Ново издание на нашата Епархија

Example User · 3 years ago

    0 minutes, 46 seconds


Picture 132НОВО ИЗДАНИЕ НА НАШАТА ЕПАРХИЈА

Со Благослов на надлежниот епархиски архиереј, Митрополитот Петар, излезе од печат книгата „Историја на Плетварско-беловодичката парохија при Прилепското архиерејско намесништво – Преспанско-пелагониска епархија“.

Книгата претставува историски осврт на животот и фунционирањето на оваа парохија при Прилепското намесништво. Во неа е поместен историски осврт за постоењето на парохијата, хронолошки редослед на парохиските свештеници од нејзиното основање, па до денес, список на имоти на црквите и манастирите, список на икони на секоја црква и манастир, куси биографски податоци за секој свештеник, кој бил на оваа парохија, како и историјат на секое село, кое денес е во состав на парохијата.

Да се потсетиме, оваа парохија денес ја сочинуваат селата: Беловодица, Дрен, Крстец, Лениште, Мало Радобил (Мало Село), Мрамор, Никодин, Ореовец, Плетвар, Големо Радобил (Радобил), Ракле, Смолани, Топлица, Тројаци и Царевиќ.

Во оваа парохија денес се наоѓаат 16 цркви (1 гробјанска), 6 манастири (2 во изградба) и 2 параклиси.

Source: https://blagovesti.wordpress.com/2017/05/29/%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%be-%d0%b8%d0%b7%d0%b4%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%bd%d0%b0%d1%88%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b5%d0%bf%d0%b0%d1%80%d1%8

Related Posts

Image Description
3 years ago

Во Пакистан започна градбата на првиот православен храм

ВО ПАКИСТАН ЗАПОЧНА ГРАДБАТА НА ПРВИОТ ПРАВОСЛАВЕН ХРАМ Како што соопштува  The Orthodox Church, во Пакистан започна градбата на првиот православен храм. Минатата недела беа осветени темелите за новиот храм и започна неговата градба. На чинот на осветувањето присуствувале и претставниците на му...

Image Description
3 years ago

ЕКСКЛУЗИВНО: Вселенската Патријаршија ќе ја повика МПЦ во канонско единство!

ЕКСКЛУЗИВНО: Вселенската Патријаршија ќе ја повика МПЦ во канонско единство (03.10.2020 11:39) Вселенската Патријаршија нема намера да отстапи од процесот за решавање на црковното прашање во Македонија, туку напротив, и покрај сите притисоци и закани од Руската Црква и нејзините поддржувачи во Грциј...

Image Description
3 years ago

АПЕЛ ЗА ЗАЕДНИЧКО ДЕЛО ВО СЛАВА НА СВЕТИ НИКОЛА!

август 2021 г Измина една година од апелот и иницијативата за возобновувањето на уште еден свет храм, посветен на Свети Никола Чудотворец. Да бидете во тек, да ве информираме чесно дека во текот на оваа измината година се собраа: 67600  денари, а на девизната сметка 437 евра, Фала&nb...