Свети славен победоносец и чудотворец Георгиј моли го Бог за нас!

Example Admin User · 3 years ago

    1 minute, 42 seconds


Светиот славен великомаченик, победоносец и чудотворец Георгиј

Утрена

Тропар, глас 4.

Како ослободител на заробените и заштитник на бедните, лекар на болните, заштитник на царевите, победоносецу, великомачениче Георгие, моли Го Христа Бога, да ги спаси душите наши.

Кондак, глас 4.

Обработен од Бога, ти се покажа како најчесен градинар на верата, и снопови од добродетели собра за себе; откако посеа во солзи, жнееш со веселба; а за борбата што до крв ја водеше, за награда Го прими Христа, и со твоите молитви на сите им даваш прошка на гревовите.

Икосː Од љубов кон Царот Христа, Кој за живот на светот душата Своја ја положи, воинот Георгиј брза да умре за Него. Имајќи во срцето ревност голема и божествена, тој самиот себе се приведе. Затоа и сите ние овој божествен маченик, со вера да го воспееме како топол застапник, како славен Христов слуга, кој јавно на својот Господар Му се уподобува и приоѓа секому што му се обраќа; оти тој секогаш брза и Го моли Спасителот, на сите да им даде прошка на гревовите.

Хвалитни стихири, глас 2.

Дојдете сите вие што го славите сепразничното, светло и славно Воскресение, пак да го празнуваме светлото торжество на маченикот Георгија, и со пролетни цветови, како непобедлив, да го овенчаме, та, по неговите молитви, да примиме избавување од неволите и од гревовите.

Ти целиот си се принел себе како жив и одушевен плод и како жртва благопријатна и пречиста на Оној што ти даде сецелосен живот, себлажени! Затоа си бил најтопол молитвеник, избавувајќи ги од бури сите оние што ти пеат со вера, маченику, и те призиваат, Георгие.

Откако грижливо го израсна семето на зборот, насеано во чистата твоја душа, си го умножил со болките на страдањето и, премудро положен во небесните житници, си нашол негнилежна наслада. Со него сега наситувајќи се, блажени, спасувај ги оние што ти пеат со вера, со твоите кон Бога молитви.

Маченику Христов, страдалнику, спаси ги оние што се во напасти, со твоите молитви избавувајќи ги од секаква беда и, изгонувајќи секаква лута душегубна тага, благодат и милост за нас испроси ни; та, спасени со твоите молитви, радувајќи се, сите да ги почитуваме твоите чесни подвизи, Георгие.

Изворː ИЗБОР на месечни и празнични богослужби. Втор том, Февруари – август (препев и превод од црковнословенски јазик протојереј – ставрофор Јован Таковски).
– Битолаː Преспанско-пелагониска епархија, 2008.

Подготви Светланка Трајчева

Source: https://pokajanie.mk/2020/11/16/18524/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

23. недела по Педесетница – “Што имаш co нас Tи, Исусе, Сине Божји?” – прашуваат демоните….

“Што имаш co нас Tи, Исусе, Сине Божји?” – прашуваат демоните. Co други зборови тоа значи: што има заедничко помеѓу Тебе и нас? Од каде оваа Твоја неочекувана и несакана посета? “Какво согласие може да има меѓу Христа u Велијар (2. Kop. 6,15)?” Сигурно дека нема никаква согласност. Затоа Велијаровит...

Image Description
3 years ago

Митрополит Методиј: Божиќно послание (2018)

Возљубени духовни чеда, Денес Светата Православната Црква го празнува најскапоцениот Дар кој човекот го прими од својот Создател – телесното раѓање на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Кога се исполни времето, старозаветното пророштвото искажано преку устата на пророкот Исаија се оствари токму...

Image Description
3 years ago

Свети Апостол Јаков Зеведеев

СВЕТИ АПОСТОЛ ЈАКОВ ЗЕВЕДЕЕВ Свети Јаков Зеведеев, познат уште и како Стари (грчки: Ιάκωβος, латински: Iacobus) е еден од дванаесетте апостоли на Исус Христос и е признат за христијански светец. Апостол Јаков е роден во Палестина. Јаков заедно со својот татко и брат биле рибари. Во Евангелието, бра...