Отечки изреки (5)

Example User · 3 years ago

    0 minutes, 36 seconds


Подобро е да јадеш месо и да пиеш вино, а да не го јадеш братот со клевета.

ава Иперхиј

Имаше еден човек што јадеше многу и сè уште беше гладен, и друг што јадеше малку и беше наситен. Оној што јадеше многу и пак беше гладен прими поголема награда од оној што јадеше малку и се наситуваше.

отечка изрека

Имаше некој што го праша ава Пимен: како треба да се пости? Ава Пимен одговори: мислам дека може да се јаде секој ден, но по малку, да не се биде сит. – А ти, му рече ава Јосиф, кога беше млад, зар не постеше по два дена? – Точно, му одговори старецот, постев и по три дена, и по четири, и по цела недела – и старците, како силни мажи, го проверија сето тоа и откриле дека е подобро да се јаде секој ден по малку, и ни го предадоа нам тој пат, зашто тоа е царски пат, за нас удобен.

Source: http://mistagogia.mk/otecki-izreki-5/

Related Posts

Image Description
3 years ago

Маловерие

Тој грев е најраспространет; понекогаш маловерието преминува во потполно безверие, иако честопати човекот кој страда од него продолжува да оди на богослужби, оди на исповед. Во таква состојба маловерниот не го отфрла свесно постоењето Божјо, но се сомнева во Неговата семож...

Image Description
3 years ago

ХОМОСЕКСУАЛНОСТ (машка и женска)

Д-р Владета Јеротиќ, професор на Богословскиот факултет во Белград проф. д-р Владета Јеротиќ Хомосексуалната индивидуа го доживува сексуалното задоволство, повторувано или епизодично, со партнер од ист пол, додека, ако воопшто и се оствари, сексуалната врска со личност од...

Image Description
3 years ago

Физиологија и анатомија на мажот и жената

(Извадок од беседа) Митрополит Николај Месогејски …Обично велиме, дека двајца луѓе се сакаат и дека треба да се земат, па дури и ако се од ист пол. Не! Целта е љубовта да даде единство. Ќе ви кажам што значи тоа. За да има единство, душевно и телесно, на душите и телата, п...