Митрополит Струмички Наум: Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57)

Example User · 3 years ago

    1 minute, 51 seconds


 3.angeli.so.truba

Митрополит Струмички Наум:
Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57)


Од денешното евангелие (Лука 18, 18–27) можеме да извлечеме неколку поуки.
Страста што Лекарот на нашите души и тела ја посочува како пречка за очистување и просветлување на младичот е среброљубието: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продај го имотот свој, раздели го на сиромаси и ќе имаш сокровиште на небото, па дојди и врви по Мене!“

Советот што Богочовекот Христос му го даде на младичот не е толку поради тоа што навистина очекуваше од него да го исполни повикот за совршенство, туку само за да го освести дека ги нема исполнето доволно ниту останатите заповеди што тој тврдеше дека ги запазил.
Доколку навистина ги имаше исполнето заповедите, младичот ќе го беше поминал патот на очистување, ќе беше просветлен и, како и во некои други примери во Евангелието, ќе Го познаеше Господ во учителот (како што тој Го нарече) Исус и ќе имаше сила да тргне по Него.
Затоа, неговите зборови „што ми е уште потребно за да имам живот вечен?“ (Матеј 19, 16) не се ништо друго, освен обично самооправдување и показател на високо мислење за самиот себе, пример за мнение. Веќе се открива и вториот проблем на младичот – гордоста.

Поради таа прелест на мнение и поради страста среброљубие, младичот и се оддалечува нажален од Христос, мислејќи дека сè направил како што треба, а ете – останува неразбран, незабележан и непризнат. Познато, нели? Наместо да Му биде благодарен.

Вакво нешто се случува и со нас, посебно кога на некој прекор од нашиот духовен отец, наместо да ја препознаеме нашата слабост, да побараме прошка и да се поправиме, ние се самооправдуваме, објаснувајќи што и како се случило – без да бидеме прашани.
А сè што се бара од нас во тој момент, без разлика дали прекорот ни изгледа или навистина е неправеден, е да одговориме со зборот „прости“ – со прифаќање на прекорот, а со тоа и на Божјата очистувачка несоздадена енергија што ја носи словото на духовникот.

И, никој не е богат само затоа што поседува богатство, туку само кога правилно располага со даруваното, од Бог, богатство; како што гледаме во одличниот пример со несправедливиот настојник и неправедното богатство (http://mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7353).

Затоа и сериозно сфатете, пред секое причестување со Бог, најдете некој што страда и конкретно помогнете му – колку што сакате; инаку, наместо со Бог, ќе се причестите само со уште поголема прелест и ќе пострадате.
Убаво е да постите и да се молите, но Бог, пред сѐ, милост бара, а не жртва!


Пресвета Богородице, спаси нѐ!


Митрополит Струмички Наум

Извор:

МПЦ-ОА

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/besedi/23812-03-01-2021-16-57

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

протоереј Златко Ангелески - ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН

Лука 24: 36-53        Зачало 114 ,,И ќе ве земам при Себе за да бидете и вие каде што сум Јас<(Јован 14: 3) ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ! Возљубени христијани,Никој од живите во тело не го видел Христовото Воскресение во таа темна но...

Image Description
3 years ago

AПОКАЛИПСА БЕЗ КРАЈ! (Митрополит Наум)

Разумен проблем (24.01.2021 16:58) Некои луѓе стварно имаат проблем со својот разум. Нивниот разум не е духовен. И, тоа е очигледно. Патем, едно е духовен, а сосем друго интелектуален разум; самите ќе разберете понатаму. Како настанува проблемот со разумот? Во денешното евангелие чит...

Image Description
3 years ago

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

. Како одат работите... (22.11.2020 14:30)Ѓаволот, полека но сигурно, го гради апокалиптичниот свет на илузијата. За таа цел најчесто ги користи таканаречените јавни личности или разни селебрити, како медиуми, односно преносители на неговата илузија, кои станаа урнек според кој целиот свет се сообра...