НЕДЕЛА ПО РАЃАЊЕТО ХРИСТОВО!

Example Admin User · 3 years ago

    3 minutes, 7 seconds


НЕДЕЛА ПО РАЃАЊЕТО ХРИСТОВО

Спомен на светите праведни: Јосиф свршеникот, на цар Давид и на Јаков, брат Господов.

Свети цар Давид

Се празнуваат во неделата после Божик. За царот Давид, синот Јесеев, може да се дознае од Книгите Царства на Стариот Завет.

Свети праведен Јосиф Обручник

Праведниот Јосиф Евангелието го нарекува м а ж п р а в е д е н (Матеј 1, 19).

Затоа и му ја даде Бог Пресветата Дева на заштита, со што му се додели голема чест во домостројот на спасението на човечкиот род.

Иако Јосиф беше од царскиот род Давидов, сепак самиот беше скромен дрводелец во Назарет.

Во својата осумдесетта година Ја зеде Пресветата Дева од ерусалимскиот храм во својот дом, а во сто и десеттата година од животот се упокои.

Свети Јаков, брат Господов

Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица.

Кога праведниот Јосиф беше на умирање, па сакаше да Му остави еден дел на Исус, синот на Пресветата Дева Марија, сите браќа се спротивставија на ова, не сметајќи Го за свој брат.

Јаков многу Го љубеше Исуса и изјави дека тој ќе го подели својот дел со Него. И затоа се нарекува брат Господов.

Од почетокот Му беше приврзан. Според преданието тој и во Мисир одеше со Пресветата Дева и со Јосиф кога Ирод бараше да Го убие новородениот Цар.
Штом ја чу Христовата наука Јаков почна да живее според неа.

За него се вели дека целиот живот не јадел маст ниту зејтин, туку дека живеел само на леб и вода.

И бил девственик до крајот на животот.
Многу бдеел ноќе и Му се молел на Бога.

Господ го вбројал во Своите Седумдесетмина апостоли.
По воскресението Христос нему му се јавил посебно, како што сведочи Св. апостол Павле (1 Кор. 15).

Бил епископ во Ерусалим триесет години и ревносно управувал со Божјата Црква.

По указ на Господ ја составил првата литургија, којашто за подоцните христијани беше премногу долга, па затоа ја скратуваа Св. Василиј Велики и Св. Јован Златоуст.

Многумина Евреи и Елини Св. Јаков ги обрати во верата Христова. И самите неверни Евреи ѝ се восхитуваа на неговата праведност и го нарекуваа Јаков Праведниот.

Но кога дојде за првосвештеник Анан, тој со другите еврејски старешини намисли да го убие апостолот Јаков, како проповедник Христов.

Еднаш на празникот Пасха, кога многу народ се беше собрал во Ерусалим, му рекоа старешините да се качи на покривот од храмот и оттаму да говори против Христа.

Свети Јаков се качи и почна да му зборува на народот за Христа како за Син Божји и вистински Месија, за Неговото воскресение и за Неговата вечна слава на небесата.

Разјарени свештениците и старешините го турнаа од покривот и тој падна и се повреди многу, но сè уште беше жив. Тогаш притрча еден човек и го удри по главата толку силно, што му го истури мозокот.

И така сврши со маченичка смрт овој преславен Христов апостол и се пресели во царството на својот Господ. Јаков имаше шеесет и три години кога пострада за Христа.

Евангелие според Матеј (2, 13-23), зачало 4.

13 А штом си отидоа тие, ете, ангел Господов му се јави на Јосифа в сон, велејќи: »Стани, земи Го Младенецот и мајка Му, па бегај во Египет и остани таму дури не ти кажам, бидејќи Ирод ќе Го бара Младенецот за да Го погуби.«

14 И тој стана, Го зеде Младенецот и мајка Му ноќно време, па отиде во Египет.

15 И таму беше до смртта Иродова, за да се исполни реченото од Господа преку пророкот, кој вели: »Од Египет Го повикав Синот Свој.«

16 Тогаш Ирод, кога виде дека мудреците го измамија, се разгневи многу и прати, та ги уби сите младенци во Витлеем и по целата негова околина од две години и помали, според времето што точно го беше узнал од мудреците.

17 Тогаш се исполни кажаното преку пророкот Јеремија, кој говори:

18 Глас се слуша во Рама, плач и ридање, и пискот голем: Рахил плаче за своите деца и не сака да се утеши, зашто ги нема.

19 А по смртта Иродова му се јави на Јосифа насон во Египет ангел Господов

20 и му рече: »Стани, земи Го Младенецот и мајка Му, и отиди во земјата Израилева, зашто изумреа оние што ја бараа душата на Младенецот.«

21 Тој стана, Го зеде Младенецот и мајка Му, и дојде во земјата Израилева.

22 Но, кога чу дека во Јудеја царува Архелај, место татка си Ирода, се уплаши да отиде таму; и откако доби вест в сон, тој замина во пределите Галилејски.

23 А кога пристигна, се насели во градот наречен Назарет, за да се исполни кажаното преку пророците дека Он ќе се нарече Назареец.

С. Трајчева

Source: https://pokajanie.mk/2021/01/09/30401/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Чудата на Пресвета Богородица (I дел)

Извор: Епископ Велички   Гаврил Светогорец: ЧУДАТА НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА   ЧУДО 1.Раскажување за некои Евреи што ослепеле, а на еден му биле отсечени рацете, па откако поверувале во Христа, биле излекувани од пресвета Богородица.Во она време кога нашиот Господ Исус Христос...

Image Description
3 years ago

Покровот на Пресвета Богородица

Покровот на Пресвета Богородица     1/14/ 10/Лето Господово  Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, Којашто со своите претстателски молитви Го смилостивува Бога кон нас грешните. Помошта на Пресвета Богоро...

Image Description
2 years ago

Од Православниот календар – Подвигот на Преподобен Мојсеј Мурин

Преподобен Мојсеј Мурин Вистинскиoт христијанин ја избeгнува чoвeчката пoфалба. Нe самo штo ја избeгнува, туку има и вистински страв oд нeа. Св. Сава Пскoвски ги oставил и игумeнствoтo, и манастирoт, и дoбритe браќа вo манастирoт и пoбeгнал вo eдeн пуст прeдeл, самo да ја избeгнe пoфалбата oд луѓeт...