Ретроспектива (2005-2020):„ Покајанието почнува од јазикот - Старец Сампсон (Сиверс)-6

Example User · 3 years ago

    2 minutes, 2 seconds


 лого

Picture

Додека јазикот не е зауздан, нема ништо од покајанието. Јазик во домот, јазик на работа, јазикот насекаде. Објавете скржавост на јазикот. Секој нека знае од каде треба да почне...

     Вие кажувате (многумина од вас) дека мислите ве вознемируваат. Не може да се војува против мислите доколку јазикот не е зауздан. И не се обидувајте да војувате против мислите додека јазикот дрдори и злослови. Клетва, осудување, озборување, празнословење...

   Честопати се оправдуваме со тоа дека ќе го навредиме човекот доколку ништо не кажеме. Ние забораваме дека со тоа го омаловажуваме Секадеприсутниот и Севидливиот Бог, а се плашиме да не го навредиме човекот. Подобро да се навреди овде, отколку да пати во вечноста. Нека се расплака поради тоа што ќе му ја кажеме вистината. Не треба да се плашиме да го навредиме човекот доколку тој самиот себе се навредува (секако, од расудување). А доколку се навредил - Бог е судија. Само чувајте го својот јазик. Секако, тоа важи и за оној кој сака макар малку да живее и да оди по патот на покајанието. А оној кој живее онака како што обично се живее во светот, зошто би се присилувал на таков строг живот? И ние самите знаеме колку тешко се кае оној чиј јазик е разуздан. Невозможно е човекот да ги опфати  сите гревови кои се поврзани со јазикот. Ете, пробај да ги запишеш сите лоши работи што си ги рекол во текот на денот. Невозможно е да ги запишеш. Толку зло само од јазикот. А вечерта веќе ја немаме ни молитвата. Толку ни е тешко. И се поради јазикот.

    Опитот на преподобните отци покажа дека доколку јазикот молчи тогаш и мислите ќе молчат - од тоа не треба да се плашиме - а молитва ќе имаме, само поради воздржувањето на јазикот! Тогаш веќе ќе се појават и обележјата на покајанието.

    Ние честопати гледаме големи и значајни личности како восхитувачки сакаат да молчат, како се скржави на јазикот. Ти друго размислуваат. Размислуваат полека. И скржаво, скржаво зборуваат. Што повеќе се едуцирани тие големи луѓе, толку повеќе сакаат да молчат. Неможеш од нив да извлечеш подробен и по опширен одговор, бидејќи тоа се луѓе кои живеат духовен живот, луѓе со огромно искуство кои сакаат да се спасат или сфаќаат дека Бог е секадеприсутен.

     Еднаш му реков на Карпински, претседателот на Академијата на науките - Вие баш умеете на молчите. За мој срам, јас како монах не умеам да молчам како Вас! А дали знаете што ми одговори? - Молчам бидејќи пред себе ја имам мислата дека Бог ме гледа и слуша. Тоа ме тера да молчам. Се покажа дека обичен човек од светот, претседател на Академијата на науките е помудар од секој монах.                         

Превод: ѓакон Димитар Арсовски
објавено во „Троичник“ бр. 40

Извор: БОГОПОДОБИЕ

 TVITer270

П.П. 2015-01-12 07:30:02

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/duhoven-azbuchnik/15834-pokajanieto-pochnuva-od-jazikot-starec-sampson-sivers

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

За Конон, презвитерот од манастирот Пентукла

Во лаврата на светиот отец наш Сава Освештени го посетивме старецот Атанасиј и тој ни го раскажа следново: Во времето додека престојував во општежитието Пентукла[1] живееше таму некој презвитер Конон, родум од Киликија. Бидејќи беше добродетелен монах и имаше возвишен духо...

Image Description
3 years ago

Ава Антониј: Зошто велиме дека Бог се радува на добрите, а се одвратува од лошите?

Бог е добар, бестрастен и непроменлив. Ако некој мисли дека е разумно и вистинито да се потврди дека Бог не се менува, тогаш можеме да прашаме, зошто во таков случај е можно да се говори за Бога дека Он се радува над оние што се добри и милостив кон оние што Го почитуваат, а се одвратува од лошите...

Image Description
3 years ago

Ретроспектива (2005-2020): Арх. Рафаил Карелин - За смртта (1)

  26ти декември   2020 лето Господово Во издание на  библиотеката „НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ“ при манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче излегоа од печат две нови книги, и тоа: ДУШТА ПОСЛЕ СМРТТА од јеромонах Серафим Роуз и ПАТОТ НА ХРИСТИЈАНИНОТ од Арх. Рафаил Карелин. во моментов, книги...