Митрополит Струмички Наум: Милостивиот Самарјанин (29.11.2020 )

Example User · 3 years ago

    0 minutes, 53 seconds


 Zvonko.sv.Vasa10

Милостивиот Самарјанин (29.11.2020 17:01)

Деца, го чувте денешното евангелско четиво (Лука 10, 25–37).

Сите ние сме гости на овој свет, кои повеќе – кои помалку, повредени од демоните – разбојниците, сместени од милостивиот Самарјанин – Христос, на лекување во гостилницата – Црквата. Гостилничар е Епископот. Милостивиот Самарјанин – Христос му остава сè што му е потребно на гостилничарот за да ги догледа и излекува сите оние чии срца и души, па и тела, се повредени од демонскиот напад.

Богочовекот Христос му остави на свештенството и личен пример, и толку неисцрпна благодат што повредениот гостин никогаш не може да потроши повеќе од тоа. Ветувањето за доплата се однесува само за малодушните гостилничари. Затоа, на гостилничарот му останува само совесно и смирено да ја изврши работата за којашто му е однапред преплатено.

А ако ја заврши работата како дете Божјо – а не како наемник – трошејќи се себеси и „повеќе од она што му е платено“, блазе си му на таквиот гостилничар кој Бог ќе Го направи свој „должник“. Него Бог ќе го направи син Свој по благодат, а каква било друга доплата веќе не е воопшто важна...

Пресвета Богородице, спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум

 Извор:

http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7351

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/besedi/23704-29-11-2020

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Недела по Рождество Христово

НЕДЕЛА ПО РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО (Недела на Светите Богоотци) „Ирод, кога виде дека мудреците го измамија, се разгневи многу и прати, та ги уби сите младенци во Витлеем и по целата негова околина од две години и помали“ (Матеј 2: 16) ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ! Веста за раѓањето на Спас...

Image Description
3 years ago

Игумен на манатирот "Успение на Пресвета Богородица",о. Фотиј, Берово: БЕСЕДА

 Проповед  изречена во Манастирот "Успение на Пресвета Богородица",Берово  на 28.08.2020 год. на празникот на Нејзиното сечесно УспениеИгумен на манатирот  о. Фотиј ...По тоа ќе не познаат,по тоа ќе ни мерат...Ако нашите дела и нашите постапки бидат во согласност со Божјите зборо...

Image Description
3 years ago

Митрополит Струмички Наум: Цветници (24.04.2021 )

Цветници (24.04.2021 16:01)Конечно дојде времето да се исполнат Христовите зборови за Неговото страдање и Тој доаѓа во Ерусалим. И, конечно сфаќаме дека Неговото Царство не е од овој свет: „Моето царство не е од овој свет; ако беше царството Мое од овој свет, тогаш Моите слуги би Ме бранеле...“ (Јов...