Свети Винок, игуменот од Вормхулт

Example User · 3 years ago

    0 minutes, 59 seconds


СПОМЕН НА ПРЕПОДОБНИОТ ОТЕЦ ВИНОК, ИГУМЕНОТ ОД ВОРМХУЛТ, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 6 НОЕМВРИ

(640-717; Winnoc of Wormhout)

Преподобниот Винок,[1] за кого житијните податоци говорат дека по потекло е Британец, бил потомок на кралско семејство. Своето детство тој го поминал во Бретанија, како и многу други тогашни деца, кои на континентот пребегнале во времето на саксонските напади. Од свети Бертан бил замонашен во манастирот во Ситје, па заедно со уште тројца сопатници, бил испратен да основа манастир среде Морини, во областа Вормхулт, во околината на Дункерк. По основањето на манастирот, тој бил поставен за прв негов игумен и им ја донесол Благата Вест на жителите на овој крај. Името на свети Винок фигурира во многу средновековни англиски календари. Најверојатно, во негова чест е наречено и местото Сает-Винов, во околината на Лоствитил.

Свети Винок во иконографијата е насликан како игумен, кој во своите раце држи мелница, а во подножјето има скиптар и круна. Околу него се сликаат црква и мост, а некогаш е насликан и заедно со свети Бертан.

Свети Винок е прославен како заштитник на мелничарите, а молитвено е повикуван од болните кои имаат треска, болните од грло и кога е сушен период.

Православната Црква неговиот спомен го прославува на 6 ноември според Јулијанскиот календар.


[1] Винок (древноанглиски) = победник.

Source: https://blagovesti.wordpress.com/2021/02/08/%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d0%b2%d0%b8%d0%bd%d0%be%d0%ba-%d0%b8%d0%b3%d1%83%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d0%be%d1%82-%d0%be%d0%b4-%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%b

Related Posts

Image Description
3 years ago

За осудувањето (3)

Некогаш во Скитот некој брат паднал во грев. Браќата се собрале и пратиле по ава Мојсеј; но тој не сакал да дојде. Тогаш презвитерот пратил по него со вакви зборови: дојди, те очекува собранието. Авата станал, зел една лоша корпа, ја наполнил со песок и така тргнал. Браќата што му излегле во пресрет...

Image Description
3 years ago

Свети Апостол Јаков Зеведеев

СВЕТИ АПОСТОЛ ЈАКОВ ЗЕВЕДЕЕВ Свети Јаков Зеведеев, познат уште и како Стари (грчки: Ιάκωβος, латински: Iacobus) е еден од дванаесетте апостоли на Исус Христос и е признат за христијански светец. Апостол Јаков е роден во Палестина. Јаков заедно со својот татко и брат биле рибари. Во Евангелието, бра...

Image Description
3 years ago

Свети Ака, епископот на Хексхем

СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ АКА, ЕПИСКОПОТ НА ХЕКСХЕМ, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 20 ОКТОМВРИ (660-740; Acca of Hexham) Светиот отец Ака,[1] епископот на Хексхем, роден е во Нортумбрија, во 660 година. Во почетокот на својот подвижнички живот, тој се подвизувал заедно со Босој, идниот е...