Старец Петрониј: Ако човекот не се моли, Му станува туѓ на Бог

Example User · 3 years ago

    0 minutes, 41 seconds


 3.angeli.so.truba

Ако човекот не се моли, Му станува туѓ на Бог


Ова е една од најсериозните работи кои треба да ги правиме. Човекот, оптоварен со телевизорот (компјутерот), не може да се моли; бидејќи е расеан, тој не може да се моли, тој го губи најсветото.
 А Спасителот вели: „Молете се постојано!“
 Непрестајната молитва е постојана поврзаност со Бог. Така треба да биде и така е, затоа што тогаш се наоѓам постојано во Неговото присуство.
Не може јас да бидам со Бог, а да гледам на друга страна; срамно е ако мојот поглед е свртен од Него. Бог секогаш е присутен тука, затоа молете се непрестајно.
Така секогаш ќе бидеме во контакт со Него! Како што нема живот без дишење, не треба да ја оставаме ниту молитвата, затоа што таа ни е насушна потреба дадена од Бога.
Светите Отци велат дека треба да учиме од разните добродетели, да се научиме да бидеме добродетелни.


Старец Петрониј

Избор од фб профил на

Ивица Трајковиќ

8ми ноември 2020 лето Господово

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/duhoven-azbuchnik/23649-starec-petronij-ako-chovekot-ne-se-moli-mu-stanuva-tugj-na-bog

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Писма на валаамскиот старец (9)

  29. 1947 г.Го добив твоето писменце и ти одговарам; само моите совети примај ги не како наредба или закон, туку како обичен совет. Можеш и да не ги прифатиш, ако оцениш дека не се сложуваат со Светото писмо и со поуките на св. отци.Не возбудувај се, не стреми се предвреме кон возвишенот...

Image Description
3 years ago

Свети Јован Шангајски и ноќта на вештерките

Преку изучувањето на англискиот јазик или како дел од наставните содржини, најпрво како забава, а потоа како навика, во нашата традиција навлегоа и се одомаќинија многу туѓи и комерцијални „празници“, како „денот на вљубените“, „ноќта на вештерките“, „мартинки“ и многу др...

Image Description
3 years ago

Богородичните празници

Празничниот циклус, посветен на споменот на Пресвета Дева Марија, се состои од следните главни празници: Раѓање на Пресвета Богородица (8/21 септември), Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста (21 ноември/04 декември), Благовештение (25 март/07 април), Сретение или воведување на нашиот Господ в...