Митрополит Струмички Наум: Молитвен подвиг или беспомошно чекање (13.12.2020)

Example User · 3 years ago

    1 minute, 56 seconds


 3.angeli.so.truba

Молитвен подвиг или беспомошно чекање (13.12.2020 11:22)

Денешново празнично евангелие (Јован 1, 35–51) е уште едно историско сведоштво и конкретен пример на совршена молитвена заедница и однос помеѓу Бог и човекот; сведоштво за исполнета молитва.
Кога Христос му вели на Натанаил: „кога беше под смоквата, Јас те видов“, всушност, му открива Кој го слушал, но и Кој му одговорил на молитвата додека тој се молел под смоквата. А Натанаил со својот одговор: „Рави! Ти си Син Божји, Ти си Царот Израилев!“ – ни открива и ни сведочи дека, во Богочовекот Исус Христос Го препознава Оној Кому се молел и Кого единствено Го барал во молитвата – Синот Божји и Царот Израилев, очекуваниот Месија.


Така, не знам на што попрво да се воодушевувам: дали на посветената  молитва на Натанаил, во која тој Го бара само Него; или на нејзиното совршено исполнување – и како мистично доживување и како лична средба во живо – од страна на Богочовекот Христос?
           Додека во празничното евангелие забележуваме активен однос кон Христос, каде Натанаил молитвено и лично се труди да се сретне со Него, во евангелието од денот (Лука 13, 10–17) забележуваме пасивен однос кон Христос, од страна на жената која била опседната од духот на немоќ осумнаесет години; иако таа нема физичка пречка да дојде и да побара помош од Него.
           Така, мнозина од оние кои многу години поминале во Црква, доколку се искрени со себеси, состојбата на својата душа многу повеќе ќе ја препознаваат во жената опседната од духот на немоќ отколку во молитвениот однос на Натанаил кон Синот Божји. Зошто е тоа така?  
           Демонските помисли на сомнеж и колебливост, што произлегуваат од самољубието и маловерието, како и стравот, несигурноста и безволноста што ги следат таквите помисли – го ослабуваат и изнемоштуваат духот во човекот, и го држат, врзан преку страстите, за овоземното и свиен, односно целосно насочен кон овој свет, како кон веќе „посигурна“ потпора.
           Нема понедостоен начин за човекот – како икона Божја, повикан кон боговподобување, да ја изгуби својата боголикост (во секој поглед) и да ја промаши целта за која е предназначен, од насоченоста и сигурноста во минливото и пропадливото. Од оваа и ваква состојба само Богочовекот Исус Христос може да исцели.


           Господи Исусе Христе, преку Богородица, исцели ги нашите немоќи!


Митрополит Струмички Наум

Извор:

http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7360

13ти декември 2020 лето Господово

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/besedi/23755-molitven-podvig-ili-bespomoshno-chekanje

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Митрополит Струмички Наум: За некои неодговорени прашања (29.08.2020)

За некои неодговорени прашања (29.08.2020 15:44)Секое прашање си има и свое место, и свое време, и свој субјект за одговор. Или, не секое прашање се одговара кога било, каде било и кому било.Некои прашања прво се одговараат во пракса, на дело, а потоа и теоретски или со збор. Некои, пак, никогаш н...

Image Description
2 years ago

Митрополит Струмички Наум: Свети Јован Крстител (19.01.2022)

Митрополит Струмички Наум:Свети Јован Крстител (19.01.2022 16:45) „На другиот ден, Го виде Јован Исус како доаѓа при него и рече: ’Еве го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе.‘“Да, паднат човек не може да спаси паднат човек, туку Богочовекот Христос го спасува паднатиот човек. А...

Image Description
3 years ago

Митрополит Струмички Наум: Воскресение Христово (01.05.2021)

Митрополит Струмички Наум:Воскресение Христово (01.05.2021 ) Во беспочетниот почеток на сѐ беше Ипостасот на Словото и Словото беше во Бог и Отец – од Кого предвечно се раѓа, и Словото беше Бог – Син Божји, едносуштен и еднославен со Отецот. Тој и во почетокот без почеток, и при создавањето на свето...