ХРИСТОС ИЛИ БИЛО КОЈ ДРУГ…(Романтичарска идеја за христијанството)

Example Admin User · 3 years ago

    1 minute, 14 seconds


Романтичарска идеја за христијанството (09.12.2020 11:03)

Луѓето сакаат несметано да живеат некоја романтичарска идеја за христијанството, да се залажуваат со некаква сентиментална „љубов“ кон Бог и кон ближните, така што како да забораваат дека „животот“ е конкретен и дека во одреден момент секако ќе ги постави пред изборот – Христос или кој било друг или што било друго; па макар и некој најблизок или нешто најблиско.

Нормално е дека христијанинот, при таквиот избор, секогаш Го избира Господ Христос.

На пример, ако сме поставени, како светите маченици (или монасите), да бираме помеѓу одрекување од Христос – од една страна, или од родено дете, или од мајка или од татко, или од роден брат или од сестра, или од нешто друго најмило – од друга страна, ние од Христос не се одрекуваме!

Но, демонот, како искусен непријател, не ги фаќа луѓето во своите замки најпрво на големи работи или избори, туку на ситни; на изборот помеѓу задоволување на некоја нивна мала страст или Христос.

Затоа, проблемот се малите работи и малите избори на кои демонот, луѓето, преку нивните страсти, ги лови – со што тие се одрекуваат од Христос, а истовремено мислат дека тоа ништо не е.

Постапка на постепено загревање на водата до зовривање, во која несвесната – за тоа, жаба седи.

Постојат уште две Божји заповеди кои во парампарче ја разбиваат романтичарската идеја и илузија за христијанството, а тоа се заповедта за љубов и кон непријателите (види: Матеј 5, 44) – наместо завист и омраза, и заповедта за конкретно помагање на оние што страдаат (види: Матеј 25, 45) – наместо бесчувствителност (пасивна религиозна социопатија).

За дополнителни информации и објаснувања обратете се кај вашиот духовен отец.

Пресвета Богородице, спаси нас!

Митр. Наум

Source: https://pokajanie.mk/2020/12/09/30115/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Свети Ѓорѓи Кратовски

СВЕТИ ЃОРЃИ КРАТОВСКИ Свети Ѓорѓи Кратовски остави вечна порака за Македонецот како се брани својата татковина, како се победуваат човечките страдања, како се здобива човечката храброст и како се добива последната победа на земниот живот со силната љубов и вера во Божјата вечна правда и својот народ...

Image Description
3 years ago

Митрополит Струмички Наум: Различни блаженства (19.12.2020 )

  Митрополит Струмички Наум:Различни блаженства (19.12.2020 17:50) Слушајте ги блаженствата внимателно, за да ја забележите разликата: „Кога го виде народот, Он се искачи на планината; а штом седна, учениците Негови се приближија до Него. И кога ја отвори устата Своја, ги поучуваше и говореше:...

Image Description
3 years ago

Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (Дедо Наум)

Од денешното евангелие (Лука 18, 18–27) можеме да извлечеме неколку поуки. Страста што Лекарот на нашите души и тела ја посочува како пречка за очистување и просветлување на младичот е среброљубието: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продај го имотот свој, раздели го на сиромаси и ќе имаш сокровиш...