Преподобен Теофил Струмички, моли се за нас оче свети! (23. октомври)

Example Admin User · 3 years ago

    1 minute, 42 seconds


Преподобен Теофил Струмички

Блажениот Теофил се родил од побожни родители во близината на градот Тивериопол, денес Струмица, Македонија.
Имал добра и кротка природа.

А кога наполнил тринаесет години, станал послушник на преподобниот старец Стефан. Старецот три години го поучувал на стравот Божји и го раководел во подвижништвото и во монашкиот живот.

Откако изминаале тие три години, бидејќи момчето добро се научило на монашките подвизи, Старец Стефан го повикал игуменот од лаврата и му го предал послушното, кротко и смирено момче за да го замонаши.

Игуменот го одвел во лаврата и го потстрижал во монаштво со името Теофил.

Теофил стана опитен монах, украсен со сите добродетели, живеел меѓу браќата како ангел, и им бил од полза на сите.

Откако светителот долги години поживеал испоснички, настапил иконоборниот период, во кој беззакониот цар Лав Исавријанин иконоборец ги подложувал на мачење и ги убивал сите што ги почитувале иконите.

Свети Теофил благоразумно поучувал молитвено да се почитуваат светите икони.

Поради тоа, царот наредил свети Теофил да биде подложен на ѕверски измачувања, но тој, не само што не попуштил, туку успеал еден од своите мачители, кнезот Ипатик, да го разубеди и да го врати во Православието.

На крај, кнезот Ипатик се заложил за да биде ослободен светителот.

На свети Тоефил му било многу жал што не го довршил подвигот на своето мачеништво.

Сепак, имајќи рани, тој се радувал, говорејќи со апостолот:

„Се радувам што со своето страдање го дополнувам недостатокот на неволјите Христови во моето тело за телото Негово, кое е Црквата“ (Кол. 1, 24).

Набргу потоа му било откриено дека за кратко време ќе замине кај Бог. Ги уредил сите манастирски работи, ги поучил браќата, ги благословил, ги целивал и заминал кај својот возљубен Господ.

Тропар, глас 1.

Исповедниче на вистината, истоимениче на Божјата мудрост, длабочино на познанието, тебе Теофиле, Христос Спасителот Ти го откри Својот Лик, во длабочината на твоето срце, и оттаму ти ги исповедаше Иконите свети.

Моли се за нас, оче свети, пред Божјиот Престол, душата наша како Икона чиста, да се претстави пред Неговото Лице.

Тропар, Глас 4:

Да го воспеваме Теофил вистинскиот Божји пријател кој посака од младост да оди по тесниот пат што води кон вечниот живот; зашто поддржувајќи ги светите икони храбро и трпеливо поднесе неподносливи мачења и беше топол молитвеник за сите пред Бог.

Source: https://pokajanie.mk/2020/10/22/29696/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Од православниот календар -Кој бил Светиот пророк Самуил

Светиот пророк Самуил Петнаесетти и последен од Судиите на Израилот. Живееше илјада и сто години пред Христа. Роден е во племето Левиево, од родителите Елкан и Ана, во местото Рамат или Ариматеја, каде што подоцна се роди и благообразниот Јосиф. Бездетната Ана со солзи го измоли Самуил од Бога и што...

Image Description
3 years ago

Свети Сергиј Радоњешки (25 септември/8 октомври)

Во првата половина на 14 век изникнала знаменитата Троице-Сергиева Лавра. Нејзиниот основач Сергиј (во светот, Вартоломеј) бил син на ростовски болјари Кирил и Марија, коишто се преселиле близу Москва во населбата Радоњеж. На седумгодишна возраст, Вартоломеј тргнал на училиште. Тој со сета душа жедн...

Image Description
3 years ago

34 –та недела по Педесетница

34 –та недела по Педесетница Апостол од Послание до Колосјаните (3, 12-16) 12 И така, како избраници Божји, свети и возљубени, облечете се во милосрдност, доброта, смиреност, кротост и долготрпеливост; 13 трпете се еден со друг и проштавајте си. Ако некој има поплака на некого, како што Христос ви...