Св. преподобна Теодора Цариградска - За митарствата

Example Super-Admin User · 2 years ago

    2 minutes, 46 seconds


 

Св. преподобна Теодора Цариградска

† околу 950 година
Се празнува на 30 декември

Tропар на преподобна жена,

глас 8


Оној кој тебе мајко верен ти е, ќе се спаси, затоа што крстот си го зела,

Христа си го следела и чинејќи дела, си  поучувала: плотта да се презира,

зашто минлива е, туку за душата да се грижиме, бесмртната творба,

затоа со ангелите заедно ќе се зарадува, преподобна, духот твој .

Во спомен на преподобна Теодора Цариградска

Преподобната Теодора била гркинка по народност која имала големо богатство и  на почеток живеела во христијански брак. По смртта на својот маж, таа, според заповетта Господова, го зела својот крст и примила монашки чин, за да го следи Христа (Види: Марко 8:34; Мат. 16:24) Ова се случило за време на царувањето на Роман, кога живеел и преподобен Василиј Новиот*, кој живеел во домот на Теодора, во специјално за него изградена молитвена келија, а под негово раководство таа водела благочестив живот.

Доживувајќи така старост, таа се претставила во триесеттиот ден на декември. Кога душата на преподобна Теодора, откога се одделила од телото, била носена од светите ангели, преподобниот Василиј уште однапред им дал ним, помош за нејзината душа, некаков вид капитал за откуп, вадејќи ковчеже од под пазуви.
Василиј имал свој ученик, по име Григориј, и тој молитвено го запрашал:
-Каде пребива Теодора?
Одеднаш така, додека Григориј спиел, кај него се јавил еден младич со светол изглед и рекол:
-Дојди побрзо, те повикува преподобниот Василиј, за да ти ја покаже Теодора.
Григориј веднаш бил однесен пред портите на рајот, потоа бил воведен во свети места и таму ги видел преподобниот Василиј и Теодора и сите тие заедно се израдувале. Григориј запрашал:


- Госпоѓо Теодора, како го претрпе страшниот час на смртта и како се избави од лукавите духови? А таа сево ова по ред го раскажала:
- Кога со душата си се разделив од телото, видов страшни етиопјани, кои ми покажаа свиток, на кој беа напишани сите мои зли дела и квичеа како свињи, крцкајќи со заби накај мене.

После ме зедоа ангели и ме понесоа по митарствата. Првото митарство беше на лагата, второто - на клеветата, третото - на зависта, четвртото - на лажливата навредливост поради самољубие, петтото - на гневот и јароста, шестото - на гордоста, седмото - на ругањето и сквернословието, осмото - на лихварството и измамата, деветтото - на суетата, десеттото - на среброљубието, единаесеттото - на пијанството, дванаесеттото - на злопамтието, тринаесеттото - на чародејството, четиринаесеттото - на маѓесништвото и употребата на талисмани, петнаесеттото - на стомакоугодието и идолослужението, шеснаесеттото - на прељубодејанието, седумнаесеттото - на убиството, осумаесеттото - на кражбата, деветнаесеттото - на блудот, дваесеттото - на немилосрдието.


Кога во некое од митарствата покажувањето на моите добри дела не беше доволно за мое оправдување, кон нив ангелите додаваа од добрите дела од дарот на преподобниот Василиј. Така без препреки ги преминав сите митарства и бев воведена во ова блажено место. Доколку пак, душата е грешна, таа се предава на оние етиопјани, а тие раскинувајќи ја, ја носат надолу во адот.

Тогаш Григориј се разбуди и ни раскажа што видел и што чул во состојба на видение на сон. Ние пак, откако го слушнавме ова, се воодушевивме и му заблагодаривме на великиот Бог наш и Спасител, кој ја дарувал Теодора со Своето наследство во небесните живеалишта.

 *Преподобниот Василиј Новиот се подвизувал 50 години во Константинопол и умрел околу 50-те години на X  век. Споменот му се чествува на 26 март (бел. на прев.)

 Извор:http://www.pravoslavieto.com/life/12.30_sv_Teodora_Tsarigradska.htm?fbclid=IwAR1eAE-kxZe5ptW-SVkxuuKCiARNriXhI7xyyJy7VPSXbEtwaLG-Wo4kfIE

 Подготви:

Маја Белева

7ми февруари 2019 лето Господово

Друго:

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost-2/zhitija/21264-sv-prepodobna-teodora-carigradska

Share:

Example Super-Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

ДА ГИ ИСПОВЕДАМЕ СВОИТЕ ГРЕВОВИ

  Не ни е доволно да си ги знаеме сопствените гревови и да ги мразиме. Треба и да ги исповедаме нив пред Бога и луѓето. Треба да ги признаеме пред небото и земјата. Да ги изложиме пред целото создание, за да ги оттргнеме нив од нашите таинствени срца. Исповедта е дел од духовниот живот. Всушно...

Image Description
2 years ago

Житие и чудеса на преп. Гаврил Светогорец, еп. Велички (+12.01.1990)

 (Оновено) „Откако се собравме ние верните, да го восхвалиме учителот на кротоста, големиот украс на епископите, красотата на светителите, правилото на монасите, славата на пустиножителите, подателот на милоста, светилникот на расудувањето, божествениот љубител, премудриот архиереј, големиот с...

Image Description
3 years ago

Ретроспектива (2005-2020): Старец Клеопа - Пет начини на причест

    ПЕТ НАЧИНИ НА ПРИЧЕСТ Во Христовата Црква можеме да се причестуваме на пет начини:Прво и најважно е причестувањето со Телото и Крвта Господови. Втор начин на причест, според Василиј Велики, е духовното причестување преку умно-срдечна молитва. Може да доаѓаш во Црква, па дури иако имаш...