“Помилуј ме, зашто сум немоќен!” (Свети Јован Лествичник)

Example Admin User · 2 years ago

    3 minutes, 27 seconds


Светите оци учат дека е едно предлог, друго е соединување, трето – согласување, четврто – заробување, петто – борба и шесто – така наречената страст во душата.

Тие велат дека предлогот е обичен збор или обична мисла и слика на некој предмет, кои одново му се појавуваат на умот и биваат внесувани во срцето;

соединувањето – е разговор co сликата што се појавила – страсно или бестрасно;

согласувањето е наклоност на душата кон она што го видела и нејзино поврзување co тоа co наслада;

заробувањето е насилно и недоброволно повлекување на срцето од виденото и потполно соединување co него, кое ја расипува нашата добра расположба;

борбата се нарекува противставувањето спрема напаѓачот, борбата завршува co победа или co пораз – доброволно;

а страст се нарекува сладострасната расположба, која се вгнездува во душата и станува потоа, преку долговремена навика – како нејзино природно својство, така што веќе и самата душа доброволно се стреми да ја задоволува.

Од сите овие состојби, само првата е безгрешна;

втората – не е сосема грешна; третата бива или грешна или безгрешна, во зависност од расположбата на нападнатиот.

Борбата станува или за овенчување или за измачување; заробувањето подлежи на друг суд – кога станува за време на молитвата, a на поинаков – кога е во некое друго време, на уште поинаков – кога се мисли на обични работи и на поинаков кога се мисли за лоши работи.

Страста несомнено во секој случај се осудува и, ако не биде очистена co соодветно покајание, подлежи на вечни маки.

Ho оној, кој на првиот предлог се однесува бестрасно го отфрла и не се задржува co внимание на него, тој co еден замав го отсечува сето друго што следи по него.

Најпросветените и најразумните од светите оци забележиле уште една помисла, која е најзабележителна од сите спомнати погоре.

Неа ја нарекуваат залет на мислата, која без одредено време, без зборови и без слики, co брзина на стрела, му ја внушува страста на искушуваниот.

Нема ништо побрзо од неа ни меѓу телесните, ниту меѓу духовните суштества;

оваа помисла само co едно незнатно напомнување, ненавремено и наискажливо, па дури за сите и непозната, – одеднаш го јавува своето присуство во душата, без да има co неа некаков претходен разговор и согласување.

Оној којшто co помошта на плачот успеал да ја сфати недофатливоста на оваа помисла, тој може да ни го објасни и она што се случува, за да може душата само од еден поглед или од допир co рака и од слушање на страсно пеење да блудствува и да се распали co похот, без да мислела и да замислувала за тоа претходно.

 …

Некогаш похотта, откако ќе се роди внатре во душата, преминува и во телото, a другпат – од телото преминува во душата.

Последното бива обично кај луѓето што живеат во светот, a првото – каj оние што живеат монашки живот, поради тоа што кај нив нема прилика за телесна похотливост.

 Кога, по долга борба co бесот, кој е сојузник на нашето земно тело, успееме најпосле да го изгониме од своето срце, co помошта на камењата на постот и мечовите на смирението, тогаш овој наш непријател, како црв, навлегува во нашето тело, и се труди да не оскверни co некакво внатрешно скокоткање, предизвикувајќи во нас некакви ненавремени и неразумни движења.

. Овој бес е понеуморен од сите други бесови да бара погодна прилика, кога не можеме да се помолиме против него телесно. И тогаш тој се обидува особено жестоко да нѐ нападне.

Ha оние, кои уште не успеале да придобијат вистинска духовна молитва, молитва на срцето, во борбата co блудната страст им служи изморувањето во телесната молитва, односно – издигнувањето на рацете, удирањето во гради, умилното погледнување кон небото, воздивнувањето co офкање, честото коленичење, а сето ова не можат често да го прават поради присуството на други луѓе.

-Токму тогаш демоните се обидуваат да не напаѓаат, па, не можејќи уште да им се противставуваат на демоните co силата на својот ум и co невидливото дејство на молитвата, тие понекогаш по неопходност отстапуваат пред оние што ги напаѓаат.

Но тогаш ти, ако ти е можно, оддалечи се што можеш побрзо од луѓето, скриј се незабележливо некаде од нив, макар и за кратко време, – и таму издигни го нагоре окото на твојата душа, и, ако можеш, макар и телесно, и рацете твои крстовидно рашири ги, за да го посрамиш и победиш овој духовен Амалик.

Тогаш извикувај кон сесилниот Бог да те спаси, и не co некакви убави и добро срочени зборови, туку обично и смирено, пред се, викај co зборовите:

“Помилуј ме, зашто сум немоќен!” (Псал. 6,3).

Тогаш од личен опит ќе ја познаеш силата на Севишниот, и невидливо co Неговата невидлива помош ќе ги натераш во бегство невидливите духови.

Оној кој свикнал на овој начин да ги прогонува своите духовни непријатели, набргу ќе може да ги прогонува само co својата душа, зашто ова, второто, им се дава како награда од Бога на оние што се трудат во првото.

Свети Јован Лествичник

Source: https://pokajanie.mk/2022/02/20/34050/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Патот кон среќата

Фотиј Кондоглу Човекот во сѐ е ненаситен. Сака да ужива во сѐ, без да може да постигне сѐ. И поради тоа се мачи. Но, оној кој ќе стигне до една состојба, кога ќе се задоволува со малку, и да не сака многу, дури и ако може сето тоа да го стекне, ете тој е среќен. Луѓето...

Image Description
3 years ago

Бараме нешто од Христос или Го бараме Самиот Христос?

Митрополит Антониј Блум Икона на Христос Господ, копија на фреската од Протатон Бог е подготвен да остане потполно надвор од нашиот живот, подготвен е да го крене тоа како еден крст, но воопшто не е подготвен да стане едноставно еден дел од нашиот живот. Така, кога размисл...

Image Description
3 years ago

ЗА БОЛЕСТИТЕ….

ЗА БОЛЕСТИТЕ…. Исклучива заслуга на светоотечкото учење е своевидната концепција за полезноста на болестите. Што има полезно во страдањето? – во недоумица прашуваат многумина што првпат слушнале за ваков поглед на животот. И навистина, можеби луѓето најповеќе се плашат од смртта и тешките болести....