Љубов, љубов, љубов!

Example Admin User · 3 years ago

    1 minute, 26 seconds


Она со што треба да се занимаваме, деца мои, е љубовта кон другиот, кон неговата душа.

ДА НЕ БИДЕМЕ ПИТАЧИ НА ЉУБОВТА

„Љубовта е над сè.

Се’ што правиме правиме, и молитва, и совет и укажувања, да правиме со љубов.

Без љубовта молитвата не е полезна, советот повредува, укажувањето штети и го уништува другиот, кој што чувствува дали ние го љубиме или не го љубиме и реагира соодветно на тоа.

Љубов, љубов, љубов!

Љубовта кон братот нè подготвува да Го возљубиме Христа уште повеќе. Зарем не е ова убаво?

Кон сите да ја расфрламе нашата љубов несебично, не водејќи смета за нивниот став.

Кога ќе дојде во нас Божјата благодат, тогаш не се интересираме дали нè љубат или не и дали ни зборуваат со добрина. Ќе ја чуваствуваме потребата ние да ги љубиме сите.

Егоизам е кога сакаме другите да ни зборуваат со добрина.

Нека не нè растажува спротивното. Да ги оставиме другите да ни се обраќаат и зборуваат како што самите чувствуваат. Да не бидеме питачи за љубовта.

Наш стремеж треба да биде да ги љубиме и да се молиме за нив со сета наша душа. Тогаш ќе забележиме дека сите ќе нè љубат без тоа да го бараме, без воопшто да ја просиме нивната љубов.

Ќе нè љубат слободно и искрено од длабочината на нивното срце без да ги принудуваме.

Кога љубиме без да бараме да нè љубат, тогаш сите се собираат до нас како пчели. Тоа важи за сите нас.

Ако твојот брат те вознемирува, те замара, тогаш вака да размислуваш :

Сега ме боли моето око, мојата рака, мојата нога.
Треба да ги згрижам со сета моја љубов (спореди 1. Кор. 12, 21).

Меѓутоа, да не размислуваме ниту дека ќе бидеме наградени за нашите наводни добри дела, ниту дека ќе бидеме казнети за нашите лоши дела.

Кога љубиш со љубовта Христова, тогаш доаѓаш до познание на вистината. Тогаш не бараш да те љубат, бидејќи тоа е лошо.

Правилно е ти да љубиш, ти ја даваш својата љубов. Од нас зависи дали ќе се спасиме.
Бог го сака тоа, како што вели Светото Писмо, Он сака сите да се спасат и да дојдат до познание на вистината (1. Тим. 2, 4).

Старец Порфириј

Source: https://pokajanie.mk/2020/11/10/24404/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Лествица: Укори, вели апостолот, предупреди, замоли (2 Тимотеј 4, 2), а не „тепај”!

Лествица: ЗА НЕГНЕВЛИВОСТА И КРОТОСТА Како што водата кога малку по малку се истура врз огнот сосем го гаси пламенот така и солзата на вистинскиот плач го гаси секој пламен на гневот и избувливоста. Затоа сега и преоѓаме на негневливоста по логичен ред. Негневливоста е копнеж по понижувања, исто она...

Image Description
2 years ago

ЧОВЕК – He e човекот на земјата за игра!

ЧОВЕК • Човеку! Сфати го своето достоинство. Види ги шумите и нивите, широките реки, безграничните мориња, високите гори, раскошните дрвја, сите ѕверови и стоката пo земјата, рибите и другите суштества кои лутаат по морските длабочини – види ги ѕвездите, месечината, сонцето, небото: сето тоа е намен...

Image Description
3 years ago

Барала учителка во добродетелта на трпеливоста! (Свети Јован Касијан Римјанин)

184. За ваквата трпеливост сакам да ви дадам барем два примера. Еден од нив е тој што ни го покажала една побожна жена, која сакала да се усоврши во оваа добродетел, па не само што не бегала од искушенијата, туку сакала да ја навредуваат. И колку повеќе ја навредувале, таа бивала се посилна и потр...