Свети Ерконвалд, епископот на Лондон

Example User · 3 years ago

    1 minute, 54 seconds


SVETI ERKONVALDЖИТИЈА НА БОЖЈИ УГОДНИЦИ, КОИ ЗАСВЕТЛИЛЕ ВО ЗЕМЈАТА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ ЕРКОНВАЛД, ЕПИСКОПОТ НА ЛОНДОН, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 30 АПРИЛ

(630-693; Erkenwald of London)

Свети Ерконвалд[1] по потекло бил од царското источноанглиско семејство Офи.

Скромните житијни податоци сведочат дека тој основал редица на познати манастири во Англија, меѓу кои е и манастирот во Чертси,[2] во денешната грофовија Суреј, каде што тој, откако се откажувајќи се од игуменските должности, се подвизувал до 675 година. Таа година, по смртта на епископот Вини, Ерконвалд бил ракоположен за епископ кај источните Саксонци, со епископско седиште во градот Лондон. Ракополагањето го извршил свети Теодор од Тарс, архиепископот на Кентербери, со дозвола на кралот Себи.

Свети Ерконвалд надалеку се прочул со светоста на својот живот. Во 686 година тој учествувал во помирувањето на архиепископот Теодор од Кентербери со епископот Вилфрид од Јорк. Во преамбулите на своите закони, кралот Ини го нарекувал светителот „мојот епископ“. Во времето на неговото епископско управување, бројот на цркви се преумножил, со зголемил приходот на епархијата, а Британската Црква се стекнала со многу кралски привилегии.

Според една древна епитафија, свети Ерконвалд со Лондонската епархија раководел 11 години, по што се оддалечил и осамостоил во манастирот во Баркли, каде што се подвизувала неговата сестра, света Етелберта, која таму била и игуменија. Во тој манастир, на 30 април 693 година, блажено се упокоил во Господа.

Свети Ерконвалд бил погребан во црквата на Свети Павле. По смртта, тој се прославил и како чудотворец, а неговите чудотворства се опишани во средновековната англиска поема St. Erkenwald.

Во 1087 година се случил страшен пожар во црквата, каде што се наоѓа неговиот гроб. Иако црквата била целосно изгорена, сепак, неговиот гроб останал недопрен од огнените јазици. По реновирањето на црквата во 1148 година, бил изработен и нов саркофаг, каде што и денес почиваат неговите свети мошти.

Свети Ерконвалд молитвено го повикуваат сите оние, кои имаат здравствени проблеми со коските, а Православната црква неговиот спомен го празнува на 30 април според Јулијанскиот календар.

[1] Ерконвалд = миленик.

[2] Во манастирот во Чертси, во 870 година, маченички пострадале сите монаси, кои биле убиени од данските јазичници. Манастирот бил урнат од Хенрих VIII.  На празникот Богојавление, монасите од православниот манастир на Свети Едвард Англиски во Бруквуд, во областа Суреј, на местото од некогашниот манастир Чертси, секоја година извршуваат Голем Водосвет, во присуство на голем број православни верници.

Source: https://blagovesti.wordpress.com/2017/07/21/%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d0%b5%d1%80%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%b2%d0%b0%d0%bb%d0%b4-%d0%b5%d0%bf%d0%b8%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d0%be%d1%82-%d0%bd

Related Posts

Image Description
3 years ago

Слегување на благодатниот оган на Велигден

За едни, тоа е нешто што може да го наруши спокојниот живот, па затоа треба да биде отфрлено како измислица. За други, тоа е најголемото чудо на земјата, кое неспорно сведочи за вистинитоста на Православието. За православниот христијанин, тоа не е просто чудо, туку потсету...

Image Description
3 years ago

Предание за чудотворната Иверска икона на Богородица, наречена Портаитиса – Вратарница

  Во IX век, во времето на императорот Теофил (829-842), кој бил обземен со иконоборчка ерес, се одвивало жестоко гонење против светите икони. Православните почитувачи на светињата биле изложувани на измачувања, а иконите биле исфрлани од храмовите и спалувани. Во сите градови и села биле испра...

Image Description
3 years ago

Ретроспектива (2005-2020):НЕБЕСНИТЕ ЧУДА НА СВЕТИ НИКОЛАЈ (I-III)

19ти декември   2020 лето Господово Еве светител Божји којшто постојано го пишува Евангелието Христово; го пишува непрестајно од небото со своите чуда, како што непрестајно го пишуваше во времето на својот живот на земјата. Го пишува по целата земја, на сите пет континенти. Сиот исполнет со чу...