри.

Затоа, зборувајќи ви за светата молитва, реков дека таа се нарекува мајка на сите добри дела, затоа што таа го доведува во нашата душа најголемото добро дело: љубовта кон Бог и љубовта кон ближниот.

Старец Клеопа

 Извор од ФБ профилот на : Ивица  Трајковиќ

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/duhoven-azbuchnik/21138-p

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Ретроспектива (2005-2020): Кога велиме „Слава Ти, Боже", демоните се фрлаат во морето

26ти декември   2020 лето Господово св. Пајсиј Светогорец Кога велиме „Слава Ти, Боже", демоните се фрлаат во морето-    Старче, загрижена сум бидејќи имам многу здравствени проблеми.-    Сето тоа да го примаш како голем дар Божји. Бог не е неправеден. На небесат...

Image Description
3 years ago

С нами Бог!

Утеха во денешната состојба со вирусот Отец Пимен (Влад) е настојател на Ќелијата – Воведение на Пресвета Богородица – на Света Гора Атонска, која припаѓа на Скитот Лаку. Драги мои! Сакам на кратко да поговорам со вас, седејќи со чашка кафе. Си приготвив кафе, слатко кафе,...

Image Description
3 years ago

ЖИТИЕ НА ПРЕПОДОБЕН ЈОАНИКИЈ РАКОТИНСКИ

ЖИТИЕ НА ПРЕПОДОБЕН ЈОАНИКИЈ РАКОТИНСКИЧуден е патот на Божјите угодници и кога ќе сака Бог, тогаш и ги прославува    Чуден е патот на Божјите угодници и кога ќе сака Бог, тогаш и ги прославува. Сè е по волјата Божја, важно е ние да Го следиме, т.е. да соработуваме, да учествуваме во...