Ретроспектива (2005-2020): „Силата на Крстот“ (3)

Example User · 3 years ago

    2 minutes, 11 seconds


 

Силата на Крстот

Во 1956 година, Атанасиј Андреевич беше на гости кај моја блиска пријателка во Москва, каде што и јас бев повикана. Еднаш ми се приближи Атанасиј Андреевич, држејќи во раката голем сребрен крст, што се носи на телото, и рече:
- Запамтете, овој крст е мој - и ми го стави на вратот. Јас го чував тој крст како драг подарок, не помислувајќи каква сила има тој. Открив случајно.
Луѓе, опседнати со нечисти духови, почнаа да се тргаат од мене. Еднаш разговарав со една жена за Атанасиј Андреевич. Спомнувајќи во разговорот дека старецот ми го подарил својот крст, го зедов крстот па и го покажав. Одеднаш таа се измени во лицето и почна да лае како куче. Од изненаденост се стресов. Тогаш увидов каква сила има тој крст.
Еве уште еден случај. Отидов со внуката во јавен тоалет (крстот беше на мене). Забележав дека една жена гледа во мене; на почетокот помислив дека ме знае, но внимателно ја погледнав, и сфатив дека ми е потполно непозната. Таа брзо замина. Јас со внуката го завршив бањањето, па излегов во претсобјето за да се облечеме, а таа жена седеше наспроти, ме гледаше непријателски, па проговори:
- Види ја, крстови обесила, не ми даде да се избањам, и овде повторно дојде.
Внуката ме запраша:
-  Бабо, што ти зборува таа?
    - Па зарем не гледаш дека оваа жена е опседната со нечист дух, - и реков јас,- го виде на мене крстот од Атанасиј Андреевич, а злиот дух не го поднесува тој крст, затоа се лути на нас.
- Оттогаш знам за силата на крстот на Атанасиј Андреевич и на многу „болни" тој крст им помогна.

 

ЈУРОДИВОСТ

Јуродивоста на Светите заради Христа се состои во тоа што подвижниците, останувале да живеат помеѓу луѓето, се труделе да се ослободат од обичаите и условите на средината, во потполност занемарувајќи ги интересите на животот и правилата, и невидливо за другите се предавале на духовниот живот.
Гледано од страна, животот на таквите подвижници изгледал чуден, несфатлив, се противел на се, со што тие доаѓале во допир. Животот на јуродивите е најтежок христијански подвиг. Да се одречеш од сиот имот, удобноста и животната наслада, ослободен од поврзаноста за земното, немајќи одредено место на живеење и подложувајќи се на разни случаи на бездомно живеење, тие како да се дојденци од некој друг свет. Храната, облеката, местото на живеење, за нив како да не претставувале суштинска потреба.
Јуродивоста заради Христа - тоа е доброволно, постојано мачеништво, постојана борба против себе, против светот и злото. Не срамејќи се секому да му ја кажат вистината во лице, јуродивите со своите зборови или необични дела и постапки, сурово ги разобличувале и им нанесувале пораз на неправедните и грешните, често и на насилните луѓе од овој свет, а понекогаш ги тешеле и радувале побожните луѓе. Порочните ги поправале, спасувале и враќале на патот на вистината и доброто.

„... нека биде луд за да биде мудар.
Бидејќи мудроста на овој свет е лудост пред Бога".

 

Издавач:

„СВ.ЃОРЃИ ПОЛОШКИ“, Велес 2016

Главен и одговорен уредник: Митрополит Повардарски г. Агатангел

06.09.2018 лето Господово

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/duhoven-azbuchnik/20488-silata-na-krstot

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

За Конон, презвитерот од манастирот Пентукла

Во лаврата на светиот отец наш Сава Освештени го посетивме старецот Атанасиј и тој ни го раскажа следново: Во времето додека престојував во општежитието Пентукла[1] живееше таму некој презвитер Конон, родум од Киликија. Бидејќи беше добродетелен монах и имаше возвишен духо...

Image Description
2 years ago

Светиот свештеномаченик Еразмо Охридски (15.06.2021)

  Глас четврти: Мудри, твојот преподобен живот го измина, украсувајќи се со светол хитон свештенички. Пролевајќи ја крвта своја мачемичка, си се удостоил со вечна награда и соејќи пред Света Троица, се молиш за нас, кои те прославуваме. Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 19, 20)...

Image Description
3 years ago

Јеросхимонах Макариј-ОПТИНСКИТЕ СТАРЦИ (извадок)

  Писмо бр. 214БОРБАТА СО СТРАСТИТЕ ВОДИ КОН ВЕЧНА РАДОСТ "... Откако го прочитав твоето писмо, те сожалувам, затоа што го сметаш својот живот за тегобен како во манастирот, така и во светот. Господ не створил не за плач, туку за радост. Ние сами сме си виновни, што ги труеме со гордост дните н...