Светата првомаченичка Текла рамноапостолна ( „Слугинка сум на живиот Бог.“)

Example Admin User · 3 years ago

    1 minute, 50 seconds


Светата првомаченичка Текла рамноапостолна
Родена е во Иконија, од родители прочуени, но незнабожци.

Како осумнаесетгодишна девојка била верена за некое момче во она време кога апостолот Павле дојде со Варнава во Иконија за проповед на Евангелието.

Слушајќи го Павле три дена и три ноќи, Текла се обрати целосно во Христовата вера и се заветува да живее во девственост.

Мајка ѝ , штом виде дека таа веќе ни не гледа на својот вереник ниту помислува на брак, почна најпрво да ја советува, а потоа да ја тепа и да ја измачува со глад.

Најпосле ја предаде на судија и бараше да биде со оган изгорена. Судијата ја фрли во огнот, но Бог ја зачува неповредена.

Тогаш Текла тргна по Светиот апостол Павле и отиде со него во Антиохија.

Привлечен од нејзината надворешна убавина еден градски старешина посака да ја земе кај себе со сила, но Текла се истргна од неговите раце. Тој старешина ја обвини кај кнезот дека е христијанка и дека се гнаси од брак.

Кнезот ја осуди на смрт и ја фрли пред ѕверови, но ѕверовите не го ни допреа телото на Светата девица.
Восхитен од ова, кнезот ја праша:

„Која си ти и каква сила има во тебе што ништо не може да ти наштети?“

Текла му одговори:

„Слугинка сум на живиот Бог.“

Тогаш кнезот ја пушти на слобода и таа почна да го проповеда Евангелието и мнозина успеа да ги обрати во вистинската вера. Меѓу овие беше и чесната, угледна девица Трифена.

Потоа Текла, со благослов на Св. апостол Павле се оддалечи во едно пусто место близу Селевкија.

Овде таа се подвизуваше долго и исцелувајќи болни со чудотворната благодат мнозина ги обраќаше кон христијанство.

Лекарите и жреците во Селевкија се исполнија со завист, па испратија некои млади луѓе за да ја осквернат, надевајќи се дека таа, кога ќе ја изгуби девственоста, ќе ја изгуби и нејзината чудотворна моќ.

Текла бегаше од оние дрски момчиња и кога виде дека ќе ја фатат, кога се најде пред една карпа се помоли на Бога, па карпата се отвори и ја сокри оваа Света девица и Христова невеста. И таа карпа ѝ беше скривалиште и гроб.

За оваа чудесна светителка Св. Јован Златоуст вели:

„Како да ја гледам оваа блажена дева како Му принесува на
Господа со едната рака девственост, а со другата мачеништво.“

Тропар:

Поучувајки се од Павловото словење и утврдувајќи се во верата од Петар, ти од Бога повикана Текло, невесто Божја,
се јави како првомаченица и првострадалница помеѓу жените:
поита во пламенот, како на место расцветано, ѕверовите, јунците,од тебе вооружена со Крстот истапија.

Затоа, ти која благодариш за сѐ на Христа Бога, моли се да се спасат нашите души.

Подготви С. Трајчева

Source: https://pokajanie.mk/2020/10/06/29548/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Свети Вилфрид, архиепископот на Јорк

ЖИТИЈА НА БОЖЈИ УГОДНИЦИ, КОИ ЗАСВЕТЛИЛЕ ВО ЗЕМЈАТА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ ВИЛФРИД, АРХИЕПИСКОПОТ НА ЈОРК, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 12 ОКТОМВРИ (634-709; Wilfrid) Светиот отец наш Вилфрид[1] е роден во Нортумбрија, во семејство на прочуен кралски советник. Според...

Image Description
3 years ago

Покров на Пресвета Богородица

Празникот Покров на Пресвета Богородица е историски настан кој се случил во 911 година, во црквата Влахерна, во Цариград. Додека патријархот со свештениците и верниот народ стоеле на молитва, во текот на бдението Пресвета Богородица му се открила на јуродивиот Андреј, а т...

Image Description
3 years ago

За осудувањето (3)

Некогаш во Скитот некој брат паднал во грев. Браќата се собрале и пратиле по ава Мојсеј; но тој не сакал да дојде. Тогаш презвитерот пратил по него со вакви зборови: дојди, те очекува собранието. Авата станал, зел една лоша корпа, ја наполнил со песок и така тргнал. Браќата што му излегле во пресрет...